По смртта

Discussion in 'Религија' started by RainBow, Feb 4, 2010.

  1. Avenged

    Avenged Популарен член

    Joined:
    Oct 15, 2013
    Messages:
    690
    Likes Received:
    1,611
    Gender:
    Female
    И ја незнам кај прочитав а и гледав исто така на филм викаат дека после смртта стануваш некое животно? :?: :rofl:
     
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Joined:
    Sep 8, 2011
    Messages:
    2,834
    Likes Received:
    1,891
    Gender:
    Female
    Леле ај достате со вакви глупости живејте го животот и не мислете на неа :(
     
    Katerinceee likes this.
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Joined:
    Nov 10, 2013
    Messages:
    1,780
    Likes Received:
    6,710
    Gender:
    Female
    Ко ќе дој времето ќе видиме :D :D
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,563
    ВРАЌАЊЕ ОД СМРТТА – СЛУЧАЈОТ НА СЕМЕЈСТВОТО ШЕЛФЕР

    Интересна приказна за враќањето од смртта која се пренесува на интернет.

    Стивен и Марија имале осумгодишна керќа Сара и живееле среќен и богат живот во Денвер (Колорадо) се додека, изненадно, едно попладне семејството Шефлер доживеало тешка несреќа…

    vrakanje-od-smrttaГоспоѓа Шелфер седела во дневната соба и ја следела на телевизија својата омилена емисија, а Сара се сончала во дворот покрај големиот, зелен базен. Од соседниот двор се слушал звук на моторна косилка со која што нивниот сосед Дон ја косел тревата. Ги делела убава украсена дрвена ограда преку која што Дон и малата Сара за нешто гласно се довикувале. Откако девојчето не му одговорило на последното прашање, Дон се качил преку оградата за да ја види, но таа веќе не седела на платнениот стол покрај базенот. Тој помислил дека девојчето влегло во куќата и продолжил да ја коси тревата.

    Меѓутоа, кога по трет пат се качил и погледнал преку оградата, го приметил неподвижното тело на девојчето како со лицето надоле плута во базенот.Тој веднаш ја прескокнал оградата и скокнал во базенот. Госпоѓа Шефлер која што тоа го видела низ големиот, стаклен прозорец од дневната соба, веднаш скокнала од фотељата. Без здив истрчала веднаш во дворот, каде што Дон клечел пред нерсреќното девојче, обидувајќи се да ја врати со вештачко дишење.

    Посматрајќи ги неговите напори госпоѓа Шефлер парализирано стоeла, додека соседот се обидувал да повика Брза помош, но на Сара веќе никој не можел да и помогне. Во текот на аутопсијата, е откриено дека детето патело од сериозна срцева маана. Најверојатно поради ладната вода тој ден таа имала инфракт. Било познато дека таа се удавила веднаш после ненадејното губење свест. Изненадната смрт на Сара за нејзините родители бил вистински пекол на душата. На нејзиниот татко Стивен Шелфер му биле потребни неколку месеци за да се справи со големиот шок, а неговата жена госпоѓа Шелфер западнала во длабока депресија од која што не можела да излезе на крај две години. Едноставно, во нивниот живот немало веќе место за среќа и радост. Но наеднаш се случило нешто чудно. Нивната мала Сара се вратила во живот !

    Таа година есента била многу пријатна и блага. Повеќе личела на продолжено лето. Во школскиот двор на католичкиот интернат Сент Џозеф бил во тек час по физичко воспитување. Момчињата и девојчињата вежбале салто во кое што им помагале двајца бивши гимнастичари. Меѓутоа, на десетгодишната Алис Перкинс многу и се брзало, и со својот скок ги исплашила наставниците. Таа паднала толку незгодно што веднаш после скокот останала да лежи без свест. Дежурниот лекар во интернатот Сент Џозеф, одлучил да го префрли девојчето во болницата, каде што пред две години биле преместена Сара Шелфер. Била сместена во посебна детска соба но кога лекарите пристигнале – Алис Перкинс не била веќе таму !?

