Форумџика на годината

Париз

Discussion in 'Патувања и одмори' started by LoVeR, Jun 21, 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,816
    Сега ги загледав, уф, ми недостига градов...

    Уживајте! Париз од птичја перспектива.
    (преземено од Црно бело)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    LivingGlam likes this.
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Joined:
    Jul 20, 2011
    Messages:
    1,701
    Likes Received:
    1,919
    Gender:
    Female
    Да се надевам дека еден ден Стам ќе ме земе во куфер и ќе ме однесе во градов. Ех, колку само сакам да го посетам...
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2009
    Messages:
    3,997
    Likes Received:
    2,351
    Да ги погодам во срце љубителите на благо и Париз :)

    Најубавите десерти во Париз


    Laduree на Rue Royale
    [​IMG]
    [​IMG]


    La Maison du Chocolat
    [​IMG]
    [​IMG]


    Le Grenier a Pain
    [​IMG]
    [​IMG]


    Sadaharu Aoki
    [​IMG]


    Berthillon
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    1209, danniela5, CIA and 4 others like this.
  4. Asja

    Asja Популарен член

    Joined:
    Mar 25, 2011
    Messages:
    469
    Likes Received:
    1,112
    Gender:
    Female
    O ma ville magique, je veux être là en ce moment
     
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Joined:
    May 17, 2011
    Messages:
    1,525
    Likes Received:
    3,029
    Вчера тетка ми од Париз,дојде нагости и секогаш кога ќе почнам да се распрашувам за Париз,ретко ми кажува нешто убаво за него :doh: ...Народот за никаде,ретко некој и да те познава ќе ти рече здраво по улица,многу ладнокрви и како без срце биле луѓето...Ако прошеташ по улица со скап часовник,постоела голема можност да те испозаколат само за часовникот да ти го земат...јадењето многу скапо,само кафето било 10 евра,на фризер било многу скапо,не можел секој да си го дозволи тоа,од мода ми кажува дека мајките на децата во градинка на пижами одат по нив...најевтин престој во хотел околу 4 илјадарки мислам дека беше за една ноќ...И само ја слушам и се прашувам како ќе одам бе јас таму,којзнае колку пари ќе ми требаат како што сум стрвна,и плус овоа со насилствово ме замисли :doh:

    И после си отиде она и мама ми вика:Готово сеа не го сакаш веќе Париз,а?
    Ама сепак толку голема љубов кон овој град не исчезнува така лесно :inlove:
     

    Attached Files:

  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Joined:
    Jun 6, 2011
    Messages:
    2,765
    Likes Received:
    3,559
    Не знам зошто но Париз како град не ме привлекува многу.Не сум била но ниту пак имам некоја желба да отидам.Да,би сакала да имам можност во живо да ја видам Ајфеловата кула и сета таа гледка но не ме којзнае колку воодушевува.А и што имаат кажувано некои кои биле дека воопшто не е толку убаво и магично како што замислувале и очекувале.
    Има други градови кои ми се поголем предизвик од Париз.Според мене малку е префорсиран град но сепак не можам да зборувам на невидено :) .
     
    Tanjamm and Rozich like this.
  7. Alondra

    Alondra Популарен член

    Joined:
    Mar 17, 2011
    Messages:
    1,087
    Likes Received:
    2,358

    Да ти кажам најискрено јас сум била неколку пати таму и плус сум и старосватица не една другарка која живее таму и воопшто не е така. Го прочитав твојот пост и навистина не ми се веруваше што читам. Има многу убави работи и не се скапи (пр. фустанче 10 евра, блузи до 10 евра итн) Хотели можеш да најдеш и по 50 евра на ноќ со доручек. Авионот е поскап но не е така како што ти кажала тетка ти.
     
    Tanjamm likes this.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Joined:
    May 17, 2011
    Messages:
    1,525
    Likes Received:
    3,029
    Moжеби тоа зависи во кој дел од градот живееш...немам појма стварно,она живее таму 13 години и кажува за луѓето дека се такви недружељубиви,дека и фали муабет...плус имам и баба и дедо кои целата младост во Париз ја поминаа за да спечалат пари,и некако стварно ми делуваат помалце ладнокрво за некои работи, и самите кажуваат дека за сите тие години што живееле таму во станот само се познавале со 2 станари кои живееле до нив...
     
