По смртта

Discussion in 'Религија' started by RainBow, Feb 4, 2010.

  1. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Joined:
    Oct 21, 2016
    Messages:
    821
    Likes Received:
    2,134
    Gender:
    Female
    Ние - луѓето, сме единствените кои сме свесни дека ќе умреме, животните не се. Исплашени сме и со право. Откако знаеме за себе, ние сме будни и свесни, и не знаеме за друга состојба освен оваа. Другата состојба - смрт - вечен сон без соништа, ништавило, ни е непознато. Не плаши непознатото и со секоја можна причина е така. Не навлегувам во смртта од религиска гледна точка, туку само од човечка.
    Но најмногу што ме држи будна е што по смртта на нашите блиски?!
     
    Arthur likes this.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,199
    Gender:
    Female
    Ништо страшно. Како што луѓе живееле, и светот постоел пред да се родиш, истото ќе биде откако ќе умреш. Те немало некогаш, ќе те снема уште еднаш :)
     
    Justicija likes this.
  3. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2013
    Messages:
    2,700
    Likes Received:
    7,516
    Gender:
    Female
    Веќе не верувам дека има нешто по смртта:x
     
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Бидејќи не постои задгробен живот, она што се случува по смртта е ништо друго освен природен процес. Освен ако не побараме зачувувачки техники да се применат врз нашето тело како што се мумификација или балсамирање, ние полека почнуваме да се распаѓаме од моментот кога нашето срце ќе престане да чука. Првото нешто што се случува е нашите клетки почнуваат да умираат, па потоа бактериите (како онаа што се наоѓа во нашиот стомак и ни помагала полесно да ја свариме храната во желудикот, ќе започне да го јаде нашето тело бидејќи веќе не се храниме по смртта) и самото наше тело кое ги дигестира нашите органи и ткива.
    Во првите секунди од нашата смрт, активноста на нашиот ум престанува, и телесната температура се намалува додека не достигне собна температура.
    По неколку минути, како што споменав претходно, нашите ќелии почнуваат да умираат поради недостаток од кислород а потоа почнуваат да се раскршуваат и да истекуваат.
    По изминати часови, калциумот во коските започнува да навлегува во нашите мускули, и со самото тоа се напнуваат.
    Потоа мускулите се опуштаат и тоа дозволува да испуштиме преостаната урина и измет, бидејќи не сме живи не можеме да реагираме на дразбите и да воздржиме.
    Според функциите на гравитацијата, крвта на некој начин се ,, повлекува ,, или спласнува надолу а со тоа нашата кожа добива жолтеникава боја со црвени дамки( ова може да го видиме и додека сме биле живи, на пример кога ќе стиснеме дел од прстот или ноктот и забележуваме дека веднаш тоа место каде крвта е потисната пожолтува, оставајќи ја бојата на кожата)
    Кога веќе зборуваме за кожата, и таа почнува да се смалува и повлекува како реакција и се суши.
    По неколку денови, почнуваме да мирисаме многу лошо но тоа поради испуштањето на хемикалии од нашето тело кое се распаѓа.
    Од жолтеникава добиваме зелена боја поради тоа што ензимите во нашите органи се дигестираат самите со помош на бактерии. Ова има слично дејство како ензимите кои се наоѓаат во нашата плунка со која ја натпоуваме храната во нашата уста пред да ја голтнеме.
    По неколку недели, нашата коса започнува да паѓа, и црвите почнуваат да го јадат нашето тело, а тие можат да дигестираат дури 60 % од едно тело во рок од една недела.
    Бидејќи бактериите продолжуваат да го дигестираат нашето тело, кожата ни станува виолетова а потоа црна.
    И на крај по неколку месеци, откако телесната температура е драстично опадната, односно сме потполно ладни, мекото ткивото преостанато на нас почнува да се распаѓа и тоа побрзо поради тоа што поголемиот дел од нашето тело е дигестирано и кога и тоа ќе заврши, од нас не останува ништо друго освен костурот.
     
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    И покрај тоа што многу религиозни лица веруваат во задгробен живот, сепак не верувам дека потполно е вистина ...

