Во фотокопирницата карши Фонд има, ако нема таму скрос долу по истата уличка, па скрос десно во зградата има одма право исто фотокопир па во неа ^^ние изгледа ќе ја менуваме нашава што демек ја избравме , кај таа твојата веќе и термин закажав
Јас уште никого не сум пишала, ама треба да ѕвонам, не ќе биде лошо. Ако не ќе ги бркам сестрите по мобилен
Супер е докторката ама бебче од 2 мес таму јас не . Тоа е на школска има деца од таа возраст и плус возрасни.
И јас сум од Ново Лисиче а го носам синко кај Др.Драгана Емел Маркоска кај пзу.Ложанковски вреди верувај ми Др.е одлична.Да паркинг има одма полн е но за среќа секогаш сме наогале местенце.За еднаш во месец(првите месеци-новороденче) вреди да се оди каде и да е макар и подалеку...Битно Др.да ви се погоди во се стручност и итн...
Ѓорѓи Паскалов,после Алумина,последната кула од лева страна.Пребукиран е со пациенти,ама мислам може да ве пише матичен кај некој од колегите од истата ординација. П.С.Јас отупев со Гого,ама навистина дечкото е рентген,иако карактерно малку чуден
Да не се лажеме,секој е чуден на свој начиндечкото е скроз искулиран,гитара и тезги најчесто во Грција му се хоби,има подолга косичка...генерално,несвојствено за лекар,според многумина. Мене ме предупредија каков е и од старт го прифатив како таков. Со тек на време го "научив" и само ќе кажам "алал му вера на стручноста". Како и да е,секој со својот избор.
И јас сум презадоволна од Паскалов ,ма да последниот пат кога бевме на контрола со бебе се случи место него да не прегледа една нова докторка што ја вработиле таму е тоа од такт ме извади ,така некако несмасна беше неможеше ни убаво да го соблече синко па незнам дали и беа ладни рацете или некако лошо го фати кога почна да плаче да зајдува од плачење бебе можете да замислите како ми беше ,плус ја прашувам за дохрана зема на еден лист се ми изнапиша се на куп без никаков ред , каша попара ме направи Па нахнадно друг ден отидов сама без синко се консултирав со докторот се ми објасни убаво ми напиша на еден лист само за овој месец што и како да внесуваме .Сега веќе си знам за оваа контрола ако биде она пак ќе си кажам дека јас Паскалов ќе си го почекам .
Кукле ние купивме книшка карши фонд и му ја пополнија на мм на раб.и му дадоа едно барање исто пополнето да го однесе тој да го завери во фонд бидејки за прво дете требало лично...
Гледам прашала и @Bibi30 за искуства со педијатри во Промедика, па и мене ме интересира истото. Сум била неколку пати, од работа таму одиме на систематски, и сум забележала дека секогаш е преполно со деца и бебиња, па би сакала да чијам мислења ако некоја од вас има матичен педијатар таму. Вака ми се гледаат како ок клиника, брзи се за резултати, нема многу чекање, и фин однос имаат