1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подлога за шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од emce-kremce, 12 март 2010.

  1. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Девојки немам видено до сега ваква тема и ајде да отворам зошто ме интересира каква подлога за шминка користите?
    Кога бев еднаш во едно козметичко студио на шминкање, пред да ми стави пудра ми стави една зелена подлога, ама не знам што беше и сега ми е многу криво што не прашав, а не постои веќе тоа студио, и таа подлога беше и како коректор затоа што се покрива, а и ја фиксира пудрата. Цела вечер играв ( зошто на свадба бев ) се испотив, зошто лето беше, а шминката кога си дојдов дома не ми беше воопшто размачкана ни избришана, ми стоеше така како што излегов од салонот. Ако некој има искуство со вакво нешто нека пише.
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Јас како подлога ставам обична крема нивеа, зашто инаку пудрата ми ја суши кожата. И јас кога се шминкав за матура ми ставија некаква подлога, ама сепак мислам дека зависи од пудрата , ако е квалитетна ке трае подолго, ако не нема.
     
  3. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Јас ставам хидратантна крема па една безбојна пудра од Авон(Меџикс мислам дека се викаше). Многу ми се допаѓа, ја измазнува кожата ептен. Па дури тогаш ставам течна пудра. Само што сеуште сум во потрага по идеална пудра. Досега ниедна ми се нема погодено баш како што сакам. :(
     
  4. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    99
    Абе и јас користам како подлога прво крема обавезно, ама ме интересира дали некој користи професионална подлога што фиксира. Инаку Маја не е баш се до пудрата, затоа што таа подлога што ми ја ставија тогаш ми ја заштити шминката 100% да ми биде еднакво иста цела вечер.
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас обично ставам крема,па пудра и не ми се размачкала шминката во последно време,порано ми се случуваше да ми се размачка моливчето,маскарата и изгледав како да ме мавнал некој по лице :D сега немам никакви проблеми и не ми се размачкува шминката незнам како ама ете,само крема ставам пред да се нашминкам и тоа е се.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Во јуник има фиксатор,зеленикав,мислам дека на севентин беше,не сум сигурна.Тоа е фиксатор инаку,не е подлога.Подлогите имаат жолтеникава боја.
    Јас како подлога ставам од орифлејм вижнс гелот или обичен хидратантен крем,во спротивно ми се брават митисери,ама некогаш ако имам мозолче не ставам ништо на него,туку диреткно пудра,веднаш ми го суши,па си викам замисли што прави пудрава на остатокот на лицето ако не ставиш подлога...страшно.
    Само не ставај многу затоа што добиваш паштета ефект,неубаво изгледа,макар што е зеленикав или подлогата жолтеникава,премногу се тешки за кожата.
     
  7. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    јас не можам да ставам крема затоа што ми е мрсно лицето.
    Ставам само камено пудро ;)
    А имам слушнато за да не ти се размачка шминката ќе си напрскаш на лицето лак за коса ]:)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Јас сум во план да си купам GOSH Velvet Touch Foundation Primer, баш подлога за пудра, ми го пофалија, ама треба да проверам колку е, па ќе ви кажам. ;)
    Обично ставам некоја полесна и не толку мрсна хидратантна крема за лице, пред да ставам пудра.
    [​IMG]
     
    На hristinss му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.094
    Пол:
    Женски
    Ставам крема, но гледам да е некоја помалку мрсна бидејли имам и мрсна кожа. Сум приметила кога ставам помалку мрсна крема ок е и пудрата покрива, а со истата пудра , а помрсна крема воопшто не покрива :(
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.693
    Пол:
    Женски
    Јас обично ставам крем за лице :)
     
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    И јас ставам крем ама многу често ме мрзи и ништо не ставам
     
  12. Rozevo

    Rozevo Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32
    Јас ја имам подлогата и слободно можам да речам дека е одлична. Штом ми се погоди мене (инаку сопственик на бескрајно проблематична кожа) верувам дека ќе одговара на повеќето. Најпрвин ја користев директ без крем претходно (на чиста кожа), а потоа пробав и со крем варијанта (подлогата ја нанесувам откако ќе се впие кремот). Втората солуција се покажа како подобра, кожата е соодветно згрижена со хидратанден крем, а истовремено заштитена од навлегување на пудрата во порите благодарение на силиконската подлога. Плус, силиконот ги израмнува порите и малите брчки создавајќи (симулација :) на) мазна кожа на која е многу полесно да се нанесе пудра. :)
    Инаку конкретно оваа подлога чини околу 700 денари (бавно се троши, така да...вреди).
    Поздрав :f:
     
    На rossonerka и babyblue им се допаѓа ова.
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    јас најпрво ставам крем ( било каков и за лице да е :rofl: ) а потоа пудра ;) :lol:
     
  14. sugar.nn

    sugar.nn Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    15
    A kade moze da se najde ovaa GOSH podlogata?? Mene mi e mrsna kozata, i nemozam da si najdam nekoja dobra pudra :(
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Подлогата за шминка е одлична за продолжување на траењето на основата (или како што ја викаме - течна пудра).
    Подлогите на зелена база се користат за кожа која има проблем со црвенило (розацеа или акни, или обично црвенеење), а инаку почесто се наоѓа како проѕирна. Од оние што ги има кај нас, би ти ја препорачала Art Deco, друга немам пробано.
    Подлогата прави огромна разлика во резултатот и долготрајноста на шминката. Ако имате посува кожа, барајте подлога за сува кожа, но може да поминете и со крем, бидејќи таквата кожа обично нема проблем со изместување и разлевање на шминката.
    Ако имате мрсна кожа - дефинитивно препорачувам.
     
    На babyblue му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    никогаш не ставам пудра ако претходно немам нанесено крем за лице. значи кремот за лице отсекогаш сум го користела како подлога, затоа што имам суво лице и ми ја потхранува кожата и не ми се прават флеки на лицето од пудрата. користам нивеа или росал фемили софт (така мислам беше, со витамин е).
    имам пробано да ставам пудра без крем... и што да кажам :tmi: лицето барут суво, не можам да го затегнам... а флеки (лишаи) цели обравчиња :worried: и оттогаш без подлога никако не нанесувам пудра.
     
  17. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    лелеле кој ти го рекол тоа :fubar: како може да ставаш лак за коса на лицето...
     
  18. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    и јас никогаш не ставам пудра без претходно да ставам крема за лице...можам да речам дека имам сува кожа така да без крема сум како со флеки по лицето :$
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Jаоооооооооо не ми се верува.
    Лак за коса?
    Лакот за коса е штетен и за самата коса, најчесто лаковите имаат алкохол и голема е можноста за појавување на перут и не му дава на влакното да диши.
    А да се стави на лице???
    Тоа е злосторство врз лицето.
    НИКАКО не пробувајте вакви глупости и измислувања !
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    ^^ Јас имам ставано лак за коса откако ќе се нашминкам, некогаш кога немам купено фиксатор и верувајте помага многу- некако посебен изглед добива шминката, плус трае цела вечер шминката.
    Досега немам добиено никакво оштетвуање на лицето, баш ми е супер кожата.

    И не е глупост, ова е мала тајна од модните кругови ;)

    Само не го правете ова често :)
     
    На Pipi321, Miss.N и mims-89 им се допаѓа ова.