Истото и јас мислам. Во рај и пекол не верувам, ни во духови, туку верувам во тоа дека после смртта ќе се родиме како друг човек или животно... Истото како Хипица што пишала, никој не се вратил за да ни каже!
сум размислувала за ова и тоа доста хм сто ке биде си викам само господ знае за каде сум јас... сто и да се каже од тука ке биде несто насе а он знае сто сме биле ние на овој свет.
пред 16 дена ми почина најблиската другарка и како пола душа да ми ја зеде па колку често мислам дали има нешто после смртта и многу би сакала да има нешто ете да го има тој мир, спокој .......уф
Јас сметам дека ние т.е. нашите души цело време се вртиме/вртат во космосот. И само тоа ми е најлогично објаснување за појавите како дежа ву. Всушност нашите души веќе го искусиле животот кој сега го живеат во некоја друга димензија, без разлика дали тоа е само за една минута пред или послем нашата овдешна сегашност. И затоа некогаш однапред знаеме што ќе ни се случи. Интересна е темава!
Верувам дека всушност телото е оној дел кој умира...ако може така да се каже... додека душата од друга страна пак, е енергија... и дали како таква продолжува надвор од телото, или пак се апсорбира и преобразува во некое друго нешто...или друго тело е онаа дилема за која често ми се дешава да размишљам. Теоријава не е нешто посебно логична, но според мене е најлогична од се остало..
Не, не оди душата никаде, оти нема зошто да оди некаде нешто кое не постои. Не умираме, оти не ни живееме. Не, не е пасивен нихилистички муабет, туку е како што навистина се нештата. Што е она што може да се нарече идентитет, или живот, или персоналност? Перформанси, научени нешта кои станале дел од нас благодарение на околината, мама и тато, школство, другарчиња. Буквално, постои нешто кое се нарекува колективно човечко знаење, кое е непишано, и само го доживуваме на субјективен начин, црпиме информации, го надополнуваме тоа колективно знаење и после тоа нашето тело згаснува, а идентитетот кој сме го граделе бил крајно лично доживување на тоа знаење кое е абстрактно и неописливо. И навистина, ако овде толку многу трпиме у животот, и таму некаде има вечно убаво, нели е крајно идиотско? Е, нормално. И да, она што може да се нарече душа, т.е. мисловниот процес е холограмски структуирано. Гуглајте holonomic brain theory. Сума сумарум: не постои смрт, не оди душата никаде, оти животот е само субјективно доживување на колективното знаење. А не умира и телото, е оно оди некаде, у чавки и разни птици, у црви и змии, у дрвја. Реинкарнација на дело.
ДОКТОРКА БИЛА МРТВА 3 ДЕНА – ВИДЕЛА РАЈ, ПЕКОЛ, ТАТКОТО, БАБАТА – СЕ РАЗБУДИЛА ВО МРТОВЕЧНИЦА Третиот ден откако Украинката др Татјана Анисимова Бјелоус (65), мајка на пет деца, починала во операциона сала во болница во Одеса, нејзиното семејство дошло по телото. Поминале 72 часа и веќе се прашувале зошто никој не ги повика. - Телото не е овде. Татјана оживеа, им рекле лекарите. Нејзината мајка ги погледнала не верувајќи во тоа што и го кажуваат. - Вие се шегувате. Како мртовец по три дена може да оживее? – ги прашала таа. Единствено сопругот на Татјана, Вечеслав упорно повторувал да не договараат погреб, бидејќи неговата жена ќе се врати. Тоа му го кажал Господ. Не му верувале во тоа, па му рекле дека полудел. Се разбудила во мртовечница Татјана поради рак на мозокот во 1991. година завршила на операција и по три дена се разбудила во мртовечница. Претходно нејзината душа отишла во рајот, чистилиштето и пеколот. - Откако ги видов пеколот и рајот и стоев на подножјето на Божјиот престол влетав во своето тело со голема болка. И тогаш ја видов собата, плочките на ѕидовите и жена во бел мантил. Жената се шокира кога ме виде, вели