Сакам да ве прашам дали сте ставале порцелански заби, колку чинат и дали има некои последици?! Јас имам еден заб, преден што ми е крив и сакам да го заменам за порцелански. Протеза не доаѓа в предвид, бидејќи фиксната е многу скапа, ми кажаа дека е 500 евра, а мобилна носев еден период ама без поголеми ефекти. Фала однапред.
JAS SKRSIV PREDEN DOLEN ZAB, A KAKO POSLEDICA OD PADOT MI SE ISKRIVIJA I SOSEDNITE DVA, PA STAVIV VKUPNO 3 PORCELANSKI, PO 50 EVRA SEKOJ, BEZ MAKA I PROBLEM. sEGA SAKAM I GORE DA SMENM NEKOI AMA KAO STO SAKAM SITE KE VIDIME,,,,,,
Jas staviv i toa celata gorna vilica po 60 evra od zab, eve sega ja sreduvam i dolnata ama dole mi se samo 3 zaba. Ne e bolen procesot samo problemot e od koga ke gi istrugaat zabite uzasno se osetlivi na toplo i ladno. EDna nedela voda nemozev da se napijam ama pa sega eheehee
Tака стругани недела дена ги носеше за колку време ставаат заб како ке шетам така срам ми е . И дај кажете кај кого одите на забар имам страв од лоши лекарисакам во Ендомак да одам има ли некој искуство си нив таму како работат.
Никако немој само за крив заб да ставаш навлака!!! Ако ти е потемнет, скршен или такво нешто, ок, ама ако е здрав - во никој случај!!!!!!Колку и добро да се изработи, вештачкиот ќе двои од природните заби. Јас сега ставав 2 порцелански, ама само порцелан, без метал внатре, и сум задоволна. Обична навлака, со метал внатре е 50 евра, а овие моиве 150 евра (еден заб), барем толку ми наплати мојот заболекар, а навлаките ги правев во Скопје во Ѓорче зад СП Планет, забната техника се вика Рим. Ама уште еднаш, САМО ЗА КРИВ ЗАБ НАВЛАКА НЕ!!!
Срцка јас од кавадарци сум за во ск незнам и што ме праша да една недела стругани ги носев и од дома не излегував освен за на работа каде што носев маска.
Јас имам ставено 4 навлаки на 4 предни заби на горната вилица (1 и 2 лево и десно) и не се ни забележува дека ми се навлаки. Ги ставив затоа што едниот заб ми беше скршен, а останатите 3 ми беа многу тенки. Навлаките ги платив 200 евра (50 евра за 1 заб).
Душо види сега, да си расипуваш здрав заб е греота. Ама ако си решила добро распрашај се кои ти се опциите. Како и да е, кај навлака само на 1 заб, те коронка нема да ти гарантираат многу временски, затоа што тука нема добра ретенција, осбено на предните заби каде што има мали и грацилни коренчиња. Така да, ништо чудно и ако ти препорачаат мост. Е сега тука треба да расипеш 2 или 3 заба, во зависност од мостот. на пр да речеме дека сакаш да смениш 1, тогаш ќе мора и 2 до неа да ја стружеш и да и ставиш навлака, а на 1 до неа ќе мора да имаш метална кукичка, која е малку видлива (таа е од метал), ако нејќеш со кукичка, тогаш мораш и др 1 да ја уништуваш! Значи тоа се 3 заба. А за тоа што се плашиш со истружани заби да одиш не се секирај, имаш опција да ставиш привремени, може од акрилат да ти ги направат или пак со малку пломба да замаскираат за тие неколку дена. А за порцеланските коронки ти давам едно големо ДА! Сепак не би било лошо да размислиш и за имплант,. Тоа е вештачки надоместок кој се става во коската, со штраф, и е ТРАЈНА инвестиција, стварно вреди. Е сеа тие ти се малу поскапи, околу 600-700 евра, но се исплати, зошто мост или навлака , кога-тогаш ќе падне, па мора ново,, а ова не, ова си седи. Ти кажав, добро размисли, греота е да си уништуваш здрави заби
За крив заб исклучиво само протеза, а уште повеќе, ако имаш место каде да „легне“, тогаш дефинитивно протеза и тоа фиксна. Не ми е јасно, сакаш порцелански заб, а не сакаш да платиш за фиксна? Претпоставувам дека ти рекле оти на двете вилици ќе мораш да носиш протеза, зошто инаку би ти наплатиле 500 евра за една, кога е 300 евра. Веројатно кај тебе ситуацијата е посложена, веројатно се работи за некоја втора класа - збиени заби и во двете вилици. Ако забот ти е видливо крив, поставен надвор од забната низа, тогаш ниту порцеланската коронка не е решение. Има различни опции, ама треба да се види случајот каков е, не е за сите исто. Yummu, нема врска за кој заб се работи, сите би препорачале мост, не зашто така е најправилно, туку заради пари. Како и да е, порцеланската коронка може многу долго време да издржи, ама кога е само порцелан. Ако е метал керамика - т.е со метална основа и порцеланска обвивка (најпросто кажано) тогаш металот може да направи проблем, ама пак ќе кажам, се зависи од случајот.
