Изгубив два, да се надеваме дека третиов ќе ми потрае и ќе ми се посреќи Најубав до сеа,единствен само посветло розев. Неможам без новчаник ги губам парите ако не ги ставам во новчаник
Имам еден зелен, не многу јако зелен, со розево. х) Од D&G, за роденден го добив, ама многу си го сакам, дека е мал, коцкаст и можам сегде да го пикнам, а има повеќе прегради.
Јас имам од Puma...ланска година го добив на поклон од братучедми од Франција заедно со ташничка која има иста боја и исти шарки ...иначе е сив и не многу голем и има прилично прегради и бере се внатре
Девојки имам проблем.. Се ближи мојот роденден и дечко ми сака да ми го земе паричникот од авон deanna ( жолто со бело и сиво) не знам дали ви текнува... е сега, не сакам да се залетам ако има некоја што го има нека ми пише да знам дали е убав, квалитетен, мал или голем... навистина ми се допаѓа вака на изглед па сакам да знам дали е практичен... ај ве молам пишете ми... фала поззз
Ми текна што да си порачам следниот пат за поклон. Е, немам новчаник. Немојте сега да помислите дека сум неуредна и дека пикам пари, монети и картички по џебови - no, no, noo ! Го позајмувам оној на мајка ми, кафен е, мал со милион прегради кои ужасно ме нервираат, бидејќи ги има онаму каде што и не се надеваш, ама интересен е, а минус му е тоа што е како од змиска кожа - не сакам такви животински принтови, ама кога не ми текнува да си купам мој, ќе си го носам и ќе си приќутувам.
Мојот паричник е детски, со цветчиња, везани букви и со различни бои.Немам чанта на која би одговарал
мојот паричник е црвена боја а јас немам нитуедна црвена ташна... добро имам ама сепак кој ти го гледа новчаникот кога ти е у ташна
Препорачајте каде да најдам некој убав новчаник докај 1000-1200, ама да е квалитетно, да потрае.Некој така женствен, ги гледав на Манго на страната, убави се, ама не верувам дека ги има баш тие што сакам кај нас
Јас можам да ти препорачам да провериш во Манго, затоа што стварно новчаниците им се преубави и квалитетни и плус има избор, јас имав од таму новчаник и неколку години ми траеше, значи стварно квалитет а и цените се отприлика тие 1000-1200
па мојот паричник секогаш е во тон со ташната и секогаш тие додатоци мора да се во црна боја, само темно кафеава боја доаѓа во обзир, било како било паричникот кај мене секогаш е во црна боја дури и ташната да ја сменам, можеби некогаш би го заменила за црвен, но за паричник идеална боја ми е црната.