Јас се што имам купено од Певекс си е супер, ни се собрало, ни боја пуштило (а имам еден куп работи купено и за мене и за други) и тоа некои ствари со екстра квалитет, памук што ретко ќе го најдеш за тие пари па и поскапо(зборам за маички, хеланки) провери да не не ти одговара прашокот за перење, ако почесто ти се случува...пробај со течен детергент Е сега единствено што треба да се пази се фелерите, ова е еден вид аутлет кај што веројатно ја купуваат робата на кило, па се може да се најде што е вратено или од призводство или од продавници од странство
Да не се навреди некој/а или да бидам нарцисоидно сватен но јас имам лошо и ИЧ не убаво мислење за овој тип на продавници.Разбирам дека цените се прифатливи за сите ,има(ло) работи што се ефтинки и интересни.Моето искуство е лошо .Добив подарок (од мајка ми ) некоја маичка летово ,не сум нешто мн мн пребирлив ајде во ред мислев дека ке биде добра бидеји е бела со некој син детал ,но ми направи таква беља што кога се перела СИТЕ ДРУГИ ми ги исфарба и една маичка од 200-300ден ми упропасти 5 други поубави .Квалитетот е прилично лош речиси на се (ова за машките работи што сум ги видел ) .Јас сепак се држам до изреката сиромавиот 2 пати плаќа . Spoiler
Дволичен, нови парталчиња секогаш без исклучок првите 2 пати минимум се перат на рака. Без мешање со други. Така го тестираш - дали пушта боја, дали ќе смени боја, ќе обели ли, ќе попушти ли. Не знам зошто нова маица ниеднаш неиспрана би ја ставил некој во машина со други алишта на прво перење. Околу темата, не е се' така црно. Има лоши материјали, има и добри. Впрочем како и во секоја продавница. И во Теранова можеш да налеташ на чкљ материјал, и во Котон, и ЕуроАзија, секаде буквално. Треба да се разбираш во материјали и состав, убаво да проценуваш. Јас ги чувствувам на допир. Знам кои ми прилегаат, кои се удобни, а кои се никакви и неквалитетни, како пластика или гума. Знам кои материјалчиња потат, кои засмрдуваат (да значи, има материјал што ако малку се запотиш, џабе што си чист - засмрдува. Не се зезам. Таков си е материјалот). Кој знае да си начека и одбере, нема да е разочаран.
Абе просто ме фацинира како една цена ви го мати умот... Колку пари,толку музика,ама ќе се опрости коа ќе ја видите сеа у Зара истата таа и да ви офарба сто работи. Ако сакате да сум искрена, гледам сите се потресоа за фамозната ЗАРА,ама да ви кажам мене ми е на ниво на квалитет ко нашана КАРА. Све што сум купила до Зара (леле зара,ау зара,посврш), по неколку перења на рака,виселе конци, се растегнувале, а парите за музиката бога ми повечко биле. Така што, ова Певекс, сполај им. Обични маички за вамте или онамте, за спиење, за вежбање, за шетање, за се по нешто се нашле и ич не ми е гајле! А у Еуро Азија сум ги гледала за по 500-600 и више. Така што ве молам, не се фаќајте за цената поврзана за квалитетот. Истото гомце ви е дали обесено у оригиналната продавница или у Певекс.
Во право си за ова со перењето но ете како за беља се замешала со другите .Не практикувам купени работи да ги носам веднаш знам дека се мн прљави и буквално секој ги пробувал.Но тогаш предпоставувам немало проблем ,кога се ставени во машина пуштила боја.Ова го пишав само со цел да кажам дека за горе доле истите цени јас лично си имам купувано од други места поубава гардероба, и со мн посолдиден квалитет.Некако ептен ми се неквалитетни (пак ке напоменам за машка гардероба )
^ Може, може ... кој па ѕирнал од нас во машката гардероба, па да суди реално? А еве татко ми се стокми конечно да појде и да види нешто. Да не се разочара... ама не верувам, оди со мајка ми, а она е како инпектор Мамли, кај ќе го откопа парчето облека од нигде никаде, па ќе го испита, до конче и копче и патент... многу е смешна во тие нејзините испитувања, ама стварно нема утка досега.