    deathpredВо попладневните часеви госпоѓа Шелфер, по својот стар обичај, седела неподвижно и гледала со своите тажни очи во дворот, преку големиот прозорец каде што се наоѓал зелениот базен. Се уште себеси не можела да си прости за она што се случило тој кобен ден, бидејќи гледала тв емисија. Ја мачело мисла дека можела да ја спаси својата керќа Сара. Веднаш се слушнало звонење на влезната врата – еднаш долго и три пати кратко. Госпоѓа Шелфер помислила: “Боже, само Сара звони баш така” ! Исплашено скокнала и побрзала кон влезната врата. Низ обоеното стакло се гледала фигура на девојче. Додека и се качувал крвниот притисок со абнормална брзина , таа ја отворила вратата и го пуштила да влезе девојчето кое што личело на нејзината покојна Сара.

    - Здраво, мамо – рекла непознатата мала гостинка , и по стариот обичај како нејзината керќа Сара , таа се поткренала на прсти и ја бакнала во десниот образ.

    Госпоѓа Шелфер не можела да каже ништо. Таа стоела парализирана, а кога девојчето продолжило кон правец на скалите, таа полека ја затворила вратата и како хипнотизирана тргнала кон неа. Без сомнение, девојчето го познавало распоредот на собата и работите во неа. Таа го отоворила плакарот на Сара, а потоа и нејзината гардероба во која ги чувала нејзините книги и училишната чанта.Потоа повторно се вратила во собата и го отворила другиот плакар каде што биле сместени Сарините играчки. Го погалила големиот кловн со црвен нос и си пограла со останатите играчки. Потоа сите играчки ги вратила на свое место и седнала на уредно наместениот кревет, држејќи ја раката собрана во нејзниот скут, како што секогаш седела малата Сара.
    - Која си ти, злато? – и пришла збунето Марија Шефлер кога се освестила од шокот.
    - Мамо, па јас сум твојата Сара !.. Зар ме заборави ?!…
    - O, боже, секако дека не те заборавив – плачела несреќната жена. – Сите овие години се молев на Господ да се вратиш… Многу ми недостигаш, мила.

    6824889-death-life-and-death-cemetery-grave-burial-electricity- Не биди тажна, мамо. – девојчето нежно ја помилувала по лицето влажно од солзи. – Поради тебе се вратив. Да ти кажам да не тагуваш повеќе. Знаеш, ли дека јас не умрев. Само преминав во друг свет !…
    Овие чудни зборови како да ја смириле госпоѓа Шефлер, па и самата започнала да го брише нејзиното лице со солзи. Изненадно тогаш девојчето, се фатило за своето чело и уморно ги затворило своите плави очи.
    - Морам сега да се вратам… – зборувала тивко. – Мамо, морам сега да одам…

    Госпоѓа Шелфер полека со мајчинска нежност ги подигнала малите нозе на детото на креветот. Потоа како маѓепсана, ни самата не знаела зошто, го вклучила телевизискиот приемник, кој што не го пуштила веќе две години. Во еден момент на вестите и го привлекло вниманието фотографијата на девојчето кое што лежело во нејзината соба. Презентерот на вестите рекол дека исчезнало девојче со име Алис Перкинс. Госпоѓа Шелфер го земала телефонот и го свртела бројот. Кога добила врска таа мирно кажала:

    - Ве известувам дека девојчето кое што го барате се наоѓа во мојата куќа…

    За неполни десетина минути пристигнала полицијата, а пред вратата ги пречекала госпоѓа Шелфлер.
    Ги однела во собата на Сара. Поради изненадување им требало неколку моменти да се вратат самите себе си, бидејќи таму навистина ја пронашле Алис Перкинс, која тој ден таинствено исчезнала од болничката соба. Тие ја вратиле во градската болница. Пробале со медикаменти да ја вратат при свест, но тоа не дало никакви резултати. По десетина дена девојчето преминало: Заминало во некој друг свет… Во некоја друга димензија …
     
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,358
    Не можам да најдам никаков артикал за Сара/Стив/Мариа Шелфер или Алис Перкинс, па ич со двете имиња заедно :^)
    Чисто ме интересира оригиналната колумна. И каде е во весниците кога веќе било на ТВ њус флаш :?:
     
