Ќе може некој што е кај др сашко во реоника да ми пише нешто повеќе како работи, како прегледува, колку трае преглед и сл?
До година одиш секој месец на редовна контрола. Ние сме 4 месеци до сега здрави фала богу. Си одиш на закажано, соблакаш бебе, сестрата мери тежина, висина, глава. Доаѓа докторот го гледа комплетно, диши диши, рефлекси, кожа се шо треба. Прашува дали цица како е со јадење, какање. Кажува вежби шо да праиш. Имаат и лабораторија (т.е. соработка имаат со авицена). Преглед трае околу 15-20 некогаш и 30 минути. Достапен е на вибер у секое време и телефонски да се чуеш.
Јас од Симонида сум презадоволна,целокупен преглед прави на бебе и достапна постојано на вибер и телефон
"Реоника" ни е во близина. Попладнево најљубезно бев да замолам детево ако може само да го слушнат, во четврток имаме термин кај матичниот, да сум на чисто. Викендов како да го подзакачи некоја настинка, нос за 2 дена му се опраи, од ноќеска подкашлуваше од што му се слева. Отидов во ниедно време, само една мајка чекаше да влезе. Уредно си почекав. Таа сестрата изгубена у свемиру, дури ме удостои, пукнав. 500 ден преглед. Де бре викам само за едно слушање?! Си излегов со позз "секоја чест на хуманоста". Из принципа решив да не прифатам да платам. Срамота. Ај да троши нешто материјал, да реметам ред, закажани термини и слично.Ништо од тоа. Не можам да коментирам за стручноста на докторот, но првиот впечаток ми е повеќе од мизерен. Сестрава всушност не го праша ништо докторот, после 30 мин откако прашав ми се обрати "видете, тоа би бил приватен преглед..." Кој знае дали сама така си одлучи или е таков принципот на работа. И да е така, ни "х" од хуманост. Златен Гого, пола Скопје приватно го прегледува. Ни денар не зема, и ноќе на врата ако треба ќе дојде.
И јас бев кај нејзе, сеа ми прати порака дека затворила да си бараме друг педијатар. Немав некои маки до сеа па да имам мислење за нејзе,коа и да сум и пишала за нешто поситно одговарала одма. Кој ќе бара сеа нови матични.
Не си во право. Да отидеше во Систина ќе ти го простеа прегледот? Секој си го цени своето време. Да беше во странство ќе те прегледаа аха и ќе збореше тука за хуманост.За само да го слушнат пошто тоа не го цениш очигледно, ќе си одиш кај својот матичен, сигурно не била животозагрозувачка состојба па да се смилува докторот и да не си наплаќа за прегледот.
Систина не зема од државата пари за пациентите. И да и во Систина простуваат ако не се користи или ако си за консултација. Сите што се пзу и имаат склучено договор со фзо не треба да наплаќаат, но така им чини зинати за пари се. За дете и повозрасни луѓе земаат повеќе од 60 денари од пациент,а Систина зема 0.
Ептен си нелогична со муабетов. Од толку што си заслепена со „најдобриот„ доктор, не можеш да ја видиш реалноста. Прво, зошто воопшто си имала потреба да го носиш на друг лекар? Ако твојот лекар е толку добар колку што го фалиш, ќе го однесеше кај него, а не да чекаш термин два дена Каков лекар е тој кој остава дете да го чека два дена Што се однесува до другиов доктор кој го исплука (не го знам, да не мислиш дека го бранам) секаде приватен преглед се наплаќа. Не знам што ти е толку чудно? Дури и кај твојот многуфаленпренајдобар доктор. Да се надоврзам на другиве коментари, оти гледам дека немате појма... Преглед кај матичен лекар е бесплатен, се останато се наплаќа. Секаде е така. Добра волја е на докторот кој те прегледува дали ќе ти наплати или не. Законски смее.
Во случајов, сметам дека нема потреба од споредба со Систина, која е класична приватна болница, Реоника ако не се лажам, работи со Фондот. Не залудно потенцирав дека само една мајка чекаше на преглед. Пола саат чекав никој друг ни дојде, ни замина. Дургиот доктор, по семејна медицина или како и да се вика, немаше никој, да не речам, дремеше. Тотално непрофесионално, за мене, нечовечки. Мое мислење, што не значи дека сите треба да го прифатат. Секој си има различни гледишта на нештата, па така и во ситуацијава.