Татјана. Почна да вика, ја прашав а што викаш ти кога мене се ме боли – истрча од собата како попарена Стидентите по медицина веќе почнале да го сецираат нејзиното тело Погледнала во своите нозе и на една видела картичка со број, а на другата напишано име, презиме и датумот на смртта. Потоа погледнала во расечениот стомак. Чудно, помислила таа. Но не било чудно. Таа уште како лекарка одлучила, по смртта своето тело да го остави на студентите за проучување и тие се подготвувале да ја сецираат. Набрзо во мртовечницата влегол хирург, нејзиниот бивши професор од факултет. - Не! Не! Тоа не е можно! Ти си мртва, рече тој, а Татјана се покрила и рекла дека сепак е жива Таа го опишала патувањето низ рајот и пеколот. Се почнало во операционата сала. Стоела покрај масата и гледала како ја оживуваат. Му викала на хирургот дека не сака да ја спаси но тој не ја слушал. Тргнала низ болничкиот ходник. На неговиот крај го видела сопругот како се моли за нејзиното здравје. Се обидела да му каже дека е добро и да не се грижи, но тој не слушнал. - Во еден момен се најдов во тунел кој беше ладен, темен и влажен и се чуствував како да одам низ мочуриште, но на крајот видов светлина. Во неа се наѕираше лик на човек во бело кој леташе. Помислив дека е Исус. Кога дојдов пред него паднав на колена, а тој ми рече „Стани, пред мене не смееш да клекнуваш, јас сум ангел, ме испрати Бог“, раскажува Татјана. Тој не знаел зошто Бог, баш неа ја избрал, а потоа и ги покажал рајот и пеколот и и’ дал задача да сведочи во негово име. Бог и покажал како небото се отвара. Ја видела земјата и јасно ги видела сите луѓе на неа. Повеќето биле грди – прашала зошто – и кажале дека сега ги гледа нивните срца а не само нивното лице. Потоа влегла во рајот. Газела по росна трева и видела едно младо момче кој и рекол ,,мамо,, тоа бил нејзиниот син кој починал на 10 месечна возраст, потоа видела човек на околу 30 години – тоа бил нејзиниот татко, го препознала. и рекол што бараш ти тука не ти е време. сакав да ги гушнам но ангелот не ми даде. Потоа ме одведоа пред сјајниот престол на бог – клекнав пред него – сакав да го видам неговото лице но не успеав. Ме праша што сум сторила за него, реков дека сум се молела. тогаш се отвори една книга. се видов себе како ја читам библијата но селективно и само тоа што мене ме интересира, а и не размислував за тоа што читам туку што ќе правам за ручек, за проблеми на работа, за што обврски ме чекаат. почнав да плачам и да барам прошка, а тој ми рече не мораш да бараш прошка твоите гревови се простени преку Исус. И ја видов голгота – и јас стојам таму. Потоа ми рече дека ќе ме врати на земјата да им кажам на луѓето што сум видела, но претходно да го видам пеколот. Неверојатен мирис на изгорено месо, без вода чуствував како ми пука кожата, првото чистилиште – чекаат судење гледаат кон рајот а не можат да влезат во него. Потоа ја видов својата баба – беше во агонија. Се зачудив зошто таа беше побожна, одеше редовно во црква – и до ден денес не дознав што сторила за да заслужи пекол. Постои и место каде што се абортираните бебиња – викаат ,, не ме убивај сакам да живеам – ќе те сакам мамо,, тие ќе влезат во рајот ако нивните мајки се покајат на земјата – а ако не чекаат како сведоци за стореното од нивните родители. Откако видела што Бог сакал да и покаже, ангелот лесно ја турнал и таа се вратила во своето тело. Не знам зошто ме одбрал мене, ниту одев редовно во црква, ги учев децата да се плашат од бог поради религијата и традицијата, но не ги учев да го сакаат, сум била и лоша, сум ги тепала децата понекогаш, сум се карала со колеги, била стрвна и сакав повеќе за себе – навистина не знам зошто мене ме одбра, сведочи Татјана.
