Само што бев денес, си ја подигнав картичката без да има некаков долг или да треба да платам нешто. Би ве замолила следен пат да не ширите дезинформации низ форумов.
Јас не реков дека треба да платиш нешто, туку ти праша дали нешто банката наплаќа за сметката,јас ти одговорив дека наплаќа одредена сума за одржување на сметката односно картичката...ако ти долго време не си ја користела можеби кога нема трансакции не наплаќаат (иако кај мене секој месец земаат,мислам нема потреба извод да ваѓам да видиш дека е така)...нема потреба да земате се здраво за готово,овде разменуваме искуства можеби моето ќе е различно од твоето, не значи дека е грешно...ова не е инститиција туку е форум
Девојки ќе ве замолам некоја да ми каже каде можам да си најдам такви балони за роденден во форма на бројки тука во Скопјево и ако знае колку пари се? http://www.thetomkatstudio.com/wp-content/uploads/2014/09/26th-Birthday-Photoshoot-9-1-14-2.jpg Еве вакви, фала ви однапред
Ти изминал пробниот период,па сега мора да го пишеш кодот или пак можеш да го избришеш Microsoft Office и одново да го инсталираш. Најверојатно немаш код,па затоа пиши на Гугл кој пакет на Office го имаш и барај Product key,има еден куп пиратски,веќе испробани.
Балон магија во Гтц на втори спрат, или да видиш (да споредиш цени) со овие на фејсбук: https://m.facebook.com/profile.php?id=1626619517582391&tsid=0.12892106734216213&source=typeahead
Девојчиња, ај некоја што користи интернет од Телекабел да ми каже искуство и како е задоволна? Јас сум на Близу и се мислам дали да останам таму или да земам од Телекабел.
Јас сум задоволна. Порано се случуваше да ми кочи, ама во последниве неколку години не ми се случило, можеби ретко понекогаш и тоа ако симнувам многу работи. Кога и да снема интернет, секогаш го прават во најбрз можен рок. Кога и да сум се јавила доаѓаат да направат што ми треба, не треба да им се јавувам по 10 пати. Истото и за телевизијата, ако немало превод, ако не бил добар звукот сликата, со едно јавување се средувало. За 800 денари - живо џабе. Многу сум задоволна еве веќе долги години (7- користам само од кај нив.
Значи не. Постот твој си стои, пиша дека секој месец наплакаат по 30 денари и доколку долго време не сум ја користела можеби имам заостанат долг ( што по дифолт би значело дека кога тогаш би требало да се плати). А нема врска, не наплаќаат секој месец, туку зависно од трансакциите, како што пишаа погоре. да не ја полниме темава со оф топици.
Драги феминки, ако некој ми помогне, ќе му бидам многу благодарна Ги поминав скоро сите амерички серии, па сега сакам и шпанскиве , али никако не можам да најдам торент. На јутуб не сакам да гледам, зошто квалитетот може да биде многу лош, да кочи и ред други работи... Ако некој знае, нека пише тука или слободно нека ми прати ЛП. Поздрав