Точно ама кај инеколог ехо и брисеви троши матерјал па наплаќа. А матичен за стетоскоп наплаќа и за здраво како си, нема логика. Да прегледува грло троши матерјал ама за консултација 500 денари летаат во облаци.
Toa e drugo i tocno ne treba. Ova sto go pisala clenkata e skroz ok sto e naplateno poso toj doktor tamu ne i e maticen. Pzu stoi za privatna zdravstvena ustanova. I remedika e pzu vo registar
Пзу - ПРИВАТНА здраствен устанива. Матичен лекар зема од фонд за СВОИТЕ пациенти, не е дежурен лекар за било кого. Тресење зелени. Ок било систина да зема (2500), а овие од ПЗУ не. Сосема друго е што мислам за деца треба да е бесплатно.
И Систина напоменав дека не зема пари за консултација за деца. На Систина се им приватно од фондот ништо не зема. Ама на ПЗУ што работи со ФОНД секој месец му капат пари, а дали имал прегледи или не го заболе, ако сака може со нозете во вис да седи и да не работи. Фондот плаќа до 2500павиенти кај еден доктор ако се 2 доктори плаќа до 5000 пациенти тоа се 300,000 денари во најмала рака, а повеќе земаат докторот едвај го плаќаат до 25-30 000денари и ќе ми кажеш дека му било многу битно за тие 500 денари? Не и не оправдувам ништо од тоа. Премногу заработуваат матичните и не треба да се наплаќа ДУРИ И АКО Е ДОЦНА ВО НОЌТА. На душа ќе си ги носи тие 500 денари.
Многу сте интересни со туѓиов есап. Со тие 300к треба и кирија да плати, сестрата плата да земе, да се чисти, материјали да земе. Каква врска има фондот со оние кои не му се пациенти. Ниту еден доктор не зема пари за тоа. систина не земала пари од фзо по никој основ и во ред е да наплаќа по 2.500 на приватно. Систина со само 100+ прегледи ќе дојде до бројката од 300к која ја има во твојот есап. ако сакаш бесплатен преглед не се оди во ПЗУ, има дежурни амбуланти. Тие се врзани со фзо за сите осигуреници. За се ве бива и за се знаете есап да направите значи.
Да, не бива и знаеме. И 200+ да има прегледи пак ќе ти нагласам за консултација нема да ти земат пари, за разлика како на членката што и земале пари. И кирија да плати 1000 евра најмалце му се чисти за него и воопшто не малце. Пак ќе ти нагласам дека во Систина треба да има прегледи за да добијат пари, а тие што се ПЗУ со фонд нема потреба да прима пациенти и на него му капат пари секој месец без разлика дали работел или не. За една консултација не се наплаќа 500 денари особено кога се работи за дете.
Ај и јас да улетам и да кажам нешто. Прво, вашиот педијатар ви закажал подоцна, за според вас итна состојба на детето, па сте морале кај друг доктор да го носите. Мн бил хуман, браво !! Второ викате не потрошил ништо. Да, потрошил дел од својот живот да научи да ве "наслушне", пошто нели ако не потрошил ништо, и ние треба да знаеме сами да си ги наслушнеме децата. Трето, земале матичните пари од фондот. Да земаат, меѓутоа земаат од СВОИТЕ пациенти, а вие не сте негов пациент. Четврто, за бетер наслушнување, (без никакво внимание) што го викате "консултација" во Систина еднаш сум била и ми зеле 2500 ден. Консултација е усен совет. А и за тој јас би зела пари, пошто некој учел, изгубил време со вас, па уште изреволтирани побарал 500 ден. Петто, како бевте толку сигурни дека нема да ви наплатат. Требало да си прашате дали ќе ве кошта. Бидејќи и во маркет пред да земеш нешто, цена гледаш.
Извини Пупи, ич не си во право. Приватен преглед се наплаќа. И кај нашата матична во јане си има ценовник за приватни услуги. Ако е итно се оди во итна служба. Треба да си лута на матичниот ваш што ви закажал после неколку дена, зошто он секој месец од фондот повлекува пари за вас. Односот на сестрата не го коментирам. Но зошто да оди да праша. Па валда знае како да работи.
Мене ми падна во очи тоа закажување термин за дете кај матичен Ами ако е болно нема да го прими, ќе чека термин?