1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Подобрување на имунитетот

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Marilyn-Monroe, 13 мај 2011.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Имунитетот е способност на организмот да ги препознае туѓите тела кои го загрозуваат и да се заштити од нив. Под туѓи тела кои штетно делуваат на нашиот организам ги вбројуваме разните бактерии, вируси и паразити. Имунолошкиот состав има улога да ги препознае, неутрализира, уништи и отстрани истите во процес кој се вика имунолошка реакција. Имунитетот функционира како механизам чија улога е воспоставување на бариера кон напаѓачите на организмот. Може да биде вроден или стекнат, активен или пасивен. Претставува еден вид интеракција помеѓу нас и нашата околина.

    Кога нашиот имунитет е слабо активен, подложни сме на разни инфекции и заболувања, а неговата хиперактивност значи предиспозиција за алергии т.е. автоимнуни болести (кога организмот реагира на сопственото ткиво).
    Имено, резултат на опаднат имунитет се бројните инфекции, генитални проблеми, вируси, болести итн.

    Само доколку нашиот имунолошки систем функционира добро, нема да се разболиме и покрај нападите од причинителите, а нема да имаме ни алергиски реакции.

    Покрај здравиот начин на искрана, за имунитетот е потребен и здрав начин на живеење, редовни (повеќе пати но помали) оброци, внесување на многу течности, редовен сон, хигиена, редовен спортски живот (макар тоа биле 2 гимнастики дневно или 20 минути прошетка во природа), избегнување на стресни ситуации, водење мирен и стабилизиран живот, да не се прегрижува човек над своите можности, одржување на насмевката ако е можно и преку целиот ден итн.

    Што знаете вие за имунитетот?
    Како вие се грижите за своето здравје?
    Како се справувате со опаднатиот имунитет?
    Што преземате за одржување на имунитетот на високо ниво?
    Алтернативна медицина или хемиски изведена?
     
    На 2468 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Едно време пиев апчиња Колострум и не чувствував некоја разлика во имунитетот.
    Мене не ме напаѓаат често настинки, грипови и вируси (за среќа), но често имам алергии на кожа - чешање, исип, црвенило и такви работи, кои исто така се поврзани со имунитетот.
    Матичниот млеч е одличен за зајакнување.
    Исто сум слушнала позитивни искуства за производите на Ајурведа, но не сум ги пробала.
     
  3. lady05

    lady05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    48
    За подобрување на имунитетот јас ви препорачувам АЛОЕ ВЕРА гел или џус, јас го пијам и многу ми е поубаво, пробајте......
     
    На AngIv, LittlePinky и kumanovce им се допаѓа ова.
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Во текот на летото, комплетно ги исфрлам суплементите во исхраната, и се пренасочувам комплетно кон здравата исхрана, односно алтернативната медицина. Поголемиот избор на овошје и зеленчук, несомнено го држи мојот имунитет на високо ниво.

    Она кое се стремам да не го заборавам е константно конзумирање на морков и цвекло - морковот е богат со бета-каротен, што значи и подобар тен :wasntme: , додека цвеклото го подига имунитетот и го подобрува составот на крвта. Во меѓувреме, на менито е цело сезонско овошје и зеленчук, во правилен распоред на оброците.

    Континуирано ги употребувам зелениот чај и чајот од рузмарин во текот на целата година.
    Покрај тоа, секојдневно конзумирам јогурт, кој претставува освежителен напиток со антибактериско и антиканцерогено дејство.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Мерлин ме потсети со морковот - мене утринска рутина порано ми беше: неколку рендани моркови, со малку шеќер, по можност оставени да отстојат во фрижидер така подготвени, се прават посочни.
    И така терав едно време и ми беше убаво, се’ додека не заборавив :D
    А можам пак да го правам тоа, зашто е стварно убаво дури не здосади.
    Утре морковчиња на гладно ^_^
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Мајка ми од пазар ми купува од некое специфично место :P и ептен се благи, па така си гризам. Инаку дома во бавча додека садеа, ги помнам по лутината морковите. :|

    Преку лето ме мава некој филм дека подобра боја ќе сум добиела, па си јадам активно. :$
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.832
    ^^
    Пробајте рендани моркови со сол ,киселина и масло :mm: :rock:

    Нешто што јас го практикувам.
    Наутро чаша млеко со кафена лажица мед.
    Поткаснувајте пред легнување лук со киселина.
    Пијте шумливи таблети мултивитамини.
    Јадете црн леб .
    Не оставајте да помине ден а да не конзумирате неколку овошки и зеленчуци.
     
  8. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    Имунитет

    Многу бактерии ,инфекции,заболувања се резултат на опаднат имунитет,па мора малце да поработиме на тој имунитет.....ај да споделиме мислења,искуства,совети,,како да го подобриме имунитетот?преку исхрана...итн..што препорачале докторите,ваше лично искуство?..
     