  9. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Joined:
    Sep 13, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    15
    јас често сум во париз и многу ми се допага
     
    Asja likes this.
  10. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Joined:
    Jan 5, 2012
    Messages:
    253
    Likes Received:
    92
    Gender:
    Female
    моја највеча жеља :lol:
     
  11. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Joined:
    Jul 14, 2011
    Messages:
    763
    Likes Received:
    653
    Прекрасен град со фасцинирачка архитектура. Град на модата. Баш ми се допаѓа, али само вака, за посета. Не знам колку би сакала да живеам таму.
     
  12. song

    song Истакнат член

    Joined:
    Jan 8, 2012
    Messages:
    123
    Likes Received:
    46
  13. laryla

    laryla Истакнат член

    Joined:
    Feb 9, 2012
    Messages:
    231
    Likes Received:
    229
    Имам жвеено таму 6ипол месеци (пола година) и толку ми беше доволно за цел да го сфатам.Значи отпрвин бев "УАААУУУ ИДАМ У ПАРИЗ!ЈЕЕЕ!" после онака се привикнав на градот,стекнав пријателства и градот ми беше како секој град.Секако дека глетката од Ајфеловата Кула беше воодушевувачка,но кога ќе се качиш и симнеш 15 пати ,како што вели россоњерка е еден куп железо.Ама затоа за Шанзелизе,немам зборови.Секој ден дремев по продавниците таму,шетав по секоја продавница ја прошетав. :D Бев во Шанел,Луи Витон,Ралф Ларен и сите други продавници од висока класа.На крај успеав да заштедам за една чанта од Гучи,која ми е досега рекорд за потрошени пари на едно парче. :o :inlove: Но навистина вреди.Потоа ја чував како очите мои,и иако кој и да ја види можеби ќе си помисли "каков фејк" тоа што јас знам дека е оригинал е посебно.И сега забегав малку,ама ќе се вратам на темата.Париз ми остави многу добар впечаток и секако дека пак би идела таму,но не и да живеам.Би идела повторно да го посетам. :) :inlove:
     
    si.exs likes this.
  14. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Joined:
    Jan 4, 2012
    Messages:
    365
    Likes Received:
    51
    во париз одам и градот ми е убав ама навечер пејсажо ми е најубав а и нокниот живот е посебен ама посебно кога се неделите на париската модата
     
  15. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,305
    Gender:
    Female
    Наредната тура ми е Франција-Париз.Отсекогаш сум сакала да одам таму.Ама ајде прво ќе скокнам до Италија па летоска ќе набавам карти за ПАРИЗ. :inlove: :inlove: :inlove:
     
  16. annabieber

    annabieber Активен член

    Joined:
    Jan 9, 2012
    Messages:
    57
    Likes Received:
    9
    Сакам само да го посетамм.. Сакам да живеам во сиднеј или Мелбурн..
     
  17. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Joined:
    Nov 26, 2011
    Messages:
    565
    Likes Received:
    655
    Gender:
    Female
    Сон ми е да го посетам Париз , градот на љубовта , да го поминам својот живот таму . ама ете ..
     
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Joined:
    Nov 27, 2009
    Messages:
    4,259
    Likes Received:
    43,838
    Ах, кај ја видов темава, кај ме фати Љубов.

    Париз - со него си имавме состанок на слепо. Се испипкавме. Од Барбес Рошешуа до Пер Лашез и назад. Со сите свои ќошиња, сите смешни оставштини и новитети, Париз мене ми беше како секси љубовник во манир на Серж Геинзбург со примеси на балкански мачорец. Не знам, можеби премногу го филтрирам низ моите поетски нишки, но што ако! Париз е дефинитивно љубовен, џезерски, уметнички, модерен, динамичен и сјаен град. Да, сјаен. Канделабрите би си ги зела за дома, на пример.
    Француската супа во белгиската пивница беше еден од најдобрите оброци во мојот живот. Монмартр и прославата на 6 месечнината од љубовта, на ден Св. Валентин веднаш до Свето Срце, ми објаснија како едно клише - станува прекрасна реалност. Мирисите по уличките на либански, корејски, грчки ресторани вдолж Плаз ду Клише или како и да се чита, се само хедонистичка мамка за моето меше кое првна од радост да проба се’!
    Лувр ми беше како средба со сопствените претпоставки. Ни премногу галама, ни премалку софистицираност. И намигнав на Мона Лиза, од мерак. Но затоа пак Бобур и Помпиду се она што мене најмногу ме бендиса. Постмодерна, танц, книги што мирисаат на ново, едночудо радост преточена во врвулица млади што сурфаат седнати на земја и фасцинација од тоа како еден син квадрат е чиста уметност. О, да уметност, што знае да викне гласно и да го исплаши оној што ја гледа!

