Девојки, би сакала да прашам кога обично носат роба во Певекс продавниците, бидејки често одам ама се погодувам кога се е разграбано више и ништо убаво не е останато..велат одма се земаа убавите работи кога ги донесовме фала ви однапред
Сум била во Певекс и во Охрид и во Скопје во Бисер. Имам купено 2 маички и 2 пара панталони кратки и долги
Бев пред некој ден во Певекс и имаше доста избор.Си купив кремасти кратки панталони со висок струк, зелен топ и бела рамбовка со бакнежи.
Девојки,планирам утре да идам до Певекс кај УЈП што е, па да ве прашам дали била некоја од вас деновиве, и има ли нова гардероба донесено, мислам на есенска...?
Штотуку бев во Певекс кај Беко...вчера добиле роба ама од 10 раб. што ги пробав ништо на ништо не личеше ај нема везе, така ми се погодило и не купив ништо...ама тоа продавачките катастрофа!!! понељубезни и поневоспитани створења не сум видела...еднава ми влага у гардероба да видела дали има некој, а ја по гаќи и прслук, другава и барам помал број од фармерки и не ни погледнува, ми вика нема...за по две секунди другава да ми најде бројче (како ли само и се помрднуваше??? ), собрани покрај една гондола сите четири и не можеш ни да поминеш, ни да погледнеш што има од нив. потоа се собраа околу гардеробата (додека пробував) и сите брачни проблеми им ги слушнав...крајно непрофесионално! ОК, ај да не претерувам и јас, во дуќан со роба од 200 ден што повеќе да барам, ама сепак сум одела на купување и во пренди, и во шутка...и на ваква катастрофа не сум наишла!
Нема врска што робата е по 200 денари, до нивото на култура е. А што ако продаваа патлиџани на пазар? На темава: На викенд во Охрид, влегувам во Певекс, наоѓам 3 маички, застанувам на каса, девојката ги куца и веднаш ја вади фискалната. Ја прашувам дали работат со картички, ми вели Не, и ОК - повели 1000 денари, за 590 сметка. И типкава ми вели Немам ситно, и си стои. Викам Добро, одете раситнете, што ми е мене гајле што немате? „Ама кој да оди?“ Па ти бе девојко, другата вработена, третата. Се врти, се туфка (грешка направи што ја изваде сметката пред да ми наплати, не можеше да ме одјеби ) и ми вели „Ништо, најдобро да ги размените во менувачница“ ШТО?! Па јас не плаќам со девизи за да ги разменувам во менувачница Невољно, ја испрати колешката, ми наплати и ни А ни Б, ни фала, ни пријатно, си замина од касата да оговара со другите на страна И пак ќе кажам, до културата е, не до робата што ја продаваат.
точно сите се ептем некултурни хеех и јас првпат бев во тој бутикот во охрид и гледам една блуза и ја прашувам имате помало бројче од ова??? ми вели незнам... а и велам кај да си побарам јас , а и тоа незнам ми вика оди рашетај се сигурно ке најдиш???? и ајде си одбрав една друга блуза и чекам 5 мин да дојди продавачката да и платам и едвај дојде и си ги зеде парите и ми го остави најлончето на каса,и си замина и ајде си го зедов и да ме нема
Се разочарав од послугата.Влегуваме внатре и продавачките ни викаат надвор надвооор нова роба имаме ајде ситее надвор а тоа затки внатре -_- Де бре жено стрпи се , ке излезиме. Мислевме да почекаме видовме 2-3 вреќи имаат роба.Ги глеаме си облекуваат тие си земаат грабаат продавачкиве,и една жена ги праша за колку време ке ја наместат робата и вика 3 сааати... Луди ли се какви се појма немам,а имаше стварно убави работи. За во Охрид зборам
Можеш да најдеш гардероба за ниски цени,ама избегнувам да купувам од таму. Некако ми е нехигиенски,неможам ни јас да си објаснам зошто,но колку и да ја перам кујзнае кој ја фаќал таа облека,кујзнае од каде е,кујзнае што преживеала и облеката сирота. Квалитетот не е добар,и некогаш имам најдено маички кои се искинати,за продажба Некогаш ќе се најде нешто,да,и имам нешто од таму купено,но,сепак,избегнувам. И истите работи можеби ќе ги најдам на други места за поскапо ама важно сум сигурна дека имаат добар квалитет
a извини вака,ама и во други продавници се пробува облеката а облеката што ја носат во певекс е останато од извос за фирми како зара и други
^ Незнам што е нехигиенски, Певекс не е секонд хенд продавница Певекс ти е како аутлет, што ќе им остане роба на другите продавници ја донесуваат тука, за ние да си ја купиме за ниска цена. Јас од Певекс си купив H&M фустанче, и ништо не му фалеше. Исто викаш којзнае кој ја фаќал, па зарем ако одиш во Тера Нова и пробаш некоја маичка, таа не ја фаќале и пробувале стотици пред тебе?! А и квалитетот е ист, како што реков, ова не е секонд хенд...