    Orthophill likes this.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,913
    Likes Received:
    4,675
    Gender:
    Male
    Мене пак ме интересира каков е овој феномен?
    Да окупираш туѓо тело. Мислам имаше една шпанска серија со Габриела Спаниќ, кога душата на мајка ѝ ѝ го окупира телото. Додуша и татко ѝ живееше во туѓо тело, но тоа сепак беше шпанска серија :) .

    http://en.wikipedia.org/wiki/La_venganza_(2002_telenovela)
    Серијата :D
     
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,563
    iloveyou29 and Snowbell like this.
  8. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Joined:
    Jun 21, 2013
    Messages:
    534
    Likes Received:
    236
    И јас мислам така :nod:
     
    LittlePinky likes this.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Joined:
    Mar 27, 2013
    Messages:
    2,375
    Likes Received:
    7,417
    Gender:
    Female
    На оние љубопитни ви ја препорачувам книгата „Живот после животот“.

    Книгата е за оние што имаат доживеано клиничка смрт, раскажуваат што се случувало во меѓувреме.
    Велат дека е според вистински приказни пишувано.
    Мене баш не ми се верува.
     
  10. misel23

    misel23 Активен член

    Joined:
    Nov 3, 2013
    Messages:
    55
    Likes Received:
    10
    Имам одамна гледано еден документарец за еден човек од Русија кој се повратил од мртвите да речам или имал клиничка смрт... јас верувам во тоа дека духот никогаш не умира, во пекол и рај , во тоа дека сме имале претходни животи и дека ке имаме и нареден живот... инаку во документарецов човеков опишува како е во пеколот и нешто не ми беше баш за верување човеков најдобро паметам дека и некрстените деца одат таму значи и онии кои умреле при раѓање што не ми е логично воопшто и како пушачите биле горени со цигари константно некако ми беше безвезе се такви некој работи...
     
  11. Ogist

    Ogist Истакнат член

    Joined:
    Jun 16, 2013
    Messages:
    28
    Likes Received:
    13
    После смрта не се случува ништо, како и сите живи организми и човекот умира, се престанува, нема никаков рај, никаква душа, телото се скапува и тоа е..
     
    Twinkles likes this.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Одговор на ова дава знаењето за карма и реинкарнација. Имено дека секој човек зад себе има повеќе претходни отелотворувања, во текот на кои поради погрешно користење на слободната волја (на пр. насилно наметнување на својата волја врз други, посегање по туѓото здравје, имот и живот и тн.) душата се засенила т.е. се оптоварила со негативни причини (тнр. грев) чии последици дошле до израз дури на почетокот од следниот телесен живот на Земјата. Меѓу другото, на пр. можно е на таа душа дека и останал само уште еден релативно мал товар кој го отфрла преку смртта на телото, за да продолжи кон Апсолутноста.
    Во брошурата „Секој умира за самиот себе. Умирање за да се живее понатака.„, денешната божја пророчица Габриеле која има директен увид во овие невидливи збиднувања во отадестраното, објаснува дека душата кратко после смртта може да биде присутна меѓу блиските или во нивна близина но тоа на долги стази не е пожелно. Секоја душа по телесната смрт што поскоро би требало да го продолжи своето патешествие низ духовните димензии кон Апсолутноста. Долгото тагување на блиските по умрените, на душата и создава пречки да се одвои од овој свет а тоа е штетно и за двете страни(живите и мртвите).

    Душата во отадестраното можат да ја пречекаат оние (веќе од претходно починати) блиски кои се на сличен или ист степен на свеста и воедно се сеуште таму т.е. не тргнале во ново отелотворување, да се реинкарнираат.
    Но исто така душата можат да ја пречекаат меѓу остантото и други души кон кои таа нешто згрешила (на пр. како човек ги убила или издала наредба да се убијат). Доколку двете страни сакаат можат да ги прифатат подуките од ангелите кои им советуваат и им покажуваат зошто и како да си простат, за да можат да го продолжат без проблеми својот духовен развој.

