Имам две прашања. Првото е - Дали крофните во Хром се шарени или обични со шеќер во прав одозгора? Второто е - Каде може да најдам лонче? Оние малецкине ко порано што се користеа за топлење на млеко и слично. Најчесто во црвена боја ги имаше. Во Џамбо нема.
@Ketchup види во Веро или на Зелен пазар. @Summerlover витамин А имаш во вид на таблети, ама мултивитамински, во комбинација со омега 3 и Д витамин, како АД3 капки или во вид на оние перлине со рибино масло. Само како засебен не сум го сретнала. Цена - зависи од производот.
Имам едно прашање, побрзо мислам ќе ми одговорите овде одколку да барам по темите. Значи денес бев во аптека и побарав капки за ушите да не ми се собира секрет, да да не ги чистам со чепкалки, ми дадоа Otol H, читам во упатството за воспаление во ушите пишува, па мислам дека нема да ми користат. Дали има некој искуство со капките или доколку користи некој такви капки да ми каже како се викаат да си купам.. Благодарам!
Ме интересира дали има можност да земам нова микро картичка за телефон со истиот број што го имам користено досега, а притоа да ја задржам старата обична сим картичка? И дали и колку би ми наплатиле за новата картичка?
150 денари на постпејд во телеком. @Dzevelekova otol h се најдобри и за секрети во увото. Се нанесуваат 2пати по 1 капка сабајле и навечер.
Во Електроелемет во делот за домаќинство. На пластичарска улица, исто така. И во Супер Тинекс на Првомајска вчера гледав...многу беа убави.
Каде во СК во околина на Карпош 1 можам да го однесам лап топот за да ми ја сменат тастатурата и колку би ме чинело ?
Ќе ти ја сменат исклучиво ако имаат иста таква тастатура од некој расипан лаптоп, но тоа е тешко веројатно. Затоа најдобро иди на овластен сервисер, они можат да имаат резервни делови. Или пробај во Логин системи во тц. Беверли хилс.
Oвие се прoтив бoлкa вo увo, не се зa честa упoтребa oти сoдржaт кoртикo (дексaметaзoн мислaм). Зa чистење нa ушите се oвие дoбри Ги кoристиме и јaс и пoгoлемиoт син, зa чистење уши oд церумен се oдлични. Сегa ми рекoa декa ги немa, aмa имaлo некoјa зaменa, евентуaлнo пaрaфинскo мaслo дa кoристиш.