Јас го носам моето таму, достапна е 24/7 на вибер . Малку има постарски ставови, верувам е океј и стручна со толку години искуство. Моето бебе е скоро 7м океј е
Ок е, достапна на емаил само. Ретко дава антибиотици, ептен ако мора, форсира лечење со капки, инхалации, спрееви. Малце знае да брза со преглед и да не е трпелива дур плаче бебе. До скоро немаше замена па требаше да чекаш за на смена да ја погодиш но веќе треба да е почната докторката што ја обучуваше да и биде замена. Пиши ми лп ако сакаш повеќе инфо
Ми треба педијатар за второ мислење или проценка не знам како да се изразам.. Бебе е 13м. исхраната му е главно мајчино млеко доста слабо јаде цврста храна. Хемоглобин 98 ај може од настинката. Ама некако и со исправање, движење за разлика од првата ми е послаба не станува сама бара помош ,речиси воопшо не се движи... лази ама за исправање не. Сакам да бидам сигурна дека е се ок.
Што точно значи постарски ставови? Може ли отприлика да ми кажеш, јас тргам закај неа ама ако забегува не би имала нерви баш
Ортопед, јас имаш носено на редовни прегледи? Може детенцето си е помирно, ама сепак да ја види ортопед
Мене ми одговара и на телефон или ако во моментот не е слободна после тоа обавезно ми се јавува ако сум ја побарала. Инаку потрадиционална е околу давањето лекови како што пишала и другата членка погоре. На пример пред вакцина и барам упат за крвна слика, ми дава, ама коментарот и е: абе џабе ќе го боцкате детето. Исто ние имавме на почеток една лоша епизода на месец дена завршивме на клиника и неколку пати ми се јави да ме праша како е бебе додека лежевме таму.
Да 2 пати еднаш пред да направи 2 м еднаш околу 5 ти месец. Според него се си беше ок ,се гледаме кога ќе прооди.
па пример за храна дека треба да ја солиш тоа вака последни најново ни е. После кога имаше исип на газето ни рече хиперманган, мене раните од доење да ги мачкам со павловичева… ова ми текнува
Што вика вашиот педијатар за оваа ситуација? Цело време цица? Витамини, дали и даваш? Од тоа малку што јаде, дали внесува барем малку овошје, зеленчук? Тестенини? За второ мислење би ти ја препорачала Марија Поп-Лазарова од Ремедика. Се надевам дека се ќе биде во ред.