Местото е преубаво, нема збор. Смести се во Манастир (далеку подобра услуга!) или да ти препорачам апартмани со ок цена а во аурора оди само на ручек и прошетка...за убавината Win win Патем, некогаш имаат промоции, 49евра по човек 2 ноќевања со појадок и 1 саат спа..ако начекаш
Вие што сте патувале со брод до Санторини дали има интернет на бродот? Нешто ми кажаа се доплаќало до 3 евра за неколку сати.
@Mr. Right и јас сум за Манастир , пред Аурора. Точно дека Аурора е модерна и фино средена, ама за цената која ја плаќаш услугата е 0. Во Манастир е поефтино, а храната е многу по вкусна. Во Аурора бевме еден Јуни и немаше топла вода оти не беше доволно топло да се згрее соларното.
Де бре, не мислев декa се тoлку "климaви" сo услугиве. И сo јaдење, пиење и сè. Зa убaвo, убaвo е aмa џaбе.
Седни си таму на ручек да ти помине меракот. Тоа е мое искуство. Може и така се погоди. Ама за цената која ја плаќаш не смее да се случи вакво нешто. Манастирот е услуга на ниво, храна пре пре вкусна, персоналот многу љубезен. А цените па и на пола.
Моите колеги беа во Аурора на некоја обука, кога се вратија беа толку разочарани. Беше поладно времето, па испомрзнале, греењето било катастрофа вода топла немало се на се ептен катастрофа поминале. Премногу имаат летнато со цените за џабе.
За Аурора ни јас не сум слушнала пофални зборови. Кога има гости некогаш и не пуштаат внатре во комплексот. Другарка и дечко и чекале половина час да ги услужат а едвај неколку маси имало. Манастир е во центар, Вип хотелот ти е на планина, има и соби со поглед на езеро. топло ти препорачувам. Ако имаш други прашања слободно пиши ми лп. За хотел со 5* не смее да има ниту еден негативен коментар. @Mr. Right
@Mr. Right И јас немам убаво искуство во Аурора. Јас језда сум пребирлива, ама не знаев дека се до толку ограничени со избор на храна, што не би требало за ваков тип на хотел. Се чека многу за услуга, кога е поладно времето внатре е уште поладно Али да, во пролет време е убавина да си поседиш на едно кафенце надвор, да си подишеш воздух и релаксираш, секако ако не те нервира чекање.
Прашањево незнам дали е за тука , но да си прашам јас ... Вие што сте на t-mobile имате мрежа на тел денес ?!. Исто и на t-home со телефон домашен, интернет и каблоска?
До сега бев наработа секој што влезе во канцеларија ми се пожали дека нема мрежа на t-mobile им паднал системот. Сега сум дома и ништо немаме ни интернет ни тв . Јас сум на one едно време снемавме мрежа а сега е супер ,затоа прашав.
Аурора не вреди за парите. Јас ти го препорачувам Манастир. Неколку пати сме биле во Манастир, немаме ниту една забелешка, супер е местоположбата, храната, атмосферата. Од време на време на маил ми праќаат понуди со намалени цени, така што и не е толку скапо.