  9. m.jakimova

    m.jakimova Активен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Имунитет

    Najvazno e da se hranime zdravo!Da jademe povejke ovosja a da ja izbegnuvame brzata hrana!Da sportuvame i sl.
     
  10. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Имунитет

    Пиев едни капсули од треви многу ми помогнаа и би ви ги препорачала ама заборавив како се викаа точно,нешто како Ehina... и имаше неколку букви понатаму ако некој знае неке кажи :)
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Имунитет

    Одмарај повеќе, многу е важно да спиеш доволно за да имаш јак имунитет. Спортувај, биди физички активна, секој ден барем по 15 минути на чист воздух. И секако не смееш да ја забораваш здравата исхрана, овошје, зеленчук, доволно витамин ц. И секако, стресот и нервозите да се избегнуваат колку што е можно повеќе. :)
     
  12. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Имунитет

    Практикувам се што треба и пак имунитетот ми е катастрофа во последно. :swear:
    Спијам доволно, дури и појќе од потребно.
    Физичка активност редовно исто, колку толку гледам да јадам поздрава исхрана избалансирана со витамини и минерали.
    И резултат - настинка секоја втора-трета недела, а во последно и некои посериозни бактерии и воспалувања ппредизвикани баш од намалениот имунитет.
    Пиев и некои витамини или којзнаешто, беа за имунитет, му го заборавив и името, препишани од доктор ама џабе.

    Испаѓа дека џабе е сето горенаведеното ако си постојано под стрес. Барем од моево искуство имунитетот најмногу ми страдаше ради нервози некои и стрес.

    Мора да е се избалансирано за да е организмот здрав, физички и психички. Во здраво тело-здрав дух (во случајов важи и обратно).
     
  13. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Имунитет

    Мислам дека стресот е главен фактор во слабиот имунитет,џабе некако се сите тие здрави навики ако си секојдневно опкрузен со стрес ,барем во мојов слуцај
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Имунитет

    Ehinacea....така се викаат тие за имунитет,ако се истите ;) маж ми ги пиеше ама не редовно и незнам какви се
     
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Имунитет

    Кај мене е моментално опаднат,па пијам еден сируп за инунитет. :)
     
  16. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    Имунитет

    јас пијам селен за опаднат имунитет,цинк,,,секој ден пијам по 1 чаша јогурт...јадам морков обавезно..витамин ц на 2-3 дена една таблетка..и уште нешто од салата..зависи...кажете што мислите за ова...или споделете ваше искуство...
     
  17. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Имунитет

    Како се вика тој сируп и дали си го зема на своја рака или доктор ти го препиша?
     
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Имунитет

    да да на своја рака сирупот се вика Апифорте на природна база е како мед од Виталиа така побарај не е многу скап. :) можеш да земеш и имунал капки има.
     
