Па види, работата е што сум сигурна дека нема да ме примат на првиот уписен рок ама пак сакав и на првиот и на вториот да пробам, ама од друга страна не сакам да си ја испуштам и шансата за другиот факултет, барем на тај знам примена сум 100%
Мислиш на увид се покажува оригиналот а се предава копијата која е заверена на нотар, дека одговара на оригиналот. Таа заверка чини 150 ден.
По правило се носат оригинали и остануваат на факултет 3 месеци ако си примнат, при што потпишуваш изјава дека документите нема да ги подигаш во наредните 3 месеци. Јас кога се запишував пред 7 години многу факултети не признаваа копии заверени и тие што сакаа на 2 места да пробат срека не успеаа. Инаку и на страните на факултетите си стои дека ОРИГИНАЛ треба. Ако не те примат тогаш ги подигаш и можеш следниот рок да аплицираш на друг факултет. Така да оригианл предаваш на лице место коа аплицираш не подоцна на увид
Што ако банкоматот ја задржи картичката? Со другарка вадевме пари од нејзината картичка, не го згреши пинот, го внесе, внесе и сума на пари ама кога титкаше да ја извади, колку и да влечевме, а влечевме хахахаха не ја даваше и на крај ја задржа. Инаку од комерцијална банка беше банкоматот. Претпоставувам ќе треба да се обрати до банката ама по колку дена ја враќаат?
@Arja Требало во истиот момент (ако била отворена) да си влезе во банката и да се обрати за помош. Инаку, би требало веднаш да и ја дадат, барем мислам.
не беше отворена, тоа се случи пред околу саат време ама добро фала за брзиот одговор. Јас прашував затоа што мислев да не треба и да се блокира во меѓувреме за секој случај.
ќе си пријави во банката кој автомат и ја голтнал картичката па тие ќе испратат мајстор да го отвори автоматот или ако банкоматот е пред банка уште полесно е пошто вработените ќе го отворат и ќе и ја дадат..мене исто од комерцијална ми ја зеде автоматот во трговскиот зебра па процесот на враќање беше малку потежок..морав да чекам мајстор после неколку дена да ја земе, па морав во главната комерцијална да одам да ја подигнам..па чекав мн време и на крај ми помина рокот на картичката и ич не ја подигнав неа туку си зедов нова
Женски и машки... ај вака едно прашање... (не најдов тема, ама ако постои, нека се премести) Овие 90 дена што се дозволен престој во земја членка на еу, се однесуваат конкретно ако престојуваш 90 или околу 90 дена или се собираат сите сите шеткарања натака? 90 од колку денови е дозволен тој престој и... колку време после тоа не смееш да се вратиш назад?
овде доаѓам само глупи прашања да поставувам ова моливчето за веѓи од голден роуз, ако го имала некоја ја молаааааааааам да ме просветли дали ова чудо се пушта? тоа доле се врте ама никако не се пушта повеќе од моливчето, веѓите не можам да си нацртам а не ми се верува толку да е плус штом има такво нели не треба да се остре
Сега го проверив законот за безвизен режим во ЕУ и тој гласи дословно вака „Согласно одлуката, граѓаните на Република Македонија кои поседуваат биометриска патна исправа можат да патуваат без виза за краток престој во земјите од шенгенската зона. Престојот не треба да биде подолг од вкупно 90 денови, во период од 180 денови, сметано од денот на првиот влез. Значи за 6 месеци можеш 3 да престојуваш во ЕУ збирно. Што значи на пример од 01,01,2016 до 31,06 2016 можеш да престојиваш 90 дена вкупно собрани сите посети на било која земја од ЕУ
Девојки, вие што ја имате Колекционер од Драган Таневски може ли да ми кажете дали е тоа книга со текстови, со повеќе наслови или не? И колку чини да се купи само колекционер и каде? Фала