    Метроата посебна приказна. На двапати успеавме да се возиме со истата шашава тетка од Гар ду Норд до не знам каде, облечена од глава до пети во црно со слики од Мајкл Џексон насекаде по ранецот. Да. Метрото е совршено место во Париз кај што можеш да правиш антрополошки есеи и феноменологија на различноста. А сите се исти во една ситуација - сите брзаат некаде и нема пардон. Животот е време, времето е пари, а во Париз, некако имав чувство дека покрај сиот раскош, длабоко во порите на градот си царува мизерија. И така е. Но и тоа е шармантно, просто не може човек да го окуди.
    Ајфеловата кула и околината нејзина се класично префинети за туристичкото око да се насладува. Ние фативме сончеви денови и таму правевме харикири, сликање едночудо фотки, баш ко прави туристи. Мерак скапотија и црнци што нудат 5 ајфелови кулички за 5 евра, што знаат малку либански, многу француски, чат пат руски, па и српски!
    Ех, Париз...
    Книги? Продавничиња со сувенирчиња? Дали и брковите негови? Секаде. Од сите страни. Со напонот на хипстеризмот, од Лафајет до Монпарнас, назад до Шанзелизе, луѓето се убави. Макаронот е вкусен, макар имал ликер од бобинки во него.
    Душкав стари книги. Слушав џез на Сен Жермен на расклатено столче кое е во елитен кварт, а сепак така слатко пристапен. Дремев зјапајќи пред излозите полни со буланжериски чудесии, кремови, радости за непцето. Сладокусие!
    Се изненадив како гробиштата отмено мируваат. Никаде ѓубре, никаде непримерност. Го испочитував гробот на Џим Морисон. Едит Пјаф. Оноре Де Балзак, Оскар Вајлд. Не може таа стравопочит да се почувствува на ниедно место.
    Газев по дождот на Ру Сент Оноре, зјапајќи во Операта, ко да сум во земјата на чудата. Алиса, целосна.
    Би го посетила пак. Имам чувство дека таму имам оставени боемски трошки од себе, како да треба да се вратам. Со љубов, секако.

    И ете сум јас, со знакот на Шанзелизе, ко секој турист. Зошто, Париз е моја прва дестинација од соништата, но не и последна! :*
     

    Attached Files:

  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Joined:
    Apr 12, 2011
    Messages:
    1,793
    Likes Received:
    2,024
    Франција е една од најфасцинантните туристички дестинации во светот. Франција е голема држава во која ќе најдете уникатна архитектура и историско богатство, историски замоци и катедрали, голем број на галерии и музеи, театри, голем број на туристички атракции и многу други знаменитости, места за забава, спорт и многу друго. Секако не треба да се заборави познатата во светот француска кујна и француско вино, многу значајни сегменти на туристичката понуда на Франција.

    Париз
    Таа го има и најубавиот град на светот (за кој како), или како го нарекуваат градот на светлината Париз. Почнувајќи од Париз кој претставува најпоскувана туристичка дестинација во светот, град со 7000 бистроa и ресторани, преку 200 уметнички галерии, повеке од 100 театри и околу 650 кина и кабареа. Една географска целина го опфаќа Париз и регионот на Париз наречен L île de France (Остров на Франција). Париз нуди автентични и незаборавни туристички атракции и од големиот избор ќе започнеме со обиколка на арондисманите (општини) кои во Париз ги има 20 секој со своја приказна, историја, уметност, култура. Не може, а да не се набројат барем десетината најпознати туристички атракции во овие арондисмани:
    - Ајфеловата кула (La Tour Eiffel) изградена за време на светската изложба во 1887 година од архитектот Густав Ајфел, од останати метални делови од изградбата на метрото. Интерсна напомена е дека по изложбата, најголем дел од градските власти, имале намера да се сруши Ајфеловата кула, која го нагрдувала изгледот на Париз. За срека, сепак се решило со минимално мнозинство кулата да остане, а денес таа претставува симбол на Париз.
    - Триумфалната капија (L Arc de Triomphe) една од најпосетуваните туристички атракции на Париз.
    - Латинскиот кварт (Quartier Latin) на Париз, каде се наоѓаат голем број мали продавници, голем број бистроа, ресторани и секако најзначајните Француски образовни институции Сорбона, потоа Одеон кoj денес е познат и како, место каде од 1885 г. се наоѓаат моштите на најславните француски писатели како Victor Hugo, Jean-Jacques Rousseau,Voltaire, Marie Curie, Alexandre Dumas и други.
    - Мон Мартр (Montmartre), место каде сликари од целиот свет за своето покрстување како идни сликари, мора да поминат извесен период на докажување низ кривулестите улици, или покрај базиликата Свето Срце.
    - Елисејските полиња (Champs-Elysées), долги 3 километри, една од најдолгите авении во светот, преполна со најреномирани продавници, кафулиња и ресторани, секако и симболите на Франција, музеите на Renault и Peugeot.
    - Лувр (Louvre), еден од најголемите музеи во светот, за да биде целиот виден, потребно е да сe посетува речиси цела недела.

