Веднаш ќе си барам нов матичен. Ќе чекам термин за матичен болно дете да ми прегледа,како да не. А пари зема секој месец од мене. Болна работа
Тоа се убедуваме сите да и кажеме. Дека не е во ред да се лути зато што и наплатиле, туку да се лути на матичниот што не ја примил. Ама полесно е да се плука по туѓото.
Малку не ми е јасно, каква е таа консултација? Ако носиш дете да го видат, прегледаат, слушнат тоа е веќе преглед
I jas vo Sistina bev na konsultacija, pa si plativ 2.000 i neshto. Ne ste mi jasni. Privatno se plakja. I mojata maticna ima pacienti privatno sto se pregleduvaat i si plakjaat.
За каква консултација? Сигурно го прегледале детето... Ние бевме скоро за дупната глава, ја шиеја и и снимаа главата и платив 4500. Брзо експресно завршивме и супер љубезни беа. Докторка дојде со мене до доле за снимање, па пак не врати нагоре. По 2 дена бевме на контрола, ништо не плативме. А за 10 дена бевме на вадење на конци, ни тогаш ништо не плативме. Секогаш секаде прв преглед за било што се плаќа ако е приватна установа. Јас очекував да ни наплатат и на контролата и вадењето на конците дури, но ете ништо не наплатија.. А матичниот не бил фер што за болно дете рекол за два дена дури... Па недај боже може тоа за пола ден да се искомплицира, а не за 2. Нашата секогаш за било што уште истиот ден ни вика дојдете.
Pa ja pregledaa. Imase stomacen. Samo ja slushnaa I ja pipnaa za stomakot. Sakam da kazam nisto ne potrosija. Toa konsultacija mi beshe vo ironicna smisla. Clenkite se revoltirani bidejki im naplatile pregled privatno.
Потрошиле време Да те сфатив, мојот пост беше исто за нив разјаснување. Јас со синчето кога имаше проблем пред неколку години со стомакот кај и да одев за консултации си плаќав (а кај не бев), а исто не му правеа нешто посебно. Ни ги гледаа старите резултати и му го пипкаа стискаа стомачето. Само на клиника ништо не плаќав, нормално.
Ако беше лесно да си доктор, сите ке знаевме и да наслушнеме, и грлце да видиме, стомаче да провериме. Секој си го цени својот труд.
Ај вака. Читано, недочитано, кажано, недоискажано... Детето не е болно. Подкашлуваше после ден, два растечен нос. Поучена од едно искуство пред 5-6 год, за едно закашлување, сакам да го слушнат на гради. Не е проблем и ноќе пред зграда кај матичниот да го однесам, ќе не испочитува, а не пак да отидам на незакажано во ординација. Но, далеку е од таму работата, а не сакав да реметам, ниту пак да „трошам“ термини на деца со тт, со симптоми на ковид, со алергии и разни други состојби за кои е неопходен преглед во најскоро време. По редот на нештата, прв слободен термин за здраво дете беше четврток и си закажавме. И, стојам на ставот дека ситуацијата, искуството со ординацијата, не ми е логична. Веројатно, оти сум „заслепена“ од нашиот „најдобар доктор“, како што ми ги отвори очите една членка. Дај боже, никој да нема потреба од лекар, ни деца, ни родители, ни баби, дедовци... Останете сите во добро здравје
Си требала и за поткашлувањето да одиш кај својот матичен, а не да реметиш термини како што кажуваш, на друг доктор. И среќа па Сашко имал слободен термин, пошто фул е унапред 2 недели за прегледи на здрави деца. Секогаш се закажува на последен преглед, за нареден. Во исклучителни ситуации при разболување, до сега нити ни закажал, нити ни одбил. Се јавуваш, ти кажува дојдете. Секогаш не прима без проблем.
Тоа ја се разбирам. Не разбирам зошто си се навредила кога ти рекле приватно да платиш. Така си е, штом не ти е матичен било кој доктор во приватно здравство, приватно си плаќаш.
појма си немаш. 1000 еур бруто му останале. Лелеее богаташ еј! Глеј си својот есап да ти излегува, не туѓиот. Треба да е срам толку да зема доктор, а не да му мислиш дека многу му се.
Јас случка да ти кажам, е тогаш и јас се расправав. Старата наша матична отиде во Санте и дента кога ми беше итно таа слободен ден земала и рече дека има замена таму. Одам јас во Санте, човек пред мене со дете веќе влезен внатре искача оди на шалтер и таа му вика 1000ден и овој што???? Па вика нели ова е замена на матичната наша и тие цели беа во прашалници на шалтерот и ја викнаа и докторката која исто не убедуваше дека она била приватна! Татково им рече чао пријатно ќе се вратам да платам немам сега пари А после дали им беше незгодно или се слушнаа и со нашата матична, па не ми наплатија и на мене. А навистина беше приватна таа, само малу нелогично беше зошто приватна замена... Тоа ни беше и последен преглед таму, си отиде нашата и во Тетово. Ама да отидам некаде во приватна установа, а да немам таму матичен, ќе очекувам да платам... И Рес Хумана е приватна, но матичната ни е таму. Скоро бевме кај нејзина замена и не ни наплати. Верувам дека и она приватни прегледи дека наплаќа...
Ај вака да прашам... дали мора да се закаже за кај педијатар пример ако детето ми поткашлува или пак се сомневам дека нешто не е добро. Или пак за пеленски осип пример? - јас ја сликнав и на вибер и пратив.
Па немора да се закаже, ама треба да се јавиш. Ако има термини со здрави деца, ќе ве изолира ако е итно во друга просторија. Бар нашата така прави. А за пеленски осип може да ви препорача и преку тел што да мачкате. Ама ако е за да се прегледа, слушне на гради, носе, грло да се види, крвна слика, мора да отидеш нели...
И ние бевме еднаш кај Гого, и тоа за друга работа, не само за консултација и не ни наплати човекот. Не прими, не сослуша, кажа мислење. Ни рече дека тогаш не примал пациенти, но можеме секогаш да отидеме и ќе ја прегледа без да наплати. Ама, @PUPICA требало и однапред да прашаш, извинете, дали само да го слушнете и дали, ако се плаќа, колку би ни наплатиле? Едноставно не можеш да очекуваш дека ќе бидат сите како Паскалов, иако да, кога се работи за деца би очекувале, ама ете.
Дали само јас не сум задоволна од најдобриот доктор??? Со големиот во козле завршив додека он не лекуваше година дена ништо не е.