  19. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    Имунитет

    Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Иако сите животни имаат некои имуни можности, малку се знае за немамалискиот имунитет. Цицачите се заштитени со различни заштитни механизми, од кои некои се неспецифични (на пример, бариери каква што е кожата), а другите се високоспецифични (на пример, одговорот на антителата).Под неспецифична одбрана се подразбира борење на организмот кон повеќе болести.Неспецифичната одбрана вклучува физички и хемиски бариери, воспалителен одговор и интерферони. Физички бариери можат да бидат недопрената кожа и мукозните мембрани. Бариерите се потпомогнати од различни антимикробни хемикалии во ткивата и течностите. Пример за таква супстанца е лизозимот, ензим присутен во солзите кој ги уништува клеточните мембрани на одредени бактерии.Друга линија на одбрана е воспалителниот процес при кој белите крвни клетки наречени моноцити и гранулоцити (на пример, базофили и неутрофили) стигнуваат до повредената област. Базофилите ослободуваат хистамин, што резултира во зголемен локален крвоток и зголемена пропусливост на капиларите и овозможува фагоцитозните клетки, како што се неутрофилите и моноцитите (од типот на макрофагите) да дојдат во областа. Истиот одговор се случува понекогаш и при треската. Доаѓањето на коагулирачкиот протеин фибриноген и други супстанци на повреденото место резултира во блокирање на ткивото со коагулум кој ја заѕидува повредената област за да го спречи ширењето на бактериите и нивните токсини.Интерфероните се протеини кои се ослободуваат од клетката инвазирана со вирус и им наложуваат на околните клетки да произведуваат ензими кои ќе ја спречат виралната репликација. Тие се причината што, во повеќето случаи, инфекцијата со еден вирус оневозможува инфекција со втор вирус.Ова е термин со кој се означува неможноста на одредени организми кои пренесуваат зараза да прераснат во партикуларни честички. Несусцептибилноста може да биде предизвикана од услови како недостаток на одредени супстанци потребни за раст на инфицирачкиот микроорганизам или телесна температура несоодветна за инвазивниот микроорганизам. На пример, кокошките се несусцептибилни (несоодветни) за развој на антракс бидејќи бактеријата не може да расте на нормалната телесна температура која владее во телото на ова животно.Главните делови на имуниот систем се коскената срж, тимусот, лимфниот систем, тонзилите и слезината. Лимфните јазли, крајниците (тонзилите) и слезината дејствуваат како стапици и ги уништуваат антигените од лимфата, воздухот и крвта, соодветно. Антигените се молекули на кои телото реагира со производство на антитела, високоспецифични протеини познати и како имуноглобулини. Во антигени спаѓаат бактериите и нивните токсини, вирусите, малигните клетки, туѓите ткива и слично. Нивното уништување се доостварува со белите крвни клетки (лимфоцитите, гранулоцитите и моноцитите спомнати погоре), кои се произведуваат и постојано се заменуваат од страна на клетките во коскената срцевина. Двата типа на лимфоцити се наречени В- лимфоцити (В-клетки) и Т-кимфоцити (Т-клетки). В-клетките се одговорни за производството на антитела во т.н. "хуморален имунитет".Природно стекнатиот активен имунитет се здобива кога телото е изложено на жив патоген, при што ја развива заразата и постанува имуно како резултат на примарниот имун одговор. Вештачки стекнатиот активен имунитет може да се здобие со вакцина, супстанца која го содржи антигенот. Вакцината стимулира примарен одговор против антигенот, без да предизвика симптоми на заразата (види и вакцинација).
    Вештачки стекнатиот пасивен имунитет е краткотрајна имунизација со инјектирање на антитела, како што се гамаглобулините, кои не се произведуваат од страна на клетките на примателот. Природно стекнатиот пасивен имунитет се случува за време на бременоста кога одредени антитела преминуваат од мајкиниот во феталниот крвоток. Имунолошката толеранција за туѓи антигени може да биде предизвикана експериментално со создавање на услови со висока толеранција, т.е. со инјектирање на големи количества на туѓи антигени во домаќинскиот организам, или со ниска толеранција, т.е. со инјектирање на мали количества на туѓи антигени во различни временски периоди.Имунитетот е од голема медицинска важност од средината на 20 век. Можноста на телото да одбива туѓа материја е главната пречка за успешна трансплантација на одредени ткива и органи. При крвната трансфузија, имуниот одговор е причина за неколку клеточни аглутинации или руптури (лизирања, разградувања) кога донорот на крвта и примателот не се имунолошки компатибилни (види и крвна група). Имуна реакција може да настане и помеѓу мајка и бебе (види и Rh-фактор). Алергијата, анафилаксијата и серумската болест се манифестации на непосакувани имуни одговори.
    За многу дегенеративни нарушувања при стареењето, како артритис, се мисли дека се нарушувања на имуниот систем. При автоимуни зарази, како ревматичниот артритис и лупус, индивидуите произведуваат антитела против своите протеини и клеточни компоненти. Комбинации на туѓи протеини и нивните антитела, наречени имуни комплекси, циркулираат низ телото и можат да предизвикаат гломерулонефритис и Брајтова болест (болест на бубрезите). Циркулирачките имуни комплекси по инфекција на црниот дроб со вирус можат да предизвикаат артритис.
    Краен екстрем од спектарот на непосакувани услови е самиот недостаток од имунитет. Во детството, ова отсуство може да резултира од конгенитална неможност за производство на антитела, па до неколку нарушувања на имуниот систем, кои ги оставаат индивидуите незаштитени од зараза. Овие услови се летални за децата. СИДА-та, која целосно го уништува имуниот систем, е причинета од ретровирус наречен човеков имунодефициентен вирус (ХИВ), кој беше идентификуван во 1981. Тој ги инфицира помошните Т-клетки, со што го оневозможува дејството на имуниот систем и го доведува човекот до голем број на прогресивни компликации и смрт. Најчесто заболуваат од (ХИВ) - СИДА оние луѓе кои не користат заштита при полов однос. Оваа болест не може да се пренесе преку бакнување, ракување и гушкање.За оваа болест сеуште не е пронајден лек.(извадок од една медицинска книга)
     
  20. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Имунитет

    Најубаво е ако по природен пат си стекнеш имунитет со многу витамини,здрава храна,овоѓје,зеленчук....
    Има многу на природна база препарати,само појдете во аптека и ќе в препорачаат.Но тие треба да се пијат неколку месеци за да се добие ефект.Поскапи се ,еве мајка ми пиеше екомер,за кои џабе фрли пари.