    Со еден збор Париз е центарот на светот, како што рекол славениот писател Ернест Хемингвеј и тој заслужува да му се посвети многу поголемо внимание.

    Француско вино, познато во целиот свет кое за французите претставува секојдневен пијалак. Не постои француски винар или продавач во винотека кој само ќе ви препорача шише вино, а при тоа да не ви даде совет со кое јадење тоа најдобро одговара. Шампањот е синоним за Франција и заедно со сирењата, кои ги има повеќе од 370 видови, претставуваат гордост за Франција. За богатсвото на вкусови и ароми во француската кујна може да се зборува многу. Причина за тоа е што француските јадења ретко имаат мрснотии (свинска или друга), а никогаш немаат запршка. Јадењата се замастуваат со путер или масло, но и тоа со внимание да биде дозирано. Друга карактеристика е јадењата да бидат разновидни. Секој што патувал во Франција знае дека во времето предвидено за ручек, сите дуќани се затвораат најмалку два часа. Така ручекот не е само земање храна, туку служи за дружење и опуштање. Ручекот обично се состои од три или четири јадења: предјадење, главно јадење, сирење и десерт. Секој традиционален ручек почнува со супа. Таа е задолжителна за секој оброк.
    Кроасан што во превод значи полумесечина, е омилено печиво на Французите, а потекнува од Австрија. Кон крајот на 17-от век Турците ја опколиле Виена и за да го покорат градот, околу градските зидини ископале ров. Тоа го забележале пекарите, кои рано наутро се враќале од работа и кренале узбуна, па Турците морале да се повлечат. Во знак на својата победа, пекарите испекле печиво во облик на полумесечина.
    Еден од најпознатите француски десерти е Saint Honore тортата. Таа поради својот рафиниран вкус добила чест да го носи името на светецот и заштитник на француските пекари и слаткари.
    Уште од стариот Рим сенфот бил познат под називот mustum ardens, што во превод значи лут сок. Сенфот се смета за универзален зачин пар екселанс.
    Француското вино. За Французинот е злочин ако во виното се додаде вода (слично како шприцер). Водата може да се послужи одделно, но никако да се меша со виното. За продажбата на виното постојат вински карти во кои се означени карактеристиките на вината по години на берба, така да бонитетот на годината ја одредува и цената на виното. За шампањското и не треба да се зборува, тоа е симбол на Франција, а начинот на неговото лежење во специјалните визби, низ кои се движат вагонетки поради големината и чии улички се обележани со имиња на сите европски градови (таква е визбата Poméry во близината на Мец).

    Франција гордо го зазема првото место на најпосетена дестинација во светот (ова е по истражувања од 2008 год, мислам дека сега не е прва) со вкупно 80 милиони туристи годишно.

    Од мојот професор кој бескрајно ја сака и е заљубен во Франција.
     
    Kicky likes this.
  20. I.Radman

    I.Radman Истакнат член

    Joined:
    Jan 26, 2012
    Messages:
    21
    Likes Received:
    29
    Уште го проучувам форумот бидејќи не сум многу активна,но налетав на темата ,слободно време, а таму гледам Париз.....ми врати многу убави спомени....

    Ќе ми недостига квартот Opere,улицата Rivoli каде буквално се чувствува магијата на Париз, не е само Ајфеловата кула она што го окарактезира Париз како град на светлината....Овој кварт во права смисла ве тера да ја почуствувате магијата на париските улици,преполни со продавници и да се опуштите доколку сте тргнати со малку подлабок џеб :)

    И црвениот париски кварт Pigal со веќе познатите сексшопови,стриптиз барови :$

    Има многу работи во Париз што враќаат сеќавања,плоштадот Конкорд, плоштадот Bastille,дизниленд паркот,музејот Версај и многу веќе споменати....
     
    referentka and majaaaaaaa88 like this.