Мислам дека нема ваква тема Дали кога вежбате и во текот на вежбањето практикувате да пиете вода или оставате после тренингот.И ако поете како ја пиете наеднаш или голтка по долктка?
Пијам голтка по голтка. За време на вежбањето многу е важно да се пие вода, или поточно во малите паузи помеѓу двете вежби. Во спротивно телото може да дехидрира поради потењето, а тоа никако не е здраво, дури и е опасно. Кај некои вежбачи постои заблуда дека пиењето вода водело кон дебелеење, но тоа не е точно. Не е битно колку покажуваат бројките на вагата туку како изгледаш и како се чувствуваш. На пр. боди-билдерите имаат многу килограми но тоа е последица од зголемената мускулна маса а не од вишокот сало кое тие одвај да го имаат. http://www.youtube.com/watch?v=eiN1fMCTMwk
За ВРЕМЕ на тренингот!!! При вежбањето се губи многу течност што воопшто не е убаво за организмот, може да доведе и до дехидрација (во ретки случаи).. еве јас денес заборавив да си земам шише вода на тренинг, ептен ме фати жед, и грло ми се исуши и се, па пиев вода од вц шта чеш Значи вода за време на тренинг обавезноо, и никако наеднаш, 1-2 голтки на паузи
А додека се вежба на орбитрек може ли да се пие голтка по голтка вода и ако вжбам еден час колку да испијам? Пола литар, или?
^ Леле како прашувате вака, се е релативно. Нормално дека можеш додека вртиш на орбитрекот да пиеш вода, и тоа ќе пиеш колку што имаш потреба. Не можеш ти да бидеш ограничена, или уште полошо да се префорсираш со многу количини вода.
Кога вртите на точак или орбитрек може и уз вртење, нормално, а кога вежбате незнам стомачни, чучњеви, расчекор итн. за време на пауза, после секоја серија се прави по минута пауза(или колку и да правите зависно колку се заморувате) по некоја голтка. Откако ќе се заврши со вежбање уште некоја голтка. Јас така практикувам. За вежбање од 30 минути доволно е пола литар вода. Повеќе би било нон-сенс според мене. Додуша не вежбам деновно повеќе од 30 минути, ефективни 30 минути.
За време на тренинг, но не цело шише наеднаш туку голтка-две. Инаку сум слушала дека во текот на тренингот не треба воопшто да се пие и тоа е сосема погрешно, се трошат многу течности и секако треба да се пие вода, пак ќе кажам умерено.
И јас кога вртам на орбитрек мора да имам шише со вода до мене! рул н.1 кај мене инаку не издржувам без вода
Да да секако водата е мошне важна кога се тренира. јас знам дека треба да се пие една чаша пред да се почне со тренинг потоа постепено по малку во текот на тренингот и на крај уште една чаша. Но водата не треба да биде многу ладна. Знам дека е топло времето ама не смееме да го потресуваме организмот со ладна вода.
Пијам и јас за време на тренинг вода.Инструкторката по аеробик не советуваше да не ја голтаме одма водата туку неколку минути да ја задржиме во уста а потоа да ја голтниме.Така побрзо се гаси жедта и не доаѓа до подуеност на стомакот.Приметете така прават и тенисерите.
Јас вода не пијам воопшто, само чај. Кога вртам точак пијам постојано, ама кога вежбам пилатес внимавам кога пијам, затоа што некогаш ми создава тегоби. На пример при стомачни, или при грбни вежби врз топка, мачно е да вежбаш со полн желудник. Само умерено, голтка по голтка.
Пијам цело време додека вежбам, без устручавање. Единствено ако знам дека треба да правам стомачни или нешто со напор на абдоменот, ќе избегнам.
Сум слушнала дена не било убаво, ама јас не можам... стално на вежбање си носам шишенце со вода. Ама се обидувам да не пијам многу, зашто после тешко осеќам во стомакот и не можам да вежбам понатака.
Да, правилно е да се пие, на телото му е тогаш најпотребна. Лани кога идев на фитнес стално си носев вода.Сега пак ќе почнам.