Да се надоврзам на дискусијата, на две маички од Пренди и Певекс по неколку перења ми се појавија бели кругови, речиси невидливи, ама таму се. Сепак, се согласувам со тврдењето дека не се сите од ист материјал и квалитет и дека се осеќаат при допир. Си купив една маичка лани од Пренди 100% памучна и душа и извадив и гајле нема. Исто и кога бев пред некој ден во Певекс налетав на различни материјали, подобрите беа и малку поскапи, 300-400 ден, ама кога ќе го облечеш прекрасно стои и се прилагодува на твојата фигура. Имаше прекрасни, квалитетни кошули и џемперчиња. Исто и хеланки мислам дека имаше добри. Плетени дебели џемпери до околу 600 денари, никаде на друго место нема да најдете. Во други бутици се најмалку дупло од таа цена, истите, може дури и полоши.. Сега не може ништо од тука да се споредува со блузи што ги купувам по 1000 денари и со години не губат на квалитет, ама како што е дојдено времето повеќе внимание се обрнува на квантитет, отколку на квалитет. И бутици како Певекс и Пренди се идеални за тоа. Ако сакате секоја сезона да менувате алишта, сигурно нема да ви пречи и само неколку пати да ги облечете.. Инаку, се уште стојам на тоа дека да, се наоѓаат и квалитетни парчиња.
Можеби за повозрасните да се најде нешто соодветно за нивни години ,сепак ние сме млади и малце од малце да изгледа модерно .Не се откажувам, некогаш ке погледнам дали има донесено нешто убаво.Незнам за другите градови но скопје изобилува со бутици што не се толку познати и актуелни а имаат пристојни цени и убав квалитет.Со овој тип на продавници Певекс итн малце ми е исфорсирана работа (нешто слично како одење на пазар во шутка -цените боли глава се замислуваат дека нудат некој екстра квалитет ако ти кажат -БРАТМИ ЗА ТЕБЕ ОВА види ) п.с извинете за Шутка ,но сурова реалност е тоа
dali moze nekoj da mi kaze kade e toa ujp i peveks tamu zato sto ne sum od skopje nemozam da se snajdam bash ... inace ako ve nosi patot nakaj ohrid odite vo peveks ima ubedlivo golem izbor [mod-kirilica:1e9m8ge9][/mod-kirilica:1e9m8ge9]
Koга се оди од центар спрема кисела вода, се поминува градска болница, на следните семафори се продолжува право и отприлика пред рампа се наоѓа и спроти Даре Џамбаз.
Вчера баш се затеков таму кога донесоа роба (за прв пат го затечувам тој чин). Секој брза да си најде нешто, и продавачките си тргаат по нешто на страна, најдеш нешто - ако не го земеш одма, само да се свртиш и го снема. Ми беше интересно да гледам . Си купив фармрки, 300 ден, им стоеше уште старата цена на нив, 35 евра . И дечко ми си купи блузон. Многу убав и мек, само за гушкање Бевме многу изморени па гледавме побргу да излеземе, на поминување бевме, инаку сигурно ќе си купев уште нешто
Јас бев вчера кај Зоил тој, ама немаше нова роба ама си најдов памучни блузички, едно сако, материјалот е одличен, за по некои 300 денари, т.е сакото беше толку, блузата 245, без никаков фелер..
Кај Кјуби бев Јас никогаш предходно немам затечено нова роба, најверојатно се троши уште штом ја донесат, секогаш има некој во продавнициве
Значи кој баксуз сум, едни златни панталони ко кожни во певекс во чаршија што е туку така ги одминав, едно девојче го зема последниот (најмалиот број) и јас кога и ги видов на нејзе ептен ми се допаднаа, ама како и стоеа на нејзе немам зборови, послем тоа отидов во бисер во певекс и во тој кај беко но немаше, т.е ми се чини тој во бисер истата роба ја има откога го отворија.. и сега нека ми каже некој каде се има певекс во ск и дали може да ме упати ако ги видел некој панталоните, иначе од 99 денари беа фала
Баш ги приметив прееска, бев и во тој кај Беко и кај Мавровка, ги имаше ги видов повеќе закачени.. иначе имаш кај Кјуби и во Нерези кај Пренди и во Топанско кај Принц маркетот
Јас со облеката од Певекс немам проблеми, сум си купила фармерки и мнооогу маички. Сите се квалитетни и не се уништуваат. Има и некои не убави модели, но од купот треба да се избере.
Бидејќи во мојот град има Пренди морам од таму да купувам,а до Скопје далеку ми е да одам за да купам од певекс. Пред некој ден бев во Скопје,го барав Певекс ама не го најдов бидејќи сестрами преку телефон ми кажуваше каде е и неможев да се снајдам а и баш немав време требаше да одам дома и оставив за наредниот пат