    Законите на физиката што се присутни во секојдневниот живот се целосно разбрани бидејќи го објаснуваат нашето функционирање на оваа планета, и поради тоа, се што се случува е во рамките на можностите.
    За да може да постои задгробен живот, односно живот после смртаа, нашата свесност мора да биде нешто која ќе биде целосно одвоена од нашето физичко тело - а тоа не е така. Всушност свесноста на човекот можам да ја дефинирам, на основно ниво, како серија на атоми и електрони кои есенцијално ни ги даваат нашиот ум. Законите на универзумот не дозволуваат овие честички да оперираат после нашето физичко непостоење. Тврдењата дека некоја форма на свест продолжува да остои откако нашите тела умираат и се распаѓаат во нивните конститутивни атоми се соочуваат со една голема пречка, а тоа е дека законите на физиката кои се присутни во основата на секојденвниот живот се комплетно разбрани и во тие закони нема никаков начин со кој ќе се дозволи информациите складирани во нашите мозоци да истраат откако ќе умреме.
    Како доказ за ова посочува кон теоријата за квантно поле.
    Во едноставни термини, оваа теорија го прикажува верувањето дека постои едно поле за секој тип на честичка.
    На пример, сите фотони во универзумот се на едно ниво, и сите електрони исто така имаат свое поле, и за секој друг тип на честичка исто така.
    По религиозните верувања, доколку задгробниот живот би продолжел во некој капацитет по смртта, тестовите на квантното поле би испуштале ,, духовни честички ,, и ,,духовни сили ,,.
    Ако навистина не постои ништо друго освен атомите и познатите сили, тогаш е многу јасно дека не постои никаква шанса душата да постои по смртта на нашето физичко тело.
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Здраво. И јас сум физичар и уживам да разговарам со луѓе што се разбираат или сакаат физика :)
    Теоријата за квантното поле е математички модел кој ја комбинира класичната физика со квантната физика и специјалната теорија на релативност. Оваа теорија се занимава со материјални честички и воопшто не се ни обидува да излезе од доменот на материјалниот свет, за да воопшто би можеле да ја применуваме во духовниот свет.

    Знаеш кој е проблемот на атеистичките научници? Тие не сфаќаат или не сакаат да признаат дека светот и науката ја гледаат преку очилата на филозофскиот натурализм. Тие априори тврдат дека материјалниот свет и природните сили се се што постои и не постои ништо повеќе од тоа. За нив науката = натурализам , а забораваат дека натурализмот е верување/убедување.
    Магионичари во лабораториски мантили ја поистоветија науката со натурализам, а потоа го прогласија натурализмот за вистина по научен основ. Циркуларна логика зарем не? :^)
    Но всушност овие две се сосема различни. Додека науката е метод за истражување на природниот свет, натурализмот е филозофија која вели дека природниот свет е сè што постои.

    Прашањето е: Како точно нивното истражување на природниот свет ги донесе до заклучокот дека природниот свет е сè што постои? Ако нешто друго или надвор од природата постои, нема ли тоа, по дефиниција, да биде надвор од доменот на она што науката го истражува?
     
    Last edited: Nov 8, 2017
    Briar Rose and Arthur like this.
  7. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Joined:
    Feb 16, 2017
    Messages:
    1,208
    Likes Received:
    9,359
    Gender:
    Female
    Според мене, мислам смртта е иста како кога спиеш и не сонуваш ништо. Не верувам во задгробен живот, тунел со светло на крај, ниту реинкарнација.
     
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Очигледно е дека по смртта материјалното тело се распаѓа. Доколку постои живот по смртта, тоа мора да е едно од овие две-три опции:
    - Или воскреснувањето на телото е во иднина, а не сега.
    - Или духовниот дел од телото (духот) го напушта телото и продолжува да живее во некоја духовна димензија.
    - Или некоја варијанта на горните две опции.

    Прашањето за тоа дали постои живот по смртта е тесно поврзано со тоа како веруваме дека животот воопшто настанал. Ако веруваме дека животот настанал без присуство на интелигенција или Создател (Бог), туку дека настанал случајно водено од слепите сили на природата (натуралистички светоглед), тогаш се разбира дека ќе веруваме дека по смртта нашето тело неповратно се распаѓа, а ние престануваме да постоиме.
    Но ако веруваме дека животот е акт на создавање од страна на Создателот (Бог), тогаш многу е веројатно да веруваме дека телесната смрт не е точка, туку запирка на нашето постоење.

    Е сега, кога станува збор за тоа дали животот настанал случајно или пак бил плански создаден, повелете еден интересен научен текст на оваа тема:
    http://www.apologetika.mk/enzimite-dokaz-za-bozjata-kreacija
     
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Joined:
    Mar 7, 2017
    Messages:
    2,535
    Likes Received:
    20,125
    Gender:
    Female
    Здраво. Ме навлече да ти цитирам со овие две реченици. Интересна е темава, ама сеуште нема да се изјаснам по истата. Само ме интересира, што точно сакаш да кажеш со напишаното.

    Со првата претпоставка дали мислиш на реинкарнација во друго тело? И зошто во иднина, а не веднаш? Всушност, зборуваш за воскреснување на телото. Како? Распаднато е. И дали мислиш на истото духовно тело или ново, а материјалното станува повратно?

    Втората, ме потсети на астрална проекција, оти споменуваш духовна димензија.
     
    daylight likes this.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    Иако не верувам во реинкарнација, сепак како филозофска теоретска опција, стои во игра.
    Зошто во иднина, а не веднаш? Ова е моето христијанско гледиште во кое сум силно убеден:

    Според христијанското гледиште, по смртта духот го напушта телото и оди кај Бог. Библијата нема многу детали за тоа во какво постоење живеат душите на починатите, но сепак се одвоени од овој свет, без можност за комуникација со нас.
    Исус вети дека кога ќе се врати по втор пат на земјава, Тој ќе ги воскресне сите починати. Оние што се покајале за гревовите и го прифатиле Божјото спасение - за вечен живот, а оние што не се покајале - за вечна осуда. Нивните тела ќе бидат воскреснати телесно, но нема да бидат онакви какви што се сега, затоа реков ќе бидат видоизменети. И нема да бидат склони на распаѓање, болести и смрт. Нашите тела и сега има својства на самопоправање при повреди и болести, ама сепак тоа е несовршено. Тогаш ова верувам ќе биде совршено.

    Како може распаднато тело повторно да воскресне? Епа ако Бог можел од неживите хемиски елементи на земјата да го создаде животот на почеток, зошто би му било проблем тоа да го направи повторно? По таа логика одам. Ако го исфрлиш Создателот од равенката, животот не е можно да настане ни прв пат, ни по втор пат. Но ако Создателот постои и Тој го создал животот на почетокот, Тој ако сака без проблем може да го воскресне човекот кога Тој ќе посака.
     
    Rama and blonde_supergirl like this.
  11. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female

    Hello fellow physicist ! :hai:
    Бидејќи освен природните науки имам познавање и во психологијата и филозофијата, можам да кажам дека атеистите научници главно се базираат на подвидот на натурализмот, а тоа е Метафизичкиот натурализам што значи дека нема ништо друго освен природни елементи, принципи и релации од видот проучувани од страна на природните науки како што се физика, хемија, математика, биологија. Всушност методолошкиот натурализам претставува една филозофска база за науката во која метафизичкиот натурализам снабдува само една возможна онтолошка основа. Да бидам поспецифична, метафизичкиот натурализам ги одбива сите натприродни концепти и објаснувања кои се дел од многу религии.

