Користи ли некој Фемили линк на при пејд бројче? Не можам никако да најдам локација ако не е на ви фи, на мрежа не ми дава локација.
Мора да има поврзување на мрежа. Ние затоа зедовме пост-пејд за некои си 200/300 денари плус на месечна сметка. Види некоја друга аплокација.
Не е до телефонот. Има апликации што работат само со GPS. За нив мора да симнеш офлајн мапа за да може да работат.
Далеку сме од прваче и почеток на училиште ама пред некој ден разговарав со раководителката на градинката на дете и низ муабет. Таа: Уште 2,5 години и Х (ќерка ми) ќе биде прваче Јас: Како прваче, нели со полни 6 т.е во годината кога прави 6 се тргнува? Уште 3,5 години има. Таа: Да, ама како јануарско дете, ќе добиете покана на 5,5 години да тргне и ако не сакате ќе стои дека родителите одвиваат детето да оди на училиште и останува година плус во градинка Јас мислев обратна е ситуацијата. По закон би почнала на 6,5 години, а по барање на родителите со можност за порано. А не демек родителите одбиваат да почне детето. Ова ако е стварно така или секоја градинка различна пракса си има.
Не е точно. Во јануари родени треба сама да побараш ако сакаш да почне порано. Ќерка ми е во јануари, годинава си почна регуларно со останатите од истата година. Нема што да одбиеш, државата нема да ја бара за да почне прваче на 5ипол. Најмалите првачиња се 5 и 8 месеца на први септември.
мене во градинка ми рекоа дека е многу подобро на 6ипол да почне одколку на 5ипол. И така беше. Мојот е во март роден. Јас имав школска која во јануари имаше роденден и беше најголема од сите. Значи почна на 7ипол не на 6ипол (тогаш во време кога се одеше на школо со 7 год)
Законски децата тргнуваат таа година во која полнат 6 години. Значи законски твоето со 6 и пол ке тргне. Ако сакаш, има опција и на 5 и пол да тргне, само јануарски деца можат да бираат. А дали ке тргне е целосно твоја одлука. Ако е спремно и напредно детето, може, лично не сум противник. Но тоа ке го знаеш дури кога ке наполни 5.
Не дека барам да тргне порано. Се повеќе сум за тоа да си започне со генерацијата. Ме изненади муабетот дека демек родителите одбиваат да тргне на 5,5 години стои во поканата. Што веројатно не е ни точно.
Ne znaev kade da prasham, pa zatoa tuka. Dali vo treto oddelenie na vashite im davaat nastavni listovi sekoja nedela, Matematika? Aj shto davaat, no navistina se teshki. Moeto dete nekogas se snaogja, no so nekoi temi ne moze. Place. Navistina sum razocarana od obrazovanievo. Sto da pravam? Sedam, objasnuvam, no nekade ne moze da se snajde i gotovo.
Какви наставни листови? Надвор од наставна програма? Ги имаш книгите на е-учебници, провери дали се според тоа што учат. Ако сакаш прати ми слика во порака и ке ти кажам во споредба со на син ми.
Za treto oddelenie. Tvoeto e prvo? Spored toa shto ucat e, no rabotata e kje im dade nizi ili tabeli primer i ona se gubi.
Моето е прво, темата е за првачиња, затоа мислев дека е за прво прашањето. Ако не се снаоѓа, или учителката не им објаснува доволно или доволно добро, и и треба помош. Или пак на твоето математика не и е јака страна. Не се сите деца талентирани за математика, со некои треба екстра да се работи. Ти и објаснуваш дома? Работите со неа?
Во трето одделение треба да добиваат домашна. Има за секое одделение колку минути треба да им одземе домашната на дневно и неделно ниво. Во принцип домашната треба да соодветствува на програмата и да им помогне на децата да го увежбаат материјалот. Ако нешто не е јасно ќе се увежба или на наставничката да и се укаже дека не совладува па наставничката да објасни тоа што не е јасно.
Не е до децата. Програмата уште од прво одделение им е катастрофа, учебниците исто. Треба многу објаснување, учење и пак не може да постигнат зашто не е соодветно на возраста.
Нормално дека да, како иначе ќе знаат до кај се? Чекај во четврто да видиш колку е тешко и напорно, еве сме втора недела со тестови. Зошто да се разочаруваш, вежбај да совладате или најди наставник, за сите е иста програмата. Мое мислење е дека дури сега во четврто е полесно за совладување, зошто децава имаат секој ден сега домашни и можат полесно да влезат во континуитет за разлика од целодневна кога беа еднаш неделно. Прво тромесечје втор пат тестови по сите предмети прават, и воопшто дома не учи туку од што има домашни редовно и секој ден пишува, тоа што совладал, сите му се 5.