Штедлер или Faber Castell се покажаа како најдобри. И џуниор не се лоши воопшто. Џиото фломастери се добри, боици немам сретнато. Лично ми се на трето место. Инаку и шдетлер и бик се со иста цена, не повеќе од 150 денари. Лани во кам штедлер беа помалку од 100. Бик во тамаро исто така помалку од 100. Водени боици имам купено многу низ годините и сите се малтене исти. Немам дадено повеќе од 150-200 денари. Битна се и гумата и острилката. Гуми на џуниор се топ, и facdis уште од мое време се одлични. На тема пластелин, тој од џамбо е друга димензија, ама ги нема сите бои. Јас имам купувано по 4-6 бои. Оние класични пластелини со сите бои 10-12 се тврди и за цена од 100-150 денари сите што ги имам купено се покажале исти.
Затоа викам,имаше во Пепко пластелин кој изгледаше како мек,ќе купам за проба па ќе видиме како ќе се покаже
За ранец се одлучив на Gabol од Просветно дело, само се мислам дали да земам анатомски или обичен што може да се стави на количка со тркалца? Одбравме дезенче и истото го има и во двете варијанти. Што препорачувате повеќе? И ташничка за моливи и боички, каква препорачувате? Оние што се како кутивчиња со 2 патенти некако многу тешки ми изгледаат…
Син ми има од Габол анатомски со 4 прегради. Од ист дезен имаш со 2 до 5 патенти - нема да погрешиш. Најдобро во продавница да ги видиш, бидејќи анатомските се малку потешки. Кутивче со 3 патенти, по една преграда за боици фломастери и молив/гума/лепак. Најдобри се овој тип, плус ист дезен со ранец има а овие дома се топ, ги реди и прередува ама во училиште се ке стави во ранец
За тркалца дали ќе има можност? Некои училишта имаат училници на спрат. Освен тоа мислам дека во прво би му било интересно така да го влече,потоа се сметаат за големи и тоа ќе им личи бебешки Моето дете лани имаше од тие анатомските, секако најмногу јас и татко му го носевме понеделник и петок (бидејќи им стојат во училиште) За прибор,моето имаше како ова погоре со Барби,убаво е прегледно се,ама мислам дека тежи, има едни рамни со преклоп што се отвараат (ама објаснив) тие мислам дека се така поуредни а помалку тежат.
Ние ранецот за прваче го купивме во Тримакс, мислам дека Must беше. Во четврто му купивме нов ранец од Струга од една многу снабдена книжара во чаршијата (@Bubish26) на два спрата е. Тој мислам дека беше нешто target или слична марка. Тој од прво уште го користи за излети и слично. Вториот го купивме зашто првиот стана мал за сите глупости што ги носи во школо од четврто наваму. Сега во 6-то уште ќе го носи тој што го носеше во 4-то и 5-то. Ептен е квалитетен. Шишиња за вода кој какво сака/мисли нека купи. Јас пишав дека мене најпогодено ми беше тоа од Карес. Некому ете не се погодило. На крајот од денот што ќе се погоди тоа ќе се користи. За моливи доби милион различни и купивме неколку. Сепак најпрактично се покажа едно платнено купