1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Почеток или враќање на старата љубов

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Valerin, 19 мај 2013.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Искрено, не знам како да започнам...
    Се срамам бидејки се најдов во ситуација да пишувам овде на форумов и да ве замарам вас мои драги феминки со своите проблеми (овојпат на љубовен план).
    Но, ете немам со кого да разговарам, :( бидејки имам многу тајни, а сакав со некого да бидам искрена па одлучив овде.
    Се надевам дека докрај ќе прочитате и ќе се обидете да ми помогнете.

    Значи еве да почнам...
    Веќе цела недела по ред излегуваме, значи друштво сме кое брои околу 15 членови се на се, што значи дека нашето друштво е големо и разновидно.
    Меѓу нив е и тој, кој мене многу ми значи. Но, не во смисла како дечко, дека сакам да бидам со него, туку повеќе како пријател.
    Е сега не ме сфаќајте погрешно. Тој е 4-5 години поголем од мене и е прекрасен. Значи внимателен, добар и забавен, ама, тука има едно големо но, - не е слободен. :(
    Тој тврди дека неодамна раскинале со девојката со која одеше цели 4 години, но според фотографиите на фејсбук кои ѓи постира и лајковите кои и ѓи става, јас не мислам дека е тоа така.
    Мислам, дека меѓу нив сеуште не е готово во потполност. Башка не знам ни што се случило меѓу нив, така да таа тема ми е потполна енигма.
    И за сето ова немаше воопшто да пишувам овде, завчера да не ми даде тој повод за тоа.
    Ме викна на страна, ме бакна пред сите како гром од ведро небо и ме прегрна.
    Беше цела ноќ со мене, но повеќе се мувавме отколку што разговаравме, а тоа воошто не ми се допаѓа но не е важно. Важно е дека мислам дека тој се обидува мене да ме замени со неа :| а јас несакам да бидам ничија постојана замена.
    Мене тој ми се допаѓа, и се е океј, но проблемот е во тоа што и јас сум премногу комплицирана за вакви работи. Не сум сигурна што сакам, а треперам додека сум во неговите прегратки, а од друга страна разумот ми вели да се соземам и да дојдам при себе бидејки ништо од ова не е реално и несакам тој да биде оној што ќе ме остави, туку јас сакам да бидам таа ако веќе дојде до нешто такво.
    Плус, проблемот е во тоа што не сум јас навикната 24 часа да бидам со некого и да се бакнувам, а тој тоа го сака.
    Во секој случај јас не сум ОНА и нема никогаш да бидам, а ниту пак сакам. И ако забележам дека ја спомнува или сеуште кликнува ,,ми се допаѓа'' на нејзиниот профил, ова ќе го завршам многу побрзо отколку што треба. :!:
    И еве денес пак ми ѕвонеше, а јас незнаејки што да сторам го оставив телефонот и не одговорив на неговите повици. :tmi:
    Помош?
     
  2. jerryy

    jerryy Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Епа вака, по муабетов гледам дека горе долу сме исти. И јас не знам шо сакам и сум со 100 ума. Според мене мислам дека ти треба да си останиш во контакт со него по некое време времето ќе си покажи дали те сака или пак си му замена за старата љубов..само немој да се затрескаш премногу во него, контролирај ги чувствата...немаш шо да изгубиш. :))
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Проблемот е во тоа што јас важам за приземјена личност која знае да заведе, да ѓи исконтролира своите чувства и емоции, но сепак страв ми е овојпат дека ќе биде поинаку, и ова е еден од оние моменти кога се плашам од самата себе. :|
     
  4. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Jaс пред една недела запознав така еден тип кој беше 5 години постар од мене,ми кажа некој работи и ја готово за малку ке се затрескав ама ова ти го кажувам за да видиш како заврши се , ми кажа дека раскинал со неа пред еден месец а за први мај биле заедно. Ја како ја се изнервирав кога дознав се и го зарежав и потоа зборел на цело друштво дека повторно ке се смират со таа бидејки не можел без неа. Затоа ти го дадов овој пример за да не брзаш со емоции само забавувај се со ум без срце :) Затоа што ке бидеш повредена и внимавај :*
     
