Да се соберат сите што студираат хемија ќе нема на темава цели две страници Инаку јас студирам биологија ама и долу имам хемија на институтот
Може да ми кажете нешто повеќе околу предавањата, предметите, дали сте многу студенти итн? Се мислам меѓу ова и Технолошки
Јас кога студирав беше многу убаво, околу 30тина бевме поделени во 2 групи за вежби, интересни предмети на пмф, медицински и фармација(мислам дека не е повеќе така). Колку што имам видено на тв дека имаат проблем со наставниот кадар, навистина не знам како е сега.
Дали некој ги има учебниците по хемија за средно гимназиско образование во pdf? Нели порано ги имаше на е-учебници, но пред некоја година ги тргнаа.
Здраво, дали ќе може да ми објасни како оди полагањето на аналитичка биохемија? Може да се положи со колоквиум или мора на испит,по колку колоквиуми има?
За сите предмети те интересира или конкретно некој? Се полага на колоквиуми, 2 или 3 зависно од предметот, и исто така зависно од предметот може да треба да се полага лабораториски испит.