Човекот едно толку егоцентрично суштество, што ја бара смислата и причината за своето постоење во се`. Нажалост (или за среќа), не постои никаква причина. Човекот умира, мозокот престанува со функција. Оттука следува дека не може да ги прима импулсите од околината, ја губиме свеста и тоа е тоа. Ако на некој му е тешко да го сфати овој концепт, тогаш еве поедноставно. После смртта е исто како и пред да се родиме, буквално ништо не се случува.
Да се надоврзам, можеби делува како ништо да не се случува, бидејки човек пред да се роди го нема, телесно, но духовно, веројатно е дека нешто се случува.И поради што најверојатно се точни сите оние констатации кои ги имаат луѓето кои доживеале клиничка смрт или астрална проекција.
Или кажано низ еден поинаков илустративен пример: што се случува со автомобилот(физичкото тело) пред да влезе во него возачот(духовната душа)? Ништо. Што се случува со автомобилот откако возачот ќе го напушти возилото? Ништо не се случува. Но возачот продолжува да егзистира независно од возилото.
Не знам од каде сум ја слушнала оваа глупост не верувам баш ама велат ''еднаш се раѓаме како човек,а еднаш како животно''.Откако ке настапи смртта,не верувам дека можеш повторно да се родиш.Но многу ме интересираат такви некои паранормални работи-како што се проколнати куќи во кој починал некој,па таму сеуште го има неговиот дух.После смртта мислам дека физички веќе не постоиме,но нашиот дух,душа мислам дека сеуште постои.
. ..после смртта нас ќе не нема,сонцето пак ќе продолжи да грее... . ..после смртта со нас мислам ништо не се случува,гниеме во земја,после 40 дена од нас остануваат само коски и тоа е тоа....дали ќе шета нашиот дух или не,не вервам.....на пр татко ми е починат одамна ,ех колку сакам понекогаш да го осетам макар и како дух околу мене....ама нема ништо.. .
Ако некој замине на друг континент тој веќе не е со нас, не можеме да го осетиме околу нас, но тоа не значи дека тоа лице повеќе не постои само поради тоа што ние не го гледаме и не е во наша близина. Така е и со душата после смртта, нејзиниот од по планетата Земја завршил, душата ја соблекла својата телесна кошула односно возилото(телото) било трајно напуштено но патувањето продолжува во отадестраното, во духовната димензија. Низ духовната литература може да се прочита дека ние сме само гости на планетава која пак е само дел, т.е. една попатна станица од една далеку поширока животна школа за развојот на душата и нејзино постепено повторно враќање во изворната татковина која се нарекува и царство небесно.
Како што имаме физичко тело, така имаме и молекуларно тело односно душа. Кога физичкото тело престане да дава функции односно настапи смрта, душата неможе туку така да исчезне. Таа продолжува да постои. Не верувам стриктно во замислата Рај и Пекол, но сепак има нешто што пресудува како сме живееле ( дали со правењето на добри работи, или лоши). Мислам дека ова се случува се додека душата не се стреми кон повторно раѓање се со цел душата да го доживее својот високодушевен развој.
Јас имам една своја теорија а тоа е дека сите сме дојдени на светов да научиме една лекција. Е сега секој ја учи на различен начин, некој порано некој подоцна. Добрите луѓе си одат порано од овој свет, другите покасно затоа што уште не ја научиле. Е сега неможам да објаснам што е со бебињата што умираат, и некоу многу мали деца, но изгледа едноставно не биле за тука. И дека можеби после смртта, кога еден човек умира, го пречекуваат сите починати блиски и така натаму,и дека се тука и не гледаат. Можеби има рај и пекол, но не ми е убедливо тоа ама дека има некаков живот тоа да. На крајот на краиштата сите сме луѓе, сите грешиме така сме создадени, ама после смртта не чека спокој.
^Мојата теорија за после смртта, е најблиска со коментарот над мојот. Човекот е душа, енергија, а тоа не изчезнува туку само поминува од еден облик во друг облик. Некако имам претстава дека секоја личност е на Земјата со причина. Секој има улога. Ама сепак, we'll never know