Отворија Певекс и во Велес,од почеток имаше ептен интересни парчиња и ефтини-си купив 2 сукњички по 50ден.сребрени панталони на Pull&Bear за 100ден.,џемперче напред кратко позади под г*з 200ден,а сега некако робава е загреови,па и цениве достигаа до 600-700денари што и не вреди Кажуваат во Ск по продавниците на Певекс имало мн убави работи и тоа по едно од моделот,а не кај нас по 20 и цел град ко униформирани
во охрид само иста роба може да се најде. денес бев продавачките си имаа една вреќа наполнато со гардероба за нив и нивните блиски кога и да поминам кажуваат добивме роба и продавачките си пробуваат во гардероба преубави фустанчиња џемперчиња пантолони а за нас ништо не е фер
Бев вчера и некако за првпат ништо не ми се допадна.И знаете што приметувам?Дека величините немаат врска со тие што се напишани.И навистина нема избор за нас во средни години а од друга страна продавницата е преполна.Многу би сакала да отидам во Певекс во Скопје,чисто за споредба, дали се носат исти парчиња или и пазарот им е поделен?!
Кај нас во Куманово сите велат дека облеката е со двојна употреба. Бев еднаш и навистина цените се ниски но незнам. Не би купила ништо од таму.
дали некој е информиран дали има донесено џемперчиња ама потанки и подолги ...сакам да купам за на работа..
Само што се вратив од Певекс кај Мавровка. Имаа донесено нова роба, ама продавачките ми кажаа за 2-3 саати ќе ја сределе, а мене не ми се чекаше. Исто ми кажаа нова роба во сите дуќани на Певекс имало, па кој е за шетање по ова врнежливо време, нека оди. Можеби ќе се најде нешто интересно.
Вчера се подновив со памучна пинкова кошулка од Певекс и крем панталони.Материјалот е коска и на обете. Имам купено и друга блуза ,исто од квалитетен материјал и еден пар долни тренерки ,од тие најдебелите зимски ,презадоволна сум ,многу ме топлат. Сега бендисав и комплет тренерки ,исто така дебели ,имаше црни ,дреч жолти и дреч портокалови ,по 700 денари беа. Се исплаќа и само за низ дома да ги носам.
Незнам да ти објаснам точно меѓу кои продавници е, но отприлика нешто.. Горе е на втори кога ќе се качиш по скалите на лево мислам дека доаѓа. Или оди од таа страна од кај таа клучарата што е долу на први па по тие скали качи се горе, ќе ја најдеш лесно, кафич мислам дека имаше отспротива или некаде блиску до продавницата.