Навистина незнам што е тоа...Мора се да знам? Прашав само ако сака некој да ми одговори добро ако не пак добро.
Кога ќе го ставиш цедето во компјутер самото автоматски ќе ти даде опција да избереш. Да. Прашање на деценијата на форумов: Како да престанам да се гризам додека јадам? Устава неможам да ја отворам од што имам рани. (озбилен сум)
Женски пратив по карго нешто да стигне во Велес.Пратено од Петокот уште нема абер па и броевите имаат забрана за дојдовни повици. Знаете ли како да стапам во контакт на друг број или што да правам? А многу ми е битно да стигне до утре најдоцна...
Може ли да ми предложите добар лап топ од кој сте задоволни или некој друг е Ми отиде графичката и не ми се поправа подобро нов да земам, па преопорачајте некој, зошто немам поим од овие работи.А и да не биде многу скап, зошто за oсновни работи ми го треба , за интернет, складирање податоци...не играм игри и такви работи
Јас сум задоволна од Dell. Го зедов најефтиниот пред година ипол и засега супер ме служи баш за работите кои си ги набројала. Батеријата сеуште знае да ми држи барем 40 минути (зависи што правам), ако не и повеќе, друго ништо не ми откажало. Од HP начисто кренав раце, многу неквалитетни се во последно време, или барем тие што ни ги носат тука. Само не купувај од Сетек.
Имам проблем со прикачување на слики. Ако стиснам на тоа прикачи слика ми бара име и број на сликата, јас ќе го напишам ќе стиснам прати и не сака. Како ставате вие?
Ако ти е само за основни работи еве ти предлог http://setec.mk/Laptops/Notebooks/Acer-ES1-511-C7YP-Windows-81-64-bit42699 Јас на братучетка ми и одбрав таков и многу е задоволна, а на сестра ми - нешто сличен на овој. Инаку, од Сетек многу сум задоволна и дечките таму се супер услужни. Нормално, секој си има свое искуство со нив, некој позитивно, некој негативно.
Јас лично од Сетек сум купила таблет, кој не функционира добро и кој беше изгребан од позади уште кога го зедовме. Мои другари купиле компјутери и слично кои им се расипале за кратко време. Од доверливи извори дознав дека комплетно и максимално манипулираат со производите, особено мобилни, таблети и компјутери. Така што, не ги препорачувам баш.