Мајкл Би Џордан растури со глумење две личности (близнаци). Ако не добие за најдобра главна улога, не знам кој друг. Сценографијата, визуелните ефекти и музиката (саундтракот) исто така одлични. Жанрот на филмот е мешавина од вампирски хорор, вестерн и историја. Што ретко се гледа во денешницава. Дејството е во 1930-тите, кога во Америка имало расни тензии (црни и белци), а филмов испраќа одлична порака (ако го гледаш, ќе знаеш што). Како дел од музиката е вметнато блуз, која е црнечка музика, т.е. измислена од црнци. Така да, гледај па кажи. Ако не ти се допаѓа филмов, тогаш не знам што да кажам. Ова не е само хорор, ова е ремек-дело. Ако филмов не земе најмногу награди и не освои најдобар филм за 2025 година, тоа ќе значи уште едно местење. Франкенштајн го гледав и можам да кажам дека исто е одличен, но нема споредба со Sinners.
Немам ниту еден изгледано… … но, си ветив дека оваа година ќе ги излгледам речиси сите номинирани(и достапни). Wish me luck!
Франкенштајн е најдобриот филм кој го изгледав во 2025та, чиста 10ка. Навивам Џејкоб да го добие Оскарот зошто толку добро му легна улогата што не можам да го замислам без награда во рака. И не само тој, сите делови беа перфектни, од глума до костимографија. Чиста емоција Нов, би рекла и поромантизиран осврт на оригиналната приказна од Шели. Ги нема хорор елементите туку се фокусира на психолошките и моралните дилеми, со главната поента дека чудовиштата не се раѓаат како такви, туку ги создава околината. Џејкоб во улогата на Франкенштајн покажа дека чудовиштето беше најголемиот човек во светот што постојано ја губи својата човечност. Пре пре добар филм, уште ме држат импресиите. А што се однесува за другите филмови, Sentimental Value е без конкуренција еден од најдосадните филмови кои ги имам гледано и се чудам како е на листата. Имав големи очекувања поради позитивните коментари и високи оцени, но не ми легна воопшто. Баш би сакала да слушнам доколку некој го доживеал поинаку. One battle after another исто не ми остави впечаток. Еден од оние филмови кои ќе заборавам дека воопшто сум ги гледала. Глумата ништо посебно, дејството беше океј, просечна авантура Во план ми е да ги изгледам Bugonia и Sinners, па ќе пишам и за нив.
Bugonia излезе Фејлдонија. Ужасен римејк на предобар филм. Смениле неколку детали и мислеле дека направиле нешто пролазно. Само глумата на Ема и Џеси ми беше океј, но сепак сметам дека не требало да се нафатат. Филмов е полн со досадни и утепувачки дијалози. Ликот на Џеси, Теди, ми идеше на нерви. Преглупо створење. Не заслужува Оскар. Оригиналниот филм ми се допадна бидејќи е спротивен од овој. Ако ве интересира за гледање, немојте ако не поднесувате да гледате крв. Малку е гадлив.
Sinners, Bugonia и Frankenstein ми се изгледани и сите три ми се допаднаа, но посебно Sinners. Одличен визуелно, музички и глумата врв. Луѓето се разочаруваат бидејќи очекуваат класичен вампирски хорор, а тоа не е поентата на филмот. Заслужени се сите номинации кои ги доби, иако мислам дека и Bugonia е тука негде. Црна комедија со постојана тензија и интересни дијалози кои можат да поттикнат дискусија. Не е дејството за секого, се сложувам за тоа, но во тоа е и убавината на ваквите филмови. Планирав и Marty Supreme да го гледам. Другиве ако се натерам, не ме привлекуваат нешто посебно.
Годинава ич не ми се допаѓа изборов на филмови. Sinners едвај го изгледав со милион паузи. Првите саат време ништо не се случува. Сакав некаква позадинска приказна подлабока за вампирот, ова беше крвови само, бетер од слашер хорорине. Музиката само ми се допадна, и океј Мајкл Б. Џордан ми се допаѓа како глуми. Е затоа Франкејштајн ептен ми се допадна. Приказната од првите моменти ме привлече, Гилермо дел Торо ми е еден од омилените режисери. Мрачни, готски сцени, прекрасна костимографија. Џејкоб Елорди одглуми феноменално. Иако е долг филмот, во ниту еден момент не ми беше досаден. Наредно сакам Bugonia, Hamnet, F1 и Sentimental Value од овие за филм на годината да ги ѕирнам. Другите не ме привлекуваат.
Според мене воопшто не се слични. Poor Things има добра глума, but its not my cup of tea. Bugonia ми е фаворит. Приказната, глумата, суптилен хумор 10/10
Не. Различна тема и квалитет. Poor Things е ремек дело во одност на Bugonia. Според мене неспоредливи.
Sinners ми се допадна прилично. Мајкл одлично си ја одигра двојната улога. Интересна музика и добри визуелни ефекти. Само приказната требаше да се доработи малку повеќе. Животот на браќата пред таа ноќ да беше повеќе опишан. Заслужува Оскар.
И да и не. Зависи како гледаш на новата кинематографија. Приказната е Spoiler класика за вештерка која лови деца. На почеток има бавно темпо, мене ми беше јак расплетот, но пораката е веќе видена во многу хорори како ќе настрадаш од злото доколку не постапуваш исправно. Ед Харис и е сопруг на Ејми, таа е прекул. Баш сакав со тебе да си направиме муабет за нив.
Marty Supreme е предолг филм. Над 2 саати досадни дијалози. Се проѕевав. Подобро ќе беше да траеше само нешто над саат. Филмов не е за Оскар. Не е возбудлива приказната за неранимајкото. Само глумата на Тимоти го вади малку колку за да му дам прелазна оцена во темана.
Мене One battle after another ми беше интересен, ама од кога ваков филм е материјал за оскар за best picture? Мое мислење, едино Шон Пен треба да добие за актер во споредна улога. Одлична глума. Ама 13 номинации... Ема Стоун може пак да лапне оскарче за Бугонија. За споредна женска, навивам Еми Мадиган, лудата во Weapons, најинтересниот филм што јас лично го изгледав, штета што нема повеќе номинации. А повеќето за најдобар филм не ми се гледани. Слабо одев во кино лани.