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Ти благодарам за советот angel4ee. Ќе се обидам да внимавам. Но, треперам во неговите прегратки. Се чувствувам сигурно, бидејки тој пред се е добар човек, бар таков впечаток ми остави, и нема лоши мисли но, сепак гледам по фејсбук дека сеуште и лајкнува фотографии и слично. Но, ајде, не се фаќам како слепа за стап уште веднаш, и не избрзувам со заклучоци но, мислам дека ако успееме да ѓи надминеме овие бариери ние би биле по прилично добар пар.
    Еве веќе почнавме да разговараме на посериозни теми и да се пронаоѓаме во однос на амбициите и интересите, па се надевам дека во иднина ќе биде уште подобро. :)
     
  6. jerryy

    jerryy Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3

    Мисли позитивно..во секоја работа мора да има нешто добро :D
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Мене ако ме прашуваш, како прво, воопшто не ми се допаѓа понашањето на типот. Демек се фура мачо стил, сите го сакаат, бла бла. Се` додека не ја истражиш убаво ситуацијата, не оди понатаму. Можеби сака да ја направи љубоморна девојката поради нешто што имало меѓу нив (можеби затоа и те бакнал пред сите, можеби баш сака тој таа да дознае) и кога ќе му успее тоа ќе и` се врати, а тебе можеби и без „чао“ ќе те остави. Затоа, моја препорака, размисли, убаво прегледај ги двата таса од вагата и ќе знаеш што да направиш.
     
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Знаеш дека си во право? :)
    Не се секирај, јас сето тоа го имам земено во предвид, и после вчерашната бурна ноќ сфатив дека дефинитивно треба да ја смирам топката. И токму поради таа причина одлучив денес да не се видам со него.
    А башка, мене ми е и ради друштвото, бидејки претежно се парови и ако прекинам со него, ќе немам со кого да излегувам. :|
    Многу сум исплашена tessie, башка прв ми е, претходно не сум била во вакви односи со никој.
    И не знам дали е сега паметно да чекам поволен момент за да ѓи отворам картите на маса и да го прашам какви му се односите со старата девојка за да знам на што сум бидејки вака не оди...
    Ама ако го сторам тоа можеби тој ќе мисли дека го сакам и сум за сериозно со него, а тоа несакам да го мисли, од две причини. Првата е бидејки несакам да бидам повредена, а втората несакам да го исплашам бидејки можеби сешто сака со мене е мување.

    А и да не заборавам, на фејсбук ѓи нема избришано старите фотографии од неа. Сеуште се во исто време вклучени, иако не си ѓи лајкнуваат. Ама сепак, таа става некој слики со тажна содржина, а тој песни, така да очигледно е дека сеуште постои нешто.
    Мене единствена цел ми е да дознаам што е тоа што постои меѓу нив? Љубов или само недостиг и жал за нешто изгубено?
    Ако е второто, јас сум подготвена со него да ѓи пребродиме старите спомени и да створиме нови. Нормално доколку биде искрен со мене, но ако не, крај! Не одам понатаму, бидејки немам во план да ѓи погазам сопствените принципи и да се изгубам себе си за некоја врска која и онака порано или подоцна ќе стане минлива.

    Совет? :|
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Многу размислуваш, ти во главчето веќе ја почна вашата љубовна врска, и го виде текот и спремна си да раскинеш за да тој не ти раскине :D А воопшто не знаеш ништо со сигурност туку само претпоставки.
    Олабави малку и остави да си течат работите, ќе се појават сами моментите кога ќе треба да се разговара за поозбилни ствари. И да не дојде до тоа, што си се исплашила толку да не бидеш повредена? Што е најлошото што може да се случи? ќе си поплачеш малку и ќе ти помине :D И сама кажа дека не ти се толку чувствата јаки спрема него, само веројатно сакаш чисти односи. Ама пак толку чисти односи на почеток на нешто и тоа во тие години ретко каде има. Не форсирај ништо, имај си резерва кон него за секој случај како што имаш, и надевај се на најдоброто. Поздрав.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Не се преоптеретувај со непотребни работи. И што ако во друштвото се само парови само ти си слободна? Голема работа. Не се лигават ваљда 24/7 па да не можеш и ти да се забавуваш со нив, да си фрлиш муабет. :)

    Доколку навистина сакаш да отвориш прилика вистински да се заинтересира за тебе, едноставно биди си кул. Значи престани да се замараш, да размислуваш за тоа (колку и успешно да глумиш дека си ОК, се осеќа, од искуство зборам).

    За сликите на фејсбук, познавам луѓе што во брак со деца па си чуваат слики од бивши девојки. Значи зборам за домаќини луѓе кои сигурно со повеќето од тие бивши одамна не се ни во контакт. Едноставно сакаат да ги сочуваат убавите спомени кои не им пречат во брачната љубов. Веројатно на тие работи гледаат поинаку од нас жените.
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Токму така tessie, потполно си во право.
    Колку и да немам јас искуство пак сум присебна и сите можни опции сум ѓи зела в предвид. Што вика скорпионка, јас веќе во главата креирав некаква сеуште непостоечка врска, а сешто постои меѓу нас сега засега е страста и ќе видиме како ќе биде понатаму.
    Велат утрото е попаметно од ноќта, тоа важи дефинитивно и за мене.

    Ej како го напиша ова алал ти вера. Ме изнасмеа :D ама во право си.
    Мене ми се брза некаде, преоптеретена сум јас со непотребни мисли во главата и не им оставам простор на настаните да си течат по нормален тек. :)
    Од денес ќе почнам, еве официјално давам ветување. :)
    И понатаму ќе ве известувам, бидејки потребни сте ми и ми помагаат вашите совети. :*
    Поготово дека сум вака нова во овие води, а имам сааамо 18 години... :$
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Во погоре напишаното забележав дека станува збор за страв,нормално сите го имаме овој страв...никој не сака да бид повреден па ни ти....но никогаш не си прави овакви филмови бидејки никогаш не ке можеш да бидеш срекна.зошто ти го пишувам ова...велиш:"Во секој случај јас не сум ОНА и нема никогаш да бидам, а ниту пак сакам. " и неможеш бидејки ти имаш свои чуства,сомнежи,поинакво однесување,поинакви сфакања како секој од нас никој во ништо не е ист...ако неможеш и мислиш дека со типот нема да бидеш срекна тогаш неизмачувај се нека ти биде пријател...љубовта и разумот не одат заедно...мислам дека не си подготвена за оваа врска и искрено ти би сакала да си со личност кој взаемно ке се влјубите,а не како во овој случај ти уште од сега немаш доверба во типов,кој и да е би немал позади него4-год.врска кој вели дека нема да се обнови,а можеби и ке остане само бледа сенка...девојко преслушај се добро ако тој не го нуди она што ти го посакуваш...батали и труди се да уживаш во животот тој е краток,не комплицирај ги работите не штетиш никому освен себе си
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Доста е сложена работата :) Малку си контрадикторна значи сакаш го како пријател,но според начинот на пишување јас заклучувам друго :)
    Мое мислење е дека,според тоа шо го пиша,дека целосно не е слободен.Заедничките слики на фб,лајкнувањата тоа дава простор да мислеш дека дефинитивно не е крај. Секако дека со бришањето на сликите не мора да значи дека се е заборавено,но доколку имал по сериозни намери со тебе барем од колегијалност ќе ги тргне сликите и ќе престане со лајкнувања ;) Можеби намерата му е само да ја направи љубоморна таа,во стилот забравена си, или сака нов почеток,којшто го гради на погрешен начин.
    Убаво е тоа што трезвено размислуваш,и несакаш да си повредена,затоа мојот совет е да се повлечеш малку на страна,и првенствено да размислиш за начинот на кој го сакаш него-како пријател или нешто повеќе(бидејќи на почетокот потенцира да не те разбереме погрешно дека не го сакаш како дечко,а подоцна зборуваш за повреденост) :D Биди ладна кон него некое време,види каков ќе биде текот на работите..ако и по некое време нема промени на фб,тоа значи дека сепак нивните чувства се пресилни за да се разделат туку така,а дотогаш..доколку не сакаш да бидеш ти таа повредената,разговарај со него и убаво објасни му ги наштата :)
    Поздрав и ти посакувам се најдобро!
     
