Дали некој знае дали ќе можам да најдам маслинеста јакна не којзнае колку дебела во Певекс? Дали некој бил скоро или знае кога ќе донесат ..?? фала
Немаше јакни мислам, имаше само некои палта како сако нешто, поголемиот дел се блузи и џемперчиња Ова е за певекс кај рампа, ама најверојатно истото е секаде
Има,мислам ама повеќе вакви модели има во Пренди мислам Јас баш пред некој ден бев.Многу убави работи има Мислам дека се поквалитетни од Пренди
Вчера бев во Певекс во Бисер и си купив две едноставни, еднобојни блузи и едно џемперче. Имаше многу избор и мене лично ми се допаднаа повеќето парчиња. Единствен проблем е квалитетот. Сигурно пуштаат многу боја и бргу ќе избледат, ама за тие пари - и десетина пати да ги облечеш се доста.
Денес бев имаше некои интересни блузички за 99 и 199 денари, но сите некои рамбовки кои сега нема да можам да ги носам од другата недела
Да прочепкаш се наоѓет убави работи и да начекаш тазе роба донесена.Ова џемперчево за 400 ден.Со етикета пимкие на него само
Не знам дали само на мене ми се случува се што ќе купам од Певекс (а богами и од конкурентското Пренди) после првото перење работите сосема да се издеформираат и или да се направат цели со топченца или цело време да пуштаат влакненца ??? Ги перам како и се останато .Искрено почнувам да се сомневам дека алиштава се прастари и дека се пред распаѓање. Би сакала и другите да споделите искуство околу квалитетот .
Од кое Певекс купуваш? Јас најискрено, не сум имала ниеден проблем со гардеробата од Певекс, а од кога е отворен во Бисер, постојано си купувам од таму. Дали маичка, дали фустанче, ги оставам на мајка ми да ги испере во машина, и до сега ни едно парче не се оштетило, собрало и сл. Исто како и гардеробата од сите останати продавници. За мене нема разлика во квалитетот. Да не ги переш на појако или на лоша температура?
Сум купувала од Карпош4 и од тоа кај Беко и тоа обични маички -памучни ,кои ги перам на 30 степени.Изгледа само кај мене има проблем не разбирам . Истото ми се случуваше и со работи купени од Калиопе .
И јас имам купувано од Певекс и ништо им се нема случено. Ниту боја пуштаат, ниту пак се смалиле или рашириле.
Мене единствената работа од Певекс, на прво перење и со ладна вода, пушти боја и се офарба. Од Пренди ми се нема ништо такво случено. Ама не ризикувам ништо да перам во машина, јас моите работи строго на рака си ги перам.
Има панталони и фармерки, меѓутоа треба да ги начекаш баш кога ќе ги донесат. Обично носат од секое бројче по еден пар, па брзо се распродаваат. Инаку цената на сите панталони е 299 денари.