Дечки не знам дали има соодветна тема за прашањево па затоа тука пишувам. Прво да кажам дека не се разбирам многу на компјутер за симнувања инсталирања такви работи. Сакам да си симнам Google Chrome затоа што сега имам Opera ама не сум задоволна. Пишувам Google Chrome download и понатака немам поим како. Пробав од неколку страни да симнам нешто не е како што треба. Помош ? Може и во ЛП да ми пишете.
Дали некој знае што е ова и како да го исклучам да не ми се појавува?? Ми се појавува секогаш кога ќе отворам некоја апликација фб, месенџер,инстаграм и т.н. . Незнам дали е некој вирус(ама антивирус имам) или е само некоја реклама....
Луѓе знам дека имаше тема за вегански грицки, ама никако не можам да ја најдам. Како и да е, низ маркетиве отприлика кај стојат? Јас барав во Веро кај чипсовите, барав и кај житарките и никаде не можам да ги најдам.
А што точно ти е прашањето? како ли се изговара? Ако е тоа прашањето ла гозадера се изговара исто како што е напишано.
Каj делот со здрва храна провери? Во Рамстор имам гледано грицки, ама дали се вегански немам приметено.
Па мислам кај здрава храна се тоа муслите, ама не забележав некои вакви грицки. Иначе интегрални биле, не знам зошто ми се увртеле во глава вегански. Ќе побарам пак фала ви и на двете. ♡
Откако почна кај нас да се прикажува онаа емисијата Све за љубав, со години ме мачи едно прашање Мојата мајка пред скоро 35 години се породила и и кажале дека бебето е мртво. Имала тежок пороѓај едбај останала жива и никој не се погрижил за телото на бебето. Немаат ни документ дека бебето е мртвородено. Минатата година баш гледајќи ја емисијата, мајка ми искоментира....лелеле и ние тогаш ништо не зедовме, него ни видовме бебчето....татко ми само рече ...ах.... и ова ме копка со години Ме интересира, дали некој има искуство (од роднини од пријатели) дали воопшто се дава таков документ за мртвородено бебе, дали постои опција во болница да се провери тој податок ....
Знае ли некој низ центаров на Скопје каде можам да најдам нотар? Знам дека има на Југо Дрво, ама по можност некој поблиску до Рекорд, Рамстор, таа насока?
Mислам дека имаше во Ристичева палата. Над книжарницата на Култура. А има и во зградата спроти Тутунска банка. Врз Домиталиа. Мислам дека се влегува од позади, од паркингот .Шандуловска Силвана е нотарот Има и врз Лондон Паб. Кристина Костовска е нотарот
Барав тема ама не најдов... Имам една порачка од Али Експрес што вројатно нема да стаса (така велам зошто рок останува уште два дена а обично стасувале многу побрзо). Прашањето ми е која е постапката понатаму за да ми се вратат парите или да ми се испрати производот? До сега се стасувало навремено, сум немала вакви проблеми. Што треба да направам??
Не се изговара ла гоЗадера, бидејќи во шпанскиот нема буква која се изговара з. Тоа е некое с кое се изговара меѓу заби, како th на англиски.
Каде да најдам луѓе што ќе ми ги качат (од паркингот пред зграда до горе до станот, со лифт) сите електрични апарати за станот: фрижидери, машини, телевизори, рерна, плотна......и дали знаете колку ќе не чини качувањето на апаратите, како наплаќаат? Ако некој има телефонче од луѓе, пратете ми го во ЛП. Фалааааааааа