Е сега јас да те исправам, Томче Софка беше пред 2години, сега е повторно Гранико, само не се старите газди. Дечките се супер, услугата на ниво.
Да, Фук Так паднаа малку со квалитет, но уште се држат. Иначе ако збориме за најдобра риба, во рибникот Елита во Паљурци има најубава риба. Иначе немојте да мислите дека сега во рестораните во Дојран дека јадете дојрански крап. Се е тоа увозно од Кавадарци.
И јас да те исправам. Томче Софка е сеуште. Корените ми се од Дојран. Кога ќе одиш следен пат во Дојран прашај ги и ќе видиш. Иначе од порано им е убава храната и рибата. Уште од кога беше старо Гранико.
Тебе може корените ти се од Дојран, но јас живеам во Дојран. Старите газди т.е сопствениците што се на Гранико 4години ја издаваат под кирија кафаната, веке 2година кафаната како ја имат земено под кирија 2ца мажи од Дојран, така да Томче Софка не е 1000%, Томче Софка ја користи само плажата и апартманите што се под кафаната
Околу 1000ден, но можеш да најдеш и поефтини околу 700, провери во техномаркет, нептун, можеш да провериш во продавници каде што продаваат бела техника или предмети за домаќинство.
Темава не е за Томче Софка и Гранико, не е толку важно како се вика кафаната дали Томче Софка или Гранико па за тоа да има толку коментари да се убедуваме кој е во право, а кој не. Не е важно името, важна е услугата што ја нудат, не е важно кој е газда на кафаната додека се функционира како што треба.
Не би требало да се повеќе од 500 денари. Има и на Бит Пазар иначе, ако не те мрзи да одиш по гужвите.
Џабе, не можеме да се разбереме. Јас упорно и упорно ќе тврдам дека е Томче Софка. А ти Гранико. Мислам дека веќе не сме интересни, цела една страна има од нас. Ако уште сакаш да расправаме по темава, пиши ми во лп.