    Мојот одговор на твоето прашање е поврзано со верувањата кои луѓето го имале во најстарите заедници и како тие верувања се развивале. Имено во историјата на човештвото е познато дека праисториските луѓе не можеле да ги објаснат појавите во природата како громот, молњата, дождот, снегот, годишните времиња, денот и ноќта, болестите итн. Бидејќи се плашеле од овие појави, односно од непознатото, започнале да создаваат свои објаснувања за нив. Верувале дека природните појави кои на нам ни се познати денес, се предизвикани од натприродни и невидливи сили. Тие невидливи сили ги замислувале како духови кои се делеле на добри и на лоши. За некои од нив изработувале статуи од глина. Добрите духови им помагале на луѓето и ги заштитувале од лошите духови. Ова е важно бидејќо од овој периос луѓето почнуваат да развиваат смисла за добро и зло, слично како што религиозните луѓе веруваат во Господ и во Ѓаволот.
    Молитвата настанала истовремено кога се развила оваа перцепција од натприроден карактер. Имено, човекот кога имал потреба им се обраќал на духовите и ги молел да исполнат некоја негова желба, како на пример: да заврне дожд, да огрее сонце, да биде родна годината.
    Од друга страна, праисториските луѓе исто така верувале дека водат потекло од некое животно и дека од него зависи нивниот живот и опстанок. Таквото верување се нарекува Тотемизам, според зборот тотем што значи предок, зачетник на родот или на племето.

    Преку ова кое засега го кажав, имав за цел да објаснам дека откако луѓето почнале да дознаваат како всушност настануваат природните појави, сфатиле дека всушност за се во што верувале има одредено логично и рационално објаснување.
    А откако го споменав тотемизмот, тоа би значело дека дури и праисторискиот човек не верувал дека е создаден од некое божество, туку дека потекнува од некое животно,предок а ова е многу слично со теоријата на Еволуцијата.
    Меѓутоа, нештата почнале да се менуваат и луѓето развиле размислување дека потекнуваат од некое божество. Ова настанало кога земјоделците, работејќи на земјата сфатиле дека нејзината обработка и плодност зависат од природните појави, особено од сонцето и дождот, кои најмногу придонесувале за добар род на посевите. Затоа, на тие појави им придавале натприродни својства и почнале да ги сметаат за божества. Нашите далечни предци најмногу ја почитувале божицата- мајка, која ја сметале за прародителка на живиот свет на земјата. Луѓето во праисторијата, а и подоцна, се плашеле од боговите, ги почитувале и им принесувале подароци за да им помогнат во неволја.

    Главната причина зошто при моето објаснување го споменав раното верување во најстарите цивилизации, а не почетокот на Христијантсвото е тоа што концептот дека постои нешто натприродно е исто и со верувањето на еден Бог, само што разликата е во тоа што тоа мислење се менувале со текот на времето.
     
    Lianna Anna likes this.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    @Briar Rose тоа за што погоре зборуваш е познато како „God of gaps“ или „Бог на празнини“. Ова е логичка грешка која што луѓето ја правеле и ја прават со тоа што празнините во научното познавање ги пополнувале со Бог. Ако нешто не знам како функционира, тогаш Бог го прави тоа. Пример: Зошто Месечината не паѓа на Земјата? Бог ја држи!
    Слични логички грешки прават и атеистите кога извлекуваат заклучоци од теолошките празнини. На пример велат: „Ако постои Бог, тогаш од каде злото? Зошто Бог не го уништи злото и страдањето? Ете, значи Бог не постои.“. Значи овде имаме атеист што не знае од каде е злото и страдањето и зошто Бог не го прекинува веднаш и од тоа незнаење (научна/теолошка празнина) тој извлекува заклучок. Значи како што има „богови“ кои пополнувале празнини во знаењето (God of gaps), така има и атеисти кои ги пополнуваат дупките во знаењето со атеизам (Atheism of gaps). Ни едното ни другото не е добро. Ние треба да извлекуваме заклучоци од тоа што го знаеме, од откриените факти за реалноста, а не од она што не го знаеме, од непознатото или од прашалниците.

    Кога познатиот научник и основоположник на современата механика Исак Њутн го открил законот за гравитација, тој не рекол: „Аха, еве сега знам како планетите се движат, не ми треба Бог“. Не, туку тој ја напишал Philosophia Naturalis Principia Mathematica – една од најпознатите книги во историјата на науката, каде меѓу другото напишал:

    „Најубавиот систем од Сонцето, планетите, кометите можел да произлезе само од намерата и власта на интелигентно Битие.“
    А во друга прилика рекол:
    „Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!”

    Знам дека има многу лоши примери за религии и верници. Сепак Божјото постоење и Божјата објава на човештвото (преку Библијата и Исус Христос) не зависи од сите нив. Ако човек искрено сака да дознае дали Бог постои и дали и како му се објавил на човештвото, треба да ги тргне сите религии и верници на страна и лично да го бара Бог, а не да си оди со девизата „Штом попот вози џип, значи Бог не постои и ќе си грешам до миле воље“.
     
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Да, и мене ми се познати овие поими, како и нивното значење. Но сметам дека причината поради која постојат вакви празнини и од двете страни е бидејќи некои луѓе кои се обидуваат да објаснат одредени работи не се ни целосно религиозни, ниту пак целосно атеисти. При текот на нивното истражување, или самостојното одговарање на нивните прашања, кога ќе стигнат до одредена тематика која ни самите не можат да ја објаснат преку нивното верување, веднаш се ,, префрлуваат ,, на другата страна и на тој начин го објаснуваат непознатото прашање.
     
    blonde_supergirl likes this.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,234
    Likes Received:
    4,290
    Кога ова би било вистина тогаш животните како што се на пр. кравите, свињите, овците и сл. мирно би оделе под касапски нож. Но тоа како што можеме да видиме воопшто не е случај. Тие рикаат, се бранат, дури и плачат бидејќи чувствуваат дека нивниот овоземен живот треба да заврши на неприроден и честопати свиреп начин. Од друга страна кога умираат по природен пат поради старост животните не покажуваат страв, голем број бидови мирно се повлекуваат во осаменост и ја испуштаат душата. За луѓето тоа не би можело да се каже секогаш - неретко оние на смртна постела ги фаќа паника или жалење поради краткотијата на животот, иако рационално се свесни дека смртта е неизбежна и подеднакво природна како и раѓањето.
     
    Feminka22 likes this.
  15. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Joined:
    Oct 21, 2016
    Messages:
    821
    Likes Received:
    2,134
    Gender:
    Female
    Мислам дека повеќе се работи за нагон за преживување отколку за свесност кон животот и се што тој претставува и за размисли за смртта или она што следи или не следи по неа. Ќе мора да се сложиме дека немаме ист став по ова прашање.:)
     
  16. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Joined:
    Jul 6, 2010
    Messages:
    2,083
    Likes Received:
    5,093
    По смртта...хм. Зависи каква смрт. Рецимо да те изеде некое животно налик ајкула, тигар, лав, куче, слон, мечка... По одредени процеси стануваш т.е. се реинкарнираш во....кхм.
     
  17. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Joined:
    Jul 28, 2016
    Messages:
    283
    Likes Received:
    724
    По смртта сакам да го запознаам Луцифер. Во серијата изгледа згоден, не знам за реалноста. :^)
     
    Bokchee, Matotheja and Lella like this.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    3,726
    Likes Received:
    10,242
    Gender:
    Male
    За жал во реалноста нема да имаш можност. Според Библијата, во огненото езеро прво ќе биде фрлен Луцифер, па отпаднатите ангели (демони), а дури потоа непокајаните луѓе. Така што дури и да се најдеш во оваа група, додека ти бидеш фрлена, "пепелта" на луцифер ќе биде на дното на уништувањето.
     
    Lella and sj *O* like this.
  19. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Joined:
    Jul 28, 2016
    Messages:
    283
    Likes Received:
    724
    Но види сега, јас тоа го кажав на сарказам, ваљда. Инаку не верувам ја во тие работи, мислам верувам во добро и лошо, во исправно и не исправно. Но во Господ и Ѓаволот или пак рајот и пеколот, не. Знам дека еден ден во црна дупка ќе одеме сите а колку е тоа останатото вистина, воопшто не се замарам.:lol:
     
  20. Selest

    Selest Популарен член

    Joined:
    May 31, 2017
    Messages:
    399
    Likes Received:
    1,456
    Gender:
    Female
    Se reinkarniras??? Seriozno ova???