дали има опредлен ден кога не се пали свеќа вцрква,негде имам слушнато дека во понеделник не чинело да се пали а и не знам зошто така? Сакам да појдам и да запалам свеќа за тетками да почива во мир бидејќи ја сонував пред некоја ден дали има врска кога да отидам?
Одам црква на секои 2-3 недели и си палам свеќа за здравје па за останатите членови на семејството, па доле палам свеќа за тетка ми. Кога ќе излезам од црквата немате поим колку олеснато се чувствувам.Едноставно духовно се ослободувам и имам едно прекрасно чувство.
Купувам било каква свеќа, потенка и помала или подебела и поголема, сеедно, па најчесто палам за здравје, поретко за мртвите. Не ми е важно кој ден е. Одам кога ќе почувствувам потреба за тоа или кога минувам покрај црква а имам повеќе време и не се брзам за некаде.
Свеќи си палам онака ради реда повеќе личи на шајки качење него на свеќи ама кога имам некоја желба асално си палам
Секое одење си палам свеќи во Црква,некогаш за сите од семејството поединечно а некогаш само една за цела куќа,исто неизбежно ми е да запалам и за баба ми која е покојна.
бев кај една постара жена што гледа на кафе и ми рече почесто да одам во црква и да палам три свеќи и третата да ја запалам и да ја оставам обратно, со пламенот надоле ... е сега не ја разбрав зашто три и зашто третата надоле ... да не знае некој да ми објасни?
Одењето кај гледачки на кафе и одењето во црква се две сосем спротивни работи кои се исклучуваат една со друга! Одбери, или црква или бајачки, гатачки и предвидувачи на иднината.
@detelinka123 Јас не го знам значењето но очигледно дека е нешто изопачено и не е на арно. Во црква се палат свеќи за здравје, за мир, за спокојство и за покој на мртвите и не треба да се оставаат наопаку... не си играј со такви работи, сериозно.
Пред Томас Едисон да ја измисли електричната сијалица и Никола Тесла да открие начин за далечинско пренесување на струјата, сите домови, цркви и секакви простории навечер се осветлувале со огнени светилници (тогашни свеќи). Свеќите имале единствено улога да осветлуваат затемнета просторија. Дури подоцна некои луѓе (од крв и месо) измислиле некаква поинаква улога/значење на свеќите, демек тие се палеле за здравје, среќа, бериќет, за живи, за мртви итн. Господ гледа горе кој пали свеќа и како ја пали и баш на тој/таа му дава здравје, среќа, бериќет Да не се лажеме, свеќите се продаваат за финансиски доход во црквите. Тоа е класичен бизнис, како и календарчињата, бројаниците, крстчињата, светите води, икончињата итн. Тоа е религиозната тезга на Македонските простори. Жената што ти гледала на кафе си измислила или пак научила некој друг обичај, друго значење на свеќите. И ова е измислено од луѓе, како и претходното. Муабетот ми е дека и ти можеш да си измислиш некој свој уникатен обичај, значење или улога на свеќите. Ако си доволно влијателна, можеш да го наметнеш тој обичај и на другите и еден ден да викаат луѓето е вака треба, вака е правилно - како ти што си правела
Палејќи свеќа, испраќаме љубов. Ако пламенот го свртиме наопаку,ја негираме истата, испраќаме омраза. Во една црква пред извесно време стоеше молба упатена кон " верниците", да ги палат свеќите правилно. Очигледно гатачките имаат моќ да манипулираат и да ја користат маката човекова. Опасно е да се испрќа омраза, не е ни малку наивен овој ритуал.
Свеќата е само симбол на Божјата светлина и ништо повеќе. Ниту за мртви, ниту за здравје, тоа се само лаги, ниту за жртва, ниту за дар. Жртвата беше Христос, а нашата бескрвна жртва колку ние го почитуваме, љубиме, познаваме (запознаваме) и го посветуваме животот на Христос, правејќи го она што тој го правел или би го направил во одредена ситуација.