    Во Христовите објави наменети за денешново време, објаснето е дека по смртта душата може ако сака да прифати водство од ангелите-водичи и ангелите-подучувачи кои најпвин ја носат на планети-одморалишта каде има големи и преубави духовни паркови. Тука душата може да се одмори од различните телесни штетни пороци кои си ги наметнала самата себе како човек (на пр. цигари, дроги, алкохол и тн.) и се освежи собирајќи сили за да го продолжи својот пат кон совршенството, конвистинското изворно постоење, Вечноста. Понекоја душа може да помисли дека се нашла во рајот, но до таму честопати има уште за „одење„ т.е. работење врз себе и себеусовршување. Дури откако ќе се поминат сите делници, може да настане вистински траен мир и спокој.
     
    iloveyou29 and LittlePinky like this.
  13. BieberGirl122

    BieberGirl122 Нов член

    Joined:
    Mar 14, 2014
    Messages:
    9
    Likes Received:
    0
    Јас мислам вака: смртта не постои.Кога ќе заврши нашиот живот, ние фактички сме духови 40 дена и се чистиме од лошите работи со правење добри.Потоа нашето сеќавање се губи и душата ( енергијата од нас) оди во друг човек т.е. бебе кое се раѓа и продолжуваме така во круг...А за :devil: пекол и :angel: рај, малку е глупаво, се раѓаш, умираш и крај...како ништо да не било.Ништо од тебе не останува само во пеколот се мачиш, а во рајот уживаш.
     
  14. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Joined:
    Aug 14, 2013
    Messages:
    273
    Likes Received:
    170
    Дух не постои, девојко. Нема такво нешто како душа во суштина, тоа е само апстрактен поим.

    Ништо не се случува по смртта едноставно, како и секое живо суштество на планетата, така и човекот - сега е тука, некогаш ќе го нема. Толку.
     
    natemila likes this.
  15. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Joined:
    Jan 8, 2010
    Messages:
    245
    Likes Received:
    88
    Gender:
    Female
    Јас мислам дека духовите се вид енергија која не умира. И да, верувам во реинкарнација :) .
     
  16. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Joined:
    Jan 9, 2014
    Messages:
    387
    Likes Received:
    437
    Не верувам во рај и пекол бидејќи несакам.Страв ми е од бесконечноста.
    Верувам во рекреација. :)
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Joined:
    Dec 31, 2009
    Messages:
    14,369
    Likes Received:
    14,824
    ^ И јас верувам во рекреација, посебно на кеј :D
    Ти во реинкарнација да не веруваш?
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    За да го кажиш и докажиш ова мора да си умрела па да зборуваш од искуство.
    Но, ако зборуваш од искуство, ти ќе беше скапана и немаше каде да проговориш за ова искуство.

    Значи ова е најнеточната работа која сум ја прочитала. Телото скапува, зошто е материја. Се што е материјално не е трајно, но душата е бесмртна. ;)
     
    Gordana10 likes this.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Joined:
    Dec 25, 2012
    Messages:
    3,522
    Likes Received:
    9,563
    Објасними ги ги болдираниве работи ама поопширно
    Христовите објави наменети за денешно време и оваа пророчицава?
    Од кај излегоа овие работи?
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Во текстот со сини букви (кај болдираниот дел што го цитираше) има линк каде е повеќе објаснето. Линковите намерно ги ставам за да не прејде темата во друга насока.

    Секоја епоха има свои обележја, свои проблеми но и луѓето имале свој начин на изразување и капацитет да разберат (или не разберат) одредени работи соодветно нивната свест во дотичното време...
    Бог и Христос - спасителот на сите луѓе и души, кои ги љубат сите свои деца, не ги оставаат ниту денес луѓето сами и без објаснувања и поради тоа повторно се објавува Духот Божји преку пророк за денешно време, за луѓето на денешницата можат да ја слушнат и сфатат вистината изложена со современ јазик.
    Меѓу разновидните подрачја на животот, во овие објави ословена е и темата за животот после смртта.
    Меѓутоа дали и колку луѓето ќе ги прифатат Божјите и Христови излагања и опомени, тоа им е оставено на слободната волја на самите луѓе.
     
    Ivan4e04 likes this.