Орхан Памук

Discussion in 'Литература и уметност' started by Tanjamm, Sep 8, 2022.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,286
    Likes Received:
    15,174
    Орхан Памук (турски: Orhan Pamuk) (роден на 7 јуни1952 година во Истанбул, Турција) — турски писател,[1] добитник на Нобелова награда за литература во 2006 година.[2]

    Орхан Памук учел на Роберт колеџ, во тоа време средно училиште, а потоа студирал архитектура[3] на Техничкиот универзитет во Истанбул. Во тој период започнал да се занимава со писателска дејност. Дипломирал на студиите по новинарство[3] на Истанбулскиот универзитет во 1977 година, а од 1985 до 1988 година учел на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.

    Во текот на 2005 година, од страна на две турски асоцијации, Памук бил обвинет за неговите тврдења во врска со Ерменскиот геноцид и убивањето на околу 30.000 Курди од страна на турските власти. Сепак, тој бил ослободен од обвинението во 2006 година. Денес, Орхан Памук е еден од најпопуларните турски писатели во светот,[4] кој има родадено над седум милиони копии од неговите книги, преведени на педесет јазици,[5] што го прави најпродаваниот писател во неговата земја.[6] Според Times Literary Supplement, Памук е најистакнатиот турски романописец и еден од најинтересните писатели, воопшто, додека „Њујорк Тајмс“ (New York Times) го нарекол „нова ѕвезда на истокот“.[3]

    Еве што вели Википедија за него. Јас ги прочитав половина од неговите книги. „Снег“ ми е најдобра, но за мене Памук е симбол на Турција, голем писател кој пишува за големи теми кои длабоко задираат во општеството од кое тој потекнува. Имаше еден ден во „Црна книга“ каде пишува дека сака да бакне девојка, и се мисли дали да оди кај својата некогашна симпатија, дали да најде проститутка, и тоа така живо го опишува, со целата таа возбуда, игра со детали, се шета низ Истанбул. Навистина убаво. Кое е вашето мислење за Памук?
     
    Аргентина * likes this.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,231
    Likes Received:
    11,946
    Gender:
    Female
    Супер е писателот, дома ја имам "Белата тврдина", историско(историска фикција)-психолошки роман. Во прва прилика ќе ги читам и другите негови книги, веќе составив список. Се гледа дека црпи инспирација од Достоевски, но и самиот оставил автентичен блег во турската култура и светската литература воопшто. Вреди да се напомене хуманоста на овој автор, едeн од ретките познати личности во Турција кој јавно зборува за страдањата на Ерменците и неправдите кои им биле нанесени.
    едит: еве сега читам дека Тања и Википедија го пишуваат, горе-долу, она што и јас, односно дека не има повеќе кои споделуваме исти впечатоци.
     
    Last edited: Jun 15, 2026
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,286
    Likes Received:
    15,174
    Во една од своите книги пишува за лик кој го спори постоењето на Господ и сака да им покаже на другите дека Бог не постои. Отвара контроверзни теми како човек кој е муслиман.
     
    Аргентина * likes this.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,231
    Likes Received:
    11,946
    Gender:
    Female
    Која е таа книга?
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    10,286
    Likes Received:
    15,174
    Mислам дека беше во „Нов живот“. Таму имаше еден лик Сабахатин мислам се викаше и дома правеше некој изум, и цело време на жена му Фатма велеше „Ќе видиш Фатма, ќе видиш, сега има да докажам со ова дека Господ не постои“. Правеше некој експеримент, и сакаше да ги побие оние верски убедувања, демек науката е помоќна од верата.

    И во „Снег“ исто начнува тема за покривањето на девојчињата и за предбрачен секс. Имаше таму дијалог дека девојче што било заведено од женет маж и изгубило невиност, никој нема да го земе. Другите ликови тоа го дискутираа. И таа што му беше љубовница на главниот лик иако се покриваше и глумеше чесна, испадна дека таа и сестра и биле љубовници на еден радикален исламист. Значи лажен морал.

    Во една или две од книгите, Памук пишува и за заљубеност во братучетка. Тоа е веќе инцест ако се случи таков брак. И тоа е контроверзна тема, не знам нивната вера што пропишува за тоа.
     
    Last edited: Jun 15, 2026
    Аргентина * likes this.
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Joined:
    Jul 19, 2015
    Messages:
    6,231
    Likes Received:
    11,946
    Gender:
    Female
    Религиски им е дозволен брак помеѓу братучеди, но Турците речиси и да не го практикуваат тоа денес. Роднински бракови порано имало и низ Македонија и во Европа за да не се дели имотот со други или за ќерките да останат блиску. Бљак.