Ако не е за тука бришете... Ми треба да направам презентација во Power Point, но сакам да биде со некои интересни ефекти, значи не стандардна презентација. Знае некој некое програмче посебно за ваков тип?
Дечки, предлог за некое лаптопче, или таблет со тастатура, за повозрасна личност ми е, па според тоа да е полесно за користење?
Таблет со тастатура воопшто не е практично. Барем мене не ми беше. Баш е терсене, го користиш и тачот, а и тастурата која нели е одделно. Види некој лаптоп, има сега за 10-11 000. Само за интернет ќе вршат работа.
Таблет со тастатура и јас не ти препорачувам. Дури и најслабиот лаптоп е подобар од таблетот кога ќе го поврзеш со тастатура.. Колкав ти е буџетот? Има 11590 Acer ES1 лаптопче во Амц, ако не ти е многу...
@duffi @Dust прво фала на одговорите. Јас се си мислев дека таблет е попрактично за повозрасни.. Значи скроз го исфрлам од потрага. Буџет имам 250 до 300 евра, со опција ако може да се најде и нешто поефтино Не се разбирам баш, сеа нејќам ни да е нешто шкљ, ама во моментов не можам да си дозволам повеќе од 300... Баш ќе одам да го погледнам ова што ми го препорача.
Кои се едни од подобрите издавачки куќи на италијански и германски јазик во Италија и Германија со пристапни цени на книги? Важно ми е преводите да се лекторирани, т.е. точни и без грешки. А поконкретно ме интересира за детска литература, сликовници, басни, раскази. @danichap, @bella.s, ако би можеле да пишете збор два.
Дали од Авон (некој што не е зачленет )може да се нарача онлајн преку интернет и да ти стигне на домашна адреса или мора преку посредник?
Дајте ми ве молам совет, во декември ни го скршија стаклото во влезот на зградата на влезната врата, додека се мислевме што да ставиме дали стакло или плексиглас вечерва пред пола саат го скршија и другото стакло, незнам што е најпаметно да ставиме, а да не е стакло, дали плексигласот е издржлив или што друго препорачувате?
Зависи за што ќе одиш, односно што испитувања ќе ти прават. Мајка ми беше пред некое време на ортопедија, за преглед и ртг снимка на цд и наплатија околу 1800-2000
Треба да резервирам хотел, или преку booking или директно на сајтот на хотелот. Е сега таму прво треба да пишеш подароци и да кликнеш резервирај, па тогаш цена ќе ми даде, а на booking велат дека има 20% off. Што мислите, кај би било поевтино, на страната или ваму дека има попуст?
Мислам дека најдобро решение е Лексан најчесто се користи за тенди и др и има некоја си еластична структура слободно се витка и не може да се скрши,има и друга варијанта со блиндор стакло ама тоа ќе да е многу поскапо поздрав
Па секако ќе ти ја даде цената на страната на хотелот пред да платиш/дадеш депозит.. Значи оди скоро до крај, до оној чекор каде што треба да внесеш број од картичка. До тогаш веќе би требало да ја видиш цената и да ја споредиш со букинг
Ако користат viber или whatsapp побарај ги директно и прашај. Јас никогаш не сум букирал, туку се јавувам, прашувам, закажувам и тоа е. Секој хотел или хостел денес користат вајбер за комуникација. Така да можеш да им се јавиш директно и да ги прашаш.