Се носат, пример за на свадба ако ти одговараат со некоја комбинација. Иако е ладно и за бунда е времето, сепак е мај. Но, мене ако ме прашувај, не облекувај хулахопки, па макар и кожа-боја. Воопшто не ми се доапаѓа како изгледа. Извади си твоја картичка, не знам колку пари е, побарај на страната, сигурно има. Со 60000 денари промет (а 49к не се малку пари) на таа картичка ќе добиеш 900 денари ваучер кој понатаму може да си го искористиш и да купиш нешто.
Работата е што мора да ја имаш картичката во тебе за да ти ја куцнат таму. Побарај од некој што го познаваш или извади си нова.
Дали некој може да ми каже како треба да изгледа Формулар/Барање за неплатено отсуство? Знам дека треба писмено да се поднесе, меѓутоа дали има некој конкретен начин/темплејт како треба да изгледа или си пишуваш податоци и причина заради која го бараш истотото? Многу ќе ми помогнете
Мислам дека беше над 100 евра нагоре може на рати,али сепак јави се во контакт центар и ке ти објаснат најубаво.
Во women'secret што е во ск како се движат цените на несесерите и долната облека?И што производи имат освен пижами,долна облека и несесери?
Neptun е единствената продавница што ги наплаќа картичките за лојалност. Освен за Рамстор картичката која кошташе некои смешни 50 денари, за ниту една друга продавница немам платено за да добијам картичка за лојалност, а имам еден куп: Зегин, Еурофарм, Верна, Веро, Mothercare, Сеттек, Матица, итн. Никако не им ја сфаќам логиката и сметам дека е многу безобразен потег. И не ми е за парите, туку за односот кон клиентите.
@sanja.burgundy нема посебно барање. Треба да си пишеш свое барање и да го доставиш до работодавачот преку архива. Имај предвид дека во периодот дур користиш неплатено отсуство ќе бидеш одјавена од фирмата и нема да ти тече стаж, ниту ќе имаш здравствено (и пензиско) осигурување. Поздрав