Фала ти многу . Баш ќе проверам кога ќе доаѓам во Скопје . Барав вчера низ Тетово , но не најдов за жал ..
Има една страна на фејсбук се вика Hello Smart прават маски со твој дизајн можеш да им пишеш да ги прашаш. Инаку ај да прашам нешто Дали некој бил во Хотел Romantique Дојран? Да сподели искуство. Сакаме да одиме за мај на два дена,ме интересира отприлика колкава би била цената ? И каква услуга имаат ?
Ај ве молам ако може туторијал за правење на салфети во форма на фустанче, го гледав скоро и сега неможам да го најдам
Каде може да најдам шеќерно јаболко во Скопје (освен во Градски парк, а на Плоштад бидов дека нема) и колку пари е едно?
На рекорд, кај што застанува 5ка што доаѓа од Ѓорче, тука веднаш кај тревата има продавница, јас купив по 150ден беа, значи веднаш спроти мекиците на стража Има секакви и за предупредување и со смешни пораки
Утре. Луѓе help! Имам нова кошула, прв пат ја перам и пеглам. Е сега, ја пеглам нормално од внатрешна страна, и додека се пеглавме се беше фино, кога завршив ја ставам на закачалка и приметив како бели линии по неа, видливи и од внатрешна и од надворешна страна.. Бојата на кошулата е темно-зелена, маслинеста, а материјалот пишува Lyocell. Вакво нешто ми се нема случено до сега. Не е значи изгорена, ни залепена ни ништо, туку како бели штрафти... Од што, и како да ги нема?
Фотокопир што работи од сабајле од 8 во Карпош, Центар или Автокоманда ? @Jason123 од прашокот најверојатно. И мене ми се има случено ако претерам да ми останат бели траги по облеката.
Во чаршија. Има една продавница за бонбони, а и сум ги гледала на тезги кај што продаваат семки/ сончоглед. За цена не знам, веројатно околу 40-50 денари.
Епа банкомат има банката каде што се наоѓа кај старата автобуска ако знаеш каде е...ама сега гледам на локатор на банкомати ми покажува еден чаршија погоре од Пинк Пантер и еден горе кај Охридска банка на кружното..ама овој кај банкава неможеш да го промашиш ако не ти многу познат Охрид
Познат ми е Охрид, но незнам за овие банкомати. Тој кај Охридска банка, каде е поточно, од која страна ? Пс. Ми треба за сега, па за да не лутам. Тука ми е нај блиску.