Не треба резервација, како што сфатив термините им се 9 и 10 часот, си купуваш карта дирекно тука пред бродот. Оди до стариот дел, до после св Јован, потоа према парк, резиденцијата на претседателот, па после св Стефан, до кај аквалина негде и наназад.
Јас не знам друг пат освен преку Св. Наум. Ние бевме пред само две недели и морам да кажам дека плажата и водата таму се вистински рај. На влезот наплаќаат по 100 денари од човек, а за децата не ни наплатија. На плажата имаше лежалки, но не ги користевме, па не знам која е цената. Водата е како на море, а годинава е необично топла. Единствена забелешка ми се тоалетите, кои се во навистина лоша состојба. Ресторанот во кампот е затворен, а кафулето на плажата нуди сендвичи со месо на скара ама рачунај дека се баш војнички
На СВ.НАУМ ми кажаа пешки од таму 500-600 м. многу далеку. Затоа пишав да не има друг пат за со кола до плажата.Сакам да одам ама ова далечината ме кочи.На слики изгледа многу добро.
Зошто самото име ви кажува тоа е воен камп и некогаш пуштаат цивили некогаш не. Инаку воопшто не е далеку, одма после манастирот е, а секако ни до манастирот не можете со кола
Јас колку што знам сите ги пуштаат. Да не е воопшто далеку од паркингот до плажата натоварен со чадори, лежалки,итн. на 40 степени
Не знам зошто не би пуштиле некого - само реков 100 денари наплаќаат од човек. Инаку баш ние бевме натоварени со столчиња, чадори, суп даска ама како и да свртиш за 10 минути си во кампот. На рамно одиш, плус кога ќе стигнеш кај црквата веќе е убава сенка. Одма на почетокот имате маркет со нормални цени. Еден сладолед од таму и додека да го изедеш си стигнал.
Дали има лежалки за изнајмување на плажата во кампот Љубаниште? Ако да, колку се? И дали сте биле на плажата Green spacе (накај стариот пат за Струга)? Каква е водата за бањање? И последно ) Предложете некоја фина плажа во Охрид, може накај Пештани, Градиште…