Не ми е јасно нешто. Порцелански заб е 50 евра а имплант 700 евра? А која е разликата помеѓу тие две, ако може некој да ми објасни.
јас имам порцелански заби и сум мн задоволна од нив пу пу да не ги урочам хихихиих...добра работа е според мене го застива забот плус убав си на изглед....а исто така сакм да ствам и имплант или штравче...раззликата блубери93 е тоа што ипкант е всушност пресадување на заб и има гаранција вечно да ти трае а порцеланскиот е поевт што нема некој голема гаранција а и материјалот од сто е правен е поевтини а иплант е мн покмплициран работа и повек материја се тоши што е доста скапппппппппппппп!
Имплантот не е пресадување на заб, тоа е всушност ставање на (најчесто) титаниумски шраф во коската и на него се прикачува коронка. Ова најпросто што можам да ти објаснам. Еве вака нешто Имплантите се поскапи не дека повеќе материјал се троши, туку поради самиот материјал кој се користи, а најчесто се прават од титаниум, кој можеби е најблиску до тоа да биде биокомпатибилен, т.е најмали се шансите да биде отфрлен од организмот. Има различни видови импланти, а каков ќе се примени, зависи од случајот. Потребна е оперативна постапка, после која се следи пациентот одредено време за да се види дали организмот ќе го прифати или отфрли имплантот. Ниедна протетска надоградба нема доживотна гаранција, истото важи и за имплантите. Никогаш не се знае како организмот ќе реагира на туѓото тело, па затоа постојано се испробуваат нови материјали и нивните својства, со цел да се пронајде најсоодветниот за изработка на импланти. Инаку, тоа е можеби и најдоброто естетско решение за замена на помал број изгубени заби, но освен тоа се користат и за решавање на случаи дури и со тотална беззабост. Како што реков, доживотна гаранција нема, но ако организмот го прифати, може да потрае доволно долго, барем 15-20 години, исто колку што е гаранцијата за керамичките протетски надоградби. Што се однесува до оние протетски надградби што кај нас почесто се користат, може да бидат или комбинација од метал керамика или изработени само од керамика. Така се изработуваат и единечни заби, како и мостови. За единечни заби е потребно барем коренот да биде употреблив, во него се става метално колче, па се изработува навлака, а во друг случај се стружат и соседните заби и се изработува мост. Како што кажав, зависи од ситуацијата.
Јас сум забен техничар по професија и незнам можеби во Скопје е поскакпо (едно макијато е поскапо а не друго )но 150 евра за 1 безметална коронка е многу , тука кај нас 30-40 евра е еден заб (метал+порцелан) , а имам работено во повеке техники го употребуваат истиот порцелан но разликата е само во парите ,а некои дури гледаат да пројдат поевтино и употребуваат послаб метал но сепак на крај најбитен фактор се забите и одржувањето на истите ,а безметалните коронки се поевтини (помалку работа и материјал) барем тука кај нас
И јас треба да ставам навлака за десната двојка ,откако ми го извадоа живецот ми позелене Само секој ден се терам - ај денес ,ај утре...
Имам еден порцелански заб, бидејќи ми се скрши забот додека јадев пуканки (којзнае што сум грицкала ) Ми ставија таква навлака порцеланска врз скршенот заб обложен со пломба, ама ми траеше речиси година дена - ми падна навлаката со се забот скршен. Пак отидов да ми ја наместат, ама овој пат ставија и метално колче (шрафче или ватевер), така да се надевам дека ќе биде во ред сега Инаку првиот пат платив околу 40 е, а вториот пат ништо ваљда нешто гаранција имало...
И јас ставив мост али има метална основа и порцеланска обвивка ...се чувствувам доста чудно и кога ке го подбутнам со јазик имам чувство дека мрди нормално ли е или треба да го чувствуваш како сопствен заб да не чувствуваш дека мрди ?
Не гледам причина да не се стават порцелански заби, но само доколку навистина е тоа потребно. Јас имав таква потреба, поточно кажано морав да ставам. Ставив од тие од 150 евра што се и сега за сега не можам да се пожалам и за изглед се добри а и не ги чувствуваш како да не се твои... Така да, доколку некој има потреба слободно нека стави.
Хм... Не би требало да чувствуваш како ти мрда... тогаш ваљда нешто не е во ред, оди до кај твојот забар и види си на време, да не ти биде полошо после.