1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пост

Дискусија во 'Религија' започната од Lovely, 13 февруари 2010.

  1. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Серафима, во погорниот текст имаше напишано дека можеме да консулмираме алкохол само во сабота и недела :^) ! Јас колку што знам, колсумирањето на алкохол не е дозволено за време на постот особено виното бидејќи со вино се прекинува постот!
     
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266

    Вака, навистина велигденскиот пост е доста строг пост што во еден случај и покрај тоа што сме недостојни не треба воопшто да конзумираме алкохолни пијалоци, но сепак значи од страна на црквата е дозволено. Во саботите и неделите да се јаде масло и вино. Зошто? Пред се не знам дали ја знаеш симболиката на деновите значи што се празнува во сабота и недела (саботата е ден за упокоените, а исто се слави и споменот на Мајката Божја, додека неделата е ден на Христовото Воскесение). Да точно со вино се прекинува постот, но строгиот пост односно тоа не е ни вино како ние сите што мислиме, тоа е Крвта и Телото Господово. Знам дека ти е чудно и можеби нема да можеш да ме разбереш, но тоа не го кажувам сама од себе туку тоа е кажано од страна на црквата како треба да се пости. А тие правила и прописи се наречени со еден збор Типик, како треба правилно да се пости. Но, ти ако сакаш можеш да не пиеш алкохолни пијалоци (а исто и ние не практикуваме воопшто), сепак тоа зависи индивидуално од секој. Додека ако се работи за човек кој редовно пости, може и во тој случај самиот духовник гледајќи ја неговата душевна состојба и подвиг, самиот да му рече да пости построго, како повеќе постење без масло, без алкохол... Друго нешто е тоа што ако ти мислиш стрикно на овој пост и ако имаш слушнато од некој свештеник дека не треба воопшто да се пие алкохол, но сепак ќе речам потруди се и прашај некој друг свештеник дали за време на пост во сабота и недела е дозволена употребата на виното?
     
  3. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Благодарам Серафима на извоеното време за да ми го објасниш ова! Иначе да сторого постам односто се придржувам на старинскиот начин( онака како што порано старите постеле, а некако сега што постат со посен кашкавал, макарони посни и ред други работи)! А, за ова со алкохолов ми е малку несватливо :)! Благодарам уште еднаш на издвоеното време :)
     
  4. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    И јас имам постено, токму велигденскиот пост, многу ми е жал што сега не можам поради здравствени причини , земам многу лекови инаку многу сакав да постам, таква смиреност никогаш немам како кога постам. Да, треба да се практикува единствениот и најстар начин на пост, но во исклучителни ситуации отецот може да ви дозволи да постите со масло само во петок без,,, или не знам нина ми на пример зема многу лекови но сака да пости па отецот и дозвооли да пие млеко... Сакав да кажам дека понекогаш се прават отстапувања...Нема ништо поубаво од духовниот мир, од причеста и примањето на Бога во себе...
     
  5. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Од кога почнуваат велигденските пости сакам и јас да постам?!
     
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Почнаа веќе,од 7 март до 23 април се постите.Целосни 40 дневни.Е сега јас имам постено една недела пред Велигден,без зејтин,можеш така да постиш.Незнам дали би издржала 40 дена не сум постела до сега.Е сега околу причествувањето мислам дека можеш да се причестиш и со една недела постење пред Велигден.Има девојчиња на сајтов што се повеке навлезени во тие работи па ќе ни појаснат.Тоа обично важи за болни,за деца,за оние што неможат здраствено да издржат.Ама од друга страна пак имам слушано поп дека и без исповед не треба да се зема причест,а кај нас ретко кој се исповеда.
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Во однос на постот и како правилно да се пости

    tanja6, мило ми е што се обидуваш да постиш и сакаш да дознаеш нешто повеќе во врска со постот.

    Нашите бабички, прабабички, бајачки... постојано ни изнаоѓаат нови моди на постење и причестување. Многу луѓе не знаат како треба да се пристапи кон Светата Причест (Евхаристија), како да се пости, што треба да се прави. А работата на бабичките е постојана и еден ден само ќе си слушнеме ама зошто да се исповедаш, зошто да ги постиш целосно постите, ајде пости си една недела и Причести се, и така денес скоро сите знаат дека е доволно постењето само една недела и готово. Не, тоа е грев.
    Постот е лекарство. Тоа е лек за душата и каква полза ќе имаме ако го земеме лекот само една недела и потоа го оставиме, како што го правиме тоа денес со постот (нажалост), пости само една недела и готово. Правилото е тоа, дека потребно е да се пости (конкретно за велигденскиот пост) 40 денови, што го симболизира Господовиот пост во пустината и плус уште една недела која го претставува Христовото страдање, измачување, распнување... За овие пости, правилата се доста строги, најстроги во однос на останатаите пости. Според правилата и одредбите на Православната Црква за правилно постење во овие пости, тоа е: Од понеделник до петок се пости строго (без масло), додека само во сабота и недела се блажи со масло. Риба се јаде само за Благовештение и Цветници (повеќе не). Единствено им се разрешува на бремените жени, старите и изнемоштени луѓе, децата, болни кои примаат доста јаки лекарства, но сепак пост, пост со масло.
    Исповедта е најважното нешто во постот, ако човек пости, а не се исповеда тој буквално не направил ништо. Таа Причест не е за спасение, туку за суд и за осуда. Јуда што направил, иако бил на Тајната Вечера и се причестил, јадел со сите други пак заминал и го предал Господ. Не го правете истото. Постот е средство со кое ние се очистуваме, воздржуваме, ги умртвуваме телесните страсти, но исповедта е лекарството. Тое е покајание и прошка на нашите гревови, за кое со постот сме сакале да го постигнеме. Но, денес ретко кој се исповеда.
    Ве замолувам од дното на душава, ве молам исповедајте се за да ви се простат гревовите.
    Не мислете на свештеникот дека ќе прекаже нешто, во никој случај не мислете на тоа . Не му го кажувате тоа не свештеникот, тоа го признавате пред Господ, иако Тој видел се. Тој го бара само тоа од нас, да го признаеме нашиот грев, да се покаеме за стореното, но да Му го кажеме Него преку Светата Тајна Исповед. Зашто во Светото Писмо убаво пишува дека се што ќе разврзете на земјата ќе биде разврзано и простено, а се што ќе биде скриено ќе биде задржано вечно. А што е тоа? Тоа е точно Светата Исповед, ако се каже и се` се исповеда овде на земјата се ќе биде простено, но ако не биде исповедано се ќе биде за суд и за осуда.
    И уште нешто од предминатиот пост исто поврзано со правилното постење.
     
    На molikaMk и andrijana-pandora им се допаѓа ова.
  8. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до оние кои постат,што јадете кога постите без масло? Колку што знам јас последната недела што се пости пред Велигден,се пости од денеска од цветници нели? Јас имам постено ама поодамна.Знам дека зеленчук,овошје може да се јаде,леб,мармалад,што друго можеше?
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Има посни маслинки, во солило без масло, прашај по маркетите ќе ти дадат.
    Печени компири, локум (не сум сигурна за локумот ама мислам може)...
    Па тоа е тоа :)
     
  10. Mitrovska95

    Mitrovska95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    508
    Сакам да ве прашам дали смее да се има дечко за време на Велигденскиот пост? Некој ми вика може додека постиш со зејтин, прва и последна недела не.Дали знаете? Благодарам :*
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Смее да се има дечко, ама не смее да се прави ништо со него.
     
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    tanja6 има многу јадења кои можат да се подготват без масло, само она што недостасува е волјата на човекот така строго да пости.
    Конкретно за прашањето, ете наведе и LivingGlam нешто, значи се она (скоро се) што го подготвуваме на масло може и без него. Неколку идеи: салата од варени компири зачинета со сол, буковка, киселина; варен грашок, варен грав, варена леќа; подварок од зелка со ориз; чорба од спанаќ и ориз; ако некој јаде макарони со сос од патлиџан, лукче, кромитче и зачини; чорба од пасирани варени компири, моркови, целер, пашканат.. + зачини (оваа ни е најомилена и секојдневна, нема да зажалите ако ја пробате); домашно месени ѓевречиња; домашно месена блага погача со рендана кора од портокал или лимон; домашно лебче; или поскромно: свеж зеленчук со сол како патлиџан, краставица, чај, какао, буковка со лебче, овошје, мед ....
     
    На tanja6 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Серафима сакам јас да те прашам нешто... За време на постот дали смее да се пие кафе и да се пушат цигари??? И јас баш оваа недела не сум "чиста" од менструалниот циклус... Дали смеам да се причестам во сабота зошто до сабота ќе ми заврши циклусот.
     
  14. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Ако ти заврши циклусот причести се, а јас се имам причестувано и со менструален циклус. Сум постела 7 недели и да не се причестам дека сум добила. И ова не си чиста. Зошто бре не си чиста. До кога со тие сфаќања? Ако не не допирај ништо додека имаш добиено затоа што не си чиста.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.795
    Допаѓања:
    65.512
    Пол:
    Женски
    Измиј се убаво пред да одиш да се причестиш.
     
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Оккк :D А за кафето и цигарите дали знаете???
     
  17. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Па кога постиш не треба да пиеш, да пушиш, дека се откажуваш од сите пороци. Но кој го почитува тоа е знак на прашање. За кафе јас си пиам турско само, зашто стварно без кафе не можам. :)
     
  18. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Sega za 3 meseci pocnuva nasiot post, mesec ramazan.ako sakate mozam da vi kazam kakvi se pravilata kaj nasiot post. Pozdrav
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас сум го постела во целост велигденскиот пост и еве ќе додадам уште некои предлози за посна исхрана-
    сарми,во кои наместо мелено месо има сецкани печурки и соја трошки,а убаво е да се додадат и суви пиперки.Понатаму има еден посен мајонез кој се прави од нишесте во домашни услови и со него може да се прават салати слично како руската само без салама секако значи со компири, морков, грашок, корнишони.Од пекарските производи покрај варениот ѓеврек,посни се и пекарските кифли,кои може одозгора да се премачкаат со малку сенф растворен во малку вода и така ќе добијат поубава румена боја :) .Печурките со доматен домашен сок или доматно пире + босилек се вкусен додаток за тестенини,исто чорба од печурки со мирудии може да се јаде.Гравот,леќата,грашокот,оризот и зелката се главни варива за ручек,бидејќи се богати со протеини и даваат повеќе ситост,компирот се јаде варен и печен ако имате греење на дрва во пепелта,може и пире,кое може и со суви пиперки да се измеша.За појадок леб и мармалад,со чај или какао или овошен сок,јас јадев и леб и кечап со кромидче понекогаш.

    Еден другар од мој бивши дечко постеше и бараше супститути на скоро се‘ на растителна основа-соино млеко,растителен кашкавал,посна пица и др. меѓутоа одеше кај свештено лице за консултации во врска со постот.И беше опоменат како целта на постот не е да се најдат замени во исхраната.Јас се согласувам во целост со ова,бидејќи постот подразбира одрекување и одредена дисциплина,не секој е спремен за вакво нешто.И храната е само еден дел од постот кој опфаќа и сексуална апстиненција,воздржување од лоши мисли,зборови и постапки.
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Е баш тоа сакав да спомнам Теодора. Растителен кашкавал, соино млеко, ќофтиња од соја... и ништо не ќе почувствуваш од постот. Работата е да се воздржиш, да бидеш чист во мисла и збор, и да јадеш малку и скромно.

    Суви пиперки толчени со праз може. Со вода и киселинка, многу се вкусни. Може да се направи и салата од варени компири и суви пиперки, кој сака може и печурки да стави.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.