Прашањево ќе го поставам тука, бидејќи знам дека оваа тема е повеќе посетена од соодветната, па се надевам дека ќе добијам одговор. Дали знаете каде можам да купам cat scratcher, а да е со пристапна цена? Во пет шоповите каде што ги гледав се движат над 1000 денари, а не ми се даваат толку пари за таква играчка На Алиекспрес гледав некои, но пишува дека се изработени од картон, па нема да траат долго. Дали имате некога информација или пак алтернатива, или да ѝ направам сама од јаже и цврста подлога?
Дечки помош за мојот телефон. ИТНО .. Сам се гаси, сам се исклучува од чиста мира. Имам батерија 70посто, за 5минути и помалку ми се намали на 20 и ми се одбројува од 20надолу..19,18,17..со до 1 и се гаси. Го знаете оној звук кога типкаш на екранот, мене така сам ми прави, и се гаси. Не знаете колку ме фрустрира. Што е проблемот? Дали треба формат? Не знам ..го уклучувам после 5мин и ми е 85посто . Значи НЕ Е МОЖНО за 5 мин. од 20 да се наполни до 80. Сам се гаси значи САМ. Излегувам надвор со 100посто батерија, не го чепкам воопшто и гледам батеријата на 15 . АИ ШОК!! Во сред разговор ми се исклучува. Не смеам да искочам од дома ,пошто знам дека ке се згасне. Ух..и дали ако ми го форматираат ке ми се избрише инстаграм-от ? и сите апликации инсталирани? ПОМОШ луѓе.. стручни и нестручни. Самсунг галакси тренд плус е . ГТ5780 е
И мене ми се случи исто со телефонот,рекоа дека треба да купам некој дел за телефонот (незнам баш како се викаше дали матична плоча) но требаше да платам околу 100 evra па си купив нов телефон
Што значи мм на форумов што го пишувате? (не ми се смејте ) Јас по моја логика нешто сфатив дека значи Мојот Мил или пак Маж Ми хахаха.
Девојки, сакам да си купам кактус/и. Дали некој знае како им се движат цениве по цвеќарите? *** @Jordanovska-K , cat scratcher ти се и оние во Џамбо како глувчиња/топчиња напавени од оној тврдиот конец, или што и да е тоа. Можеш да им земеш такви. Моите од такво се гребат, иако, маче како маче, пак ќе си најде друго место за корнење.
„Уметнички“ слики од анонимуси или непотпишани, има во продавничките за украси спроти МекДоналдс во Центар. Фини слики нудат.
Тука можеш да си разгледаш http://kaktusarnica.mk/kaktusi-i-sukulenti/kaktusi Моментално се сетив на овие https://www.facebook.com/KupiSlika/timeline можеш телефонски да ги контактираш или пак да им пратиш фотографија во инбокс.
ти требаше одговор моментално? ако не еве да се потрудам да помогнам... идеш значи позади рамстор на страната од јужен и си на раскрсницата што го сече со бивша ул. железничка сега не знам како се вика и продужуваш уште малку накај клиника и 10тина метри потоа доаѓаш на една уличка нормална на железничка и тргнуваш накај лево, значи не за да излезеш на водњанска туку накај мвр се упатуваш, и ооооп, по нецела минута одење од десно искача Јавна соба.
Џинџер, јас би ти ја препорачала оваа страна Кактусарница, имаат прекрасни сукуленти и мислам дека имаат бесплатна достава низ Скопје. Цените се пристапни и реални, а кактусите се во различни големини Инаку, за cat scratcher-от, ќе побарам во Џамбо, еднаш гледав ама не најдов. Ќе разгледам повторно деновиве.
Здрaвo Дaли имa некaде вo Мк средствo штo oбoјувa мaтеријaл и пример aкo нaцртaм сoнце,дa не извaпцa oкoлу и дa не исчезне сo перење? Ми требa зa oбичнa блузa нa кoјa сaкaм дa ,,нaцртaм,, некoи елементи вo бoјa
Мислам дека со маслени (уљани) сликарски бои ќе го постигнеш тоа што сакаш. Јас ненамерно си ушлакав една памучна блуза кога се допрев случајно на неисушена слика, и колку пати и да ја перам блузата си стои шарата на исто место.
Колку пари се слушалките кои лесни се ставаат во уши? И дали има во Анхоч? Оние другите се многу специфични, не се за секого, многу лесно испаѓаат од уши.