Мислам дека она мислеше на фактот дека све е натрупано со облека на сите страни и личи ко нехигиенски...и тоа дека има многу облека која е искината,па затоа не е баш убаво за очи...а во ова се имам лично уверено во многу многу парчиња..Така да проверувајте убаво пред да купите... Иначе тоа е бе...за тие пари толку рекле
Освен да пазите на исфлекани и искинати алишта ,гледајте да не има на него од оние алармите за заштита од крадење.на многу парчиња имам забележано такви што значи дека претходно биле изложени во некој бутик.Ако земете со такво ќе свири алармот кога ќе влегувате во други продавници и најлошото-нема да може да го извадите сами.
Си купив едно 4/5 маички од Певекс, завчера. Само според мене треба доста отворени очи, ради некаде згрешено во шиењето или па просто избледена облека, па дупче и сл. Иначе 2 од маичките се Бершка а едно Асос
Имаат интересна гардероба, мајци со натписи се изнакупував... Обично купувам само од тој Певекс што е кај УЈП и вработените не се нешто посебно културни, ама дефинитивно се малку поинакви од овие кои ги опишувате вие... Незнам можеби таков впечаток сум добила, но пред некој ден свиреше некоја македонска песна на радио и беше тишина во продавницата а јас и мојата другарка ја разгледувавме облеката, наеднаш продавачките почнаа да ја пеат песната и хистерично да се смеат... Јас и другарка ми останавме Па на работно место се... Иначе во таа продавницата што е кај Беко, пробував мајца и со тоа што го пробав излегов од гардеробата за да ме види мајка ми и наеднаш тој човекот со дете што чекаше после мене буквално многу некултурно ме избрка од гардеробата иако на мене беше тоа што го пробав, продавачката само седеше од страна, ми се изнасмеа во лице и потоа кога малку се оддалечив ја викна колешката и и ја раскажа случката а потоа двете се изнасмеаа... Божее господее
Цело време ве читам и повеќе се изначитав за некултурата на продавачките, отколку за гардеробата. Ама и јас се сложувам тука. Најнамчорските продавачки ги имаат. Ниту услужливи, ниту културни, ама баш за ништо не ги бива. Можеби гардеробата е по 200 ден., ама си земаат тие плата, што ми е гајле што пазарам. На работа имаме чистачка, па 100 пати е покултурна жената. За викенд бев во Охрид, и таму во Певекс бев, ама нивните продавачки... Ако пишувам што како, до утре ќе пишувам, ама мора да ги преиспитаат шефовите, газдите, кои и да се надлежни. Онолкави момички, како не им е срам на однесувањето. А, за купување, треба да начекаш!
не сум била во тоа кај УЈП, ама во Бисер продавачките ми се ептен пријатни, со здравје да си носиш, ова она, фини се многу иначе, ketisk во Бисер да, има есенска гардероба ама некои летни работи уште си се во продажба