Вчера бев во Певекс во Куманово.Дали големите броеви се распродадени или пак воопшто немало не знам.За послаби и деца може да се најдат убави работи.Пак се офајдија ќерка ми и син ми Ама за нас така пополнети нема многу избор .Речиси ич.И баш ме интересира кога добиваат нова пратка???
Бев пред некој ден во певекс, тој кај космо што е.. искрено немаше ништо посебно, се што беше останато беа некои старомодни парчиња ама баш бабински работи овде читам што се не сте си нашле, незнам што беше работата, дали се беше потрошено или незнам ама стварно безвезни работи имаше
Никогаш до сега не сум била во Певекс. Да не читам страници наназад, може ли некој да ми каже каде го има низ Скопје?
Овој во Куманово личи на second hand продавница. Премногу закачалки на мал простор. Треба да буричкаш и да буричкаш..
искрено и мене така ми личеше.. се некои партали беа, старомодни никакви.. искрено и јас помислив да не е second hand продавница
Јој вртејки низ Aсос си ја најдов истата блуза која и ја купив на сестра ми од Певекс. 20 фунти била, јас 200 денари ја земав. Ама потполно иста http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Jumper-wi ... &clr=White
Јас влегувам неколку пати овде со надеж дека ќе наидам на убави работи, и од сите тие блузишта, блузички и слично, ништо не ме фаќа на око. А сум човек кој лесно се снаоѓа и ужива да копа меѓу редови. Дали овде кај Кјуби зградава не носат асални работи или не знам што е работава. Знам луѓе се изнакупуваат убави работи, јас изгледа немам среќа. Само на бели рамбовки налетувам.
Досега во певекс имам начекано многу убави работи.последен пат си купив преубава кратка сукњичка на стадивариус со висок струк.се заљубив во неа не се разочарувајте ако еднаш сте влегле и немало ништо убаво,поминете повторно.јас на секои 10 влегувања еднаш наоѓам нешто убаво
Јас бев кај тој кај Зоил и мене ми остави ист впечаток. Имаше еден куп прастари модели, ама се наоѓа и нешто убаво. Треба само да пробуричкаш убаво и да имаш среќа. Знае некој во кој певекс има најубави работи или нема правило? во принцип истата роба ја носат секаде или?
Претежно се истите работи, иако некогаш носат и различни парчиња. Пример, едно фустанче во Бисер го имаше само во бела боја, а во продавницата во Зоил, во црна и сива боја. Или некоја маичка, ја има во неколку бои само на едно место. Мене ми е најблиску оваа кај Бисер и често наминувам, ама последниве неколку недели нема нешто ново, останати се само постарите работи, и има две три нови модели на фустанчиња. Имаше и неколку модели на топови, како корсетчиња ама бројчиња слабо. Вака од око, мислам дека најснабден Певекс е тој кај Зоил....
Јас ја прашав еднаш продавачката дали им е у план во брзо време да донесат нова роба, зошто кога и да отидев последните 2-3 пати све беше исто со по две-три нови парчиња, а таа ми кажа дека често носат нова роба но многу брзо се распродава. Баш ми рече денес попладне ќе добиеме, отидов во 6 а тоа гужва, неможе човек игла да пушти, се вратив после еден час гужвата ја немаше а од новата роба уште 10 маички имаше останато. Нејзин совет беше често да доаѓам да проверувам, зошто и често добивале роба ама нас ни изгледало дека ништо нема зошто брзо се троши. Јас највише се изнакупував од Певексот во Чаир и оној кај Беко има доста избор, или барем мене така ми изгледало.