Го делам истото мислење како тебе. Се има свој почеток и крај. На некого му е полесно да се залажува дека има нешто после смртта и да ја ублажи ситуацијата, или да замине таму некаде во рајот или пеколот, но јас на ова сурово гледам . После смртта , настанува смрт. Ги читав коментарите на некои кои веруваат во реинкарнација, а имаше и во такви кои веруваат во сличности, па и животните си имаат сличности и се раѓаат и умираат. Според мене ништо не трае вечно. Светот не постоел од секогаш и еден ден ќе се распадне како што се распаѓаат полека работи околу нас во секојдневието. Бум, настанува тишина .......
Џабе да дебатираме коа не можеме да знаеме... Ама според многу теории и најбитната Библијата се вели дека секој човек после неговата смрт продолжува да го живее истиот живот со своите блиски и на оној свет ама без смрт .. Дека сите се безтелесни , се како меморија која вечно трае и дека во тој живот ја достигнуваме најголема среќа и задоволство . Библијата вели дека „според [Божјето] ветување очекуваме нови небеса и нова земја“ * (2. Петрово 3:13). Преку своето Царство, Бог повторно ќе ја направи Земјата рај, како што имал намера уште во почетокот, и тогаш „смрт нема да има веќе“ (Откровение 21:3, 4). Дали овие зборови укажуваат на живот на небото или на Земјата? Ако нешто „веќе“ нема да го има, тоа значи дека некогаш го имало. Но, на небото никогаш немало смрт. Оттука, логично е да заклучиме дека овој стих се однесува на она што ќе се случува на Земјата, таму каде што Бог имал намера да живееме и каде што и самите сакаме да живееме со нашите блиски. Библијата исто така открива дека мртвите повторно ќе оживеат и ќе бидат заедно со своите сакани (Јован 5:28, 29). Многу луѓе биле воодушевени кога дознале што кажува Библијата за животот на небото. На пример, еден поранешен католик по име Џорџ вели: „Многу ме утешува тоа што сега знам дека, според Библијата, ќе живееме засекогаш на Земјата. Тоа е многу пологично отколку да одиме на небото Телото умира , душата неможе никако затоа што таа е енергија ...Не ѓабе старите викаат кога ќе умре некој ај сега се собрале сите таму , се гледаат .. мора да има нешто неможе туку така да се исчезне ...
Старите исто така викаат дека не треба да се сечат нокти навечер, така да не би ги земал како веродостоен извор за се, да сум на твое место. Викаш душата е енергија. Енергијата може да се измери. Ја има некој измерено душата? Немој само те молам со муабетот за 21 грам.
Sekako ti od cel tekst za starite si se fatil .. poshto za drugoto nemash komentar zasto valjda sum vo pravo ... samo za mrchenje da se najde coek gledaj istrazuvanja , citaj biblija kje ti stane do negde jasno
Остатокот од текстот е цитирање на Библијата и не вреди да се коментира. Не ми одговори на прашањето за душата.
ima lugje koi se zadolzheni za ispituvanje na site ovie raboti i ne e citarane se od biblijata taka da ne ti odg poshto ne si procital kako shto treba
Знам дека како малечка, кога почина баба ми, замислував дека по смртта душите на луѓето одат некаде во вселената и дека ѕвездите се всушност душите на починатите. Сум имала бујна фантазија Смртта е крај на животот. Толку Нема друго.
Смрта е крај на телесниот живот , а не крај на свеста и љубовта свеста е таа што те прави да се чуствуваш жива , а ако таа не умира значи само телото се напушта според библијата вечниот живот е овој живот во друг паралерен свет само без биолошка потреба и смрт болка .. ве молам не верувајте во реинкарнација , пологично е да верувате во ова него во тоа... На крајот тој ден се ќе се дознае , мора да има нешто
Не било тоа бујна фантазија, туку детска интуиција која сè уште не била оптоварена со ограничувањата од интелектот на возрасниот ум, па делумно насетувала некои нешта, додуша изразено на детски начин соодветно тогашната возраст. Луѓето кои имаат увид зад онаа страна на материјата известуваат токму за тоа: дека душите на починатите заминуваат на планети кои одговараат на нивната состојба на свест. Таму тие можат да го продолжат својот спиритуален развој и прочистување за да се насочат кон Апсолутноста (Небесното Царство), или да се вратат во ново човечко тело на Земјата. Животот нема крај - тој е вечен. Крај може да има само за телото - обвивката на душата, бидејќи е од овоземна супстанција која пак подлежи на законите на материјата. Spoiler Меѓу многуте наслови на оваа тема, повеќе може да се прочита во книгите: Секој умира самиот за себе (достапна и на македонски јазик) и Патот на заборавот
Emanuel Swedenborg - Naucnik koj bil pred svoeto vreme veruva deka ima zivot posle smrtta ama beztelesen . i vtoroto video e cel kanal https://www.youtube.com/user/offTheLeftEye
Божјите пророци и просветлените мистичари. @Marche12 гледам постираше видео за еден од нив - Емануел Сведенборг.