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271


    Токму тоа и планирам да го сторам. :nod: Паметно кажано, се од збор до збор вистина. ;)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    а шо не го прашаш искрено зашо пак продолжува со тие лајкчињата а со тебе се мува?барај му нека ти докажува се ако толку не му веруваш дека завршил.
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Не можам бидејки не знам на што сум со него. Се знаеме ние долго време, ама еве последниов месец почнавме да излегуваме секоја вечер, тој ме вика, а кога ќе се видиме цело време ме прегрнува и е до мене, онака не се двоиме, се до еден момент додека не му текне да стане, да замине некаде и ќе го нема 15 минути и потоа ќе се врати како ништо да не било. :| Јас мислам дека плаче по неа, или слично зошто трето нема.

    Башка, не и става лајкови, само става тажни песни за минатото и тоа ме плаши, бидејки очигледно не е се расчистено и тоа е тоа.
    Плус само 4 дена се во прашање, несакам да избрзувам со заклучоци, бидејки голема е веројатноста ова меѓу нас да не е ништо сериозно.
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Еве едно мое искуство,се надевам ќе ти помогне :)
    Тие беа заедно 2,5 години,и раскинаа пред 6 месеци.Дечкото го знаев онака на изглед,никаква комуникација.После тие 6 месеци,ме адд на фб и почна да ми пишува,да ме поздравува преку другарки кои ни се заеднички пријателки и сл.Почнавме да излегуваме заедно,ми понуди врска кој не ја прифати нели,сакав да се уверам дека претходната е заборавена.Заедно бевме некаде околу 4 месеци.Секој ден заедно бевме,преубави моменти,планирање нешто посериозно итн.Тие беа пријатели на фб,но ништо посебно ни лајкови ни ништо.Значи сума сумарум беа разделени 10 месеци,скоро година..во тоа време таа имаше врска,а тој беше со мене.И претпоставуваш шо се случи нели,еден ден ми рече тука е крајот,ја сакам неа..wtf?!Ако ја сакал тоа требало на почетоко да каже нели,и као демек и она уште го сакала,раскина на дечкото и се смирија.Во ред,прифатив го тоа.Најиритантно е шо ми понудува тајно гледање.И сеуште се обидува да комуницира со мене преку фб,ама никаква реакција нема од мене.
    Се надевам дека ми ја сфати поентата,можеби со тебе само се обидува да ја преболи..иако се надевам дека грешам.не е во ред на крајот ти да си повредена.Биди директна и расчисти со него на што сте,во спротивно не си го комплицирај живото беспотребно ;)
     
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Му се ближи крајов на ова нашево, што и да е.
    Замисли си, пред малку забележав дека објавил статус на фејсбук, кој по напишаното се однесува на неа. Инаку статусот беше нешто на англиски, и таа му го лајкнала. Појасно е од ден за што станува збор, зарем не?
    Очигледно дека не му значам ништо и меѓу нас е најверојатно готово, дефинитивно. Инаку во спротивно не би објавил ваков статус.
    Сега ми е потребен совет, како да му кажам? Како да му дадам дознање утре дека меѓу нас е готово?
    Со кои зборови да му го кажам тоа а да не ме сфати погрешно?
    Патем многу ти благодарам за советот и на тебе, и на сите вас феминки, бидејки ми ѓи отвори очите. ;)
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Мило ми е шо и сама си свесна дека крајот помеѓу нив сепак не е крај :)
    И тоа не е нешто прекомплицирано,напротив,кажи му дека ти значи како пријател и не сакаш да го изгуби пријателството..а за другото,додека не расчисти со минатото,да не те бара.Не заслужуваш да бидеш нечие рамо за плачење на тој начин,да бидеш моментално решение за неговите емоционални проблеми,и дека на крај краева нејќеш да бидеш повредена .Кога ќе си ги среди мислите,нека те побара..ќе бидеш тука за разговор.А дотогаш,и ти ќе расчистиш со твоите дилеми,зашо не ми беше мн јасно-дали сакаш да си со него,или само пријателство(како што спомена на почетокот) :)
    Извести не како си поминала утре :)
     
  20. tanjabela

    tanjabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    138
    мој совет е "не е злато све што свети" не се преоптеретувај толку ако на некого му значиш се би сторил за да ти го покаже тоа, а вака раскинале поприлично долга врска и он те залажува дека се "само" пријатели... ма дај фујјј од такви машки откачи го сигурна сум дека си прекрасна девојка и дека ќе најдеш некој друг на кој ќе му бидеш приоритет, а не да се двоумиш дали на некого си му само втора опција или марионета за забава :) сепак ова е само мое мислење ;)
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.