Др Марија Христовска, таа ми ги водеше прегледите после првиот скрининг. Инаку јас сум скоро 20 год кај Др Таше тој ме породи со првото дете во државна, но сега повеќе на ивф работи и ме упати после 12 недела кај Марија Христовска. Секоја чест на докторката. 24/7 достапна за се и сешто ми беше. Смирена, позитивна. На пораѓај цело време беше над мене. И секоја чест на бабицата која 90% од пораѓајот го изврши таа. Пак да би раѓала не се мислам за Истава екипа. Ти до кај си И каде сакаш да се породиш? Со лесно
И мене ме води др. Марија Х. Навистина само пофални зборови за неа, секогаш смирена, објаснува се што и да прашаш, достапна постојано. Во среда здравје сум на преглед кај неа па ке ми каже кога треба да ме пораѓа. Немам искуство со пораѓај, но се надевам дека сум во добри раце
Jas sum.35nedela I sakam.vo plodnost da se porodam. So prvoto pred 2god se porodiv tamu no me poragase drug doktor sega se mislam kaj koj doktor da.odam
Се породив во Плодност,и мое мислење е дека секоја мајка заслужува таков третман па дури и во државните установи. На жена што носи еден живот на овој свет потребна и е таа нега и ништо помалце. Можам да дадам пофални зборови до сите сестри доктори и цел тим и исто така да го пофалам анестезиологот др.Трајан Ивановски бидеќи немав прилика да му се заблагодарам за поддршката која што ми ја даваше во текот на пороѓајот. Сето тоа ми беше прекрасно искуство. Вреди секој даден денар, дај боже да може секоја мајка да си го дозволи тоа. Поздрав мамички ве гушкам
Сега баш бев Битола, и за ова се зборуваше, меѓу другото... Сите, ама сите кои можат да си дозволат да платат, во Плодност се пораѓаат.
Условите од катастрофа малку полошо јас дури бев немаше топла вода 5 дена бев со царски во тие 5 дена идеа децата од пракса медицинско и демек ги местеа креветите чаршафи не менваа само го местеа ако дојди некоја нова со легнува на истите ужас .Бебето исто не капено едвај еднаш го зедоа демек го искапија таму кај нив... јас од како ме префрлија во соба почнав во депресии да пагам оти сварно никој не те гледа не го интересира дали треба нешто или не кажувам за кај што бев јас во одделот за царски рез . За разлика од тоа пред да ме однесат во соба на операција и во интензивна поминав супер докторот цело време беше тука ме посетваше ако треба нешто ми носеше ...
Ке издржиш мајка ко ке појдиш дома ке се ослободиш посебно ко ке видиш како те гледа душичето само тебе и само со тебе се смирва ...
@hristin4e se spremam za tamu...predhodniot poragaj koga lezev bev vo vip sobata super pominav..da si ja baram pak
незнам мајка јас сум незадоволна од сестрите и луѓето таму .... ако е подобро во вип барај ке кажиш за следно и јас ке барам
Јас лошо поминав пред две години во вип собата. Добро беше што имаше клима и посета кога сакам,во тоа време сега може е сменето. Креветот беше скоро скршен ниту за лежење ниту за доење можев да се наместам од страв да не се превртам. Исто кога ме спремаа за царски супер поминав,во операциона супер со Вељановски,Чипуровска и Струмениковска. Во шок соба исто сестри сите услужливи. Хоророт почна на неонатологија од Мери и компанија сестри. Од гинекологија ме испуштија по два дена,ваму ќе ми се сили дур не научиш да доиш нема да те пуштам. Јас добра,дете добро таа ќе ми се сили. Реков дај документ да потпишам дека си одам пред да ти викнам и министер и се по ред,пошто вие требаше со сестрите да ми покажете и научите да дојам,а вие цигарите и спиењето. За пет минути ме пуштија,вика ќе се видиме пак. Реков наредно пак ќе одам кај лепотанот да родам и дирекно дома од вас аир не видов. Вика без доење ќе си го запустиш чупето,реков браво три дена тука не сте виделе ни дека е машко. Од инает да го дојам брадавици вовлечени не му даваа вештачко дете плаче гладно. Мажот ми му носеше неколку пати од дома. Кукаат им претеле,со тоа понашање и просење пари само за ќотек се.
Исто исто сегде поминав супер само до моментот на префрлање всоба е тука кошмари стани сама ајде облеквај се јас 24ч не мрдната тие викаат демек ајде види се колкава си можиш да станиш тоа боли тие викаат сестри бараш нив ги нема ама то е ке помини... докторот иди вика ја има некој видено чепчиња нема примено 4 дена гладна седи и му викам дека сама на своја рака со зедов си ставив тој се чуди ама ши да прај ...
@mamaibebe Со лесно да поминеш. Да не мислиш те плашиме,само да си бидеш спремна на какви доктори ќе налеташ. И заборавив име од Охрид доаѓаше педијатарка единствено таа беше нормална и сестра Жаклина не просеја пари. Колку си покултурен со нив тие обратно. Сега да сум уште од пред врата ќе им свикам за да размисли убаво дали е дојдена на работа или во кафич.
Пред царскиот имав две операции на миоми,ист рез,болка терапија,станување и закрепнување и затоа станувањето не би беше тешко. Анестезиологот од Скопје ми рече на таа болка терапијата што те следува е малку затоа ако имаш болки измеѓу инекциите напи се нешто против болка. Пиев бруфен и станувањето не ми беше болно,шетав нон стоп,се туширав,плус и дрен имав. Нели трипати имавме право во дента да го видиме бебето,одам тоа спие и од еден ќош жена без мантил чита списание и вика по мене:еј немој случајно да го разбудиш кој ќе ти го нишка. Таа да ти била сестра,викам ако има бебиња за нишкање донеси ги ќе ги нишкам,тоа што го читаш мене одамна ми е прочитано и си излегов.