Да ги информирам тие што не знаат - Певекс има и во Струмица, т.е. уште не е отворен (се бараат продавачки), ама робата е наредена на закачалките и излогот.
Го има не излог фустанчево и прекрасно е. Ќе го земам кога ќе се отвори. Едит - Мишела, кај Малиот принц, има една пиљара. И одма до неа.
Леле, јас пак заприметив такво едно продавниче на чаршијата, не беше уште отворено и ми се причини дека Певекс ќе да беше. Мање битно, ќе ме извините на плавоќата моја вкоренета. Инаку, ептен така у блискиот комшилук ми е ако е таму, нешто ми вели дека ќе бидам редовна таму летово, па ако се најде нешто ко добредојде ќе ми биде.
Имам отидено еднаш во Бисер и имаше по некое парче убаво за ефтини пари. Сега за сега немам купено ништо, да се опарам прво.
Јас бев денес во Бисер,а и вчера и завчера и ништо не најдов т.е. онака една рутинска контрола дали има нешто ново. Денес видов неколку испразнети вреќи ама ништо ново не начекав. Дуќанот е преполн со маичи, а сакав да си најдам некое фустанче или кошулка. Бед лак. Утре пак ќе одам не се откажувам.
ее супер штом и кај нас ќе има во тоа пренди се едно исто има јас прегеска забележав дека ке се отвара нов бутик ама мислев дека е повторно пренди и не обрнав внимание ама во скоро време ќе се посети само дали некој знае кога ќе се отвара ?
Дечки, мнооогу се извинувам, ама вчера го отворија. Кога пишав мислев дека не е, зашто мислев дека сеуште се бараат продавачки. Ама, нашле продавачки многу брзо и вчера беше отворено. А нели ова тука ми е маало мене, па кога излеговме со другарка ми на поминување видовме дека е отворено и влеговме. Јас си купив две маички и еден пар кратки панталони. И овие три работи за 600 денари вкупно. Има претежно добри работи, ама треба убаво да ги расчешлате закачалките. Јас најдов преубави блузички, 199 ден. прљаво бели со јака и машка, а на грбот имаше мало срце отворено, ама не ја купив оти земав една друга која сметам дека поубаво ми стоеше. Ама, стварно имаше куп добри маички, дури се двоумев која да ја земам. п.с. кога ќе го прочитате ова тркнете што е можно побрзо!
девојки дали певекс има ФБ страна или веб страница каде може да се следи нивната акрвност:? и најважното да ве прашам дали некоја знае во кој друг град би отвориле следно продавница? бидејќи ние од внатрешноста секојсневно ја читаме вашата дискусија овде и се депримираме, затоа што сме скратени од задоволството на ефтин и убав шопинг
Јас денес бев и ништо не најдов, некако се едни исти блузички се вртат Инаку има нов отворен Певекс на Јаја-паша, на самата улица од десна страна, на 5 минути пред Пренди
Здраво сакам да ви кажаам дека сите маички и други се од познати брендови како што се калиопе,бершка,зара,H&M и многу други!И затоа тие ги кинат... Има многу добар и голем избор но скоро сите се по едноо две...но супер е продавницата !
Си купив прееска 2 преубави маички од Певекс. Едната рамбовка од H&M, другата е од New look и е преубава со натпис WILD CHILD. Ако можам ќе ви ги сликам утре
Од певекс се изнакупував фустанчиња, маички и фармерки за ефтини пари. Имаат голем избор и поголем избор од пренди.
Некој што бил сега брзо да ми каже дали има ктатки пантолони до колена, но да бидат од тексас или друг материјал не памук?
Да ,има кога бев последниот пат имаше мастило и црвена боја, мислам дека беа околу 300 ден. но не сум сигурна. Најдобро е да идеш да си провериш.
Можно е да одам деновиве во Скопје, па ме заинтересиравте со продавницава. Толку евтини, а убави работи. Можам да се снајдам во Скопје, ама исклучиво релација Центар-Автокоманда и Центар-Ѓорче. Може да ми објаснете поубаво како да ја најдам продавницава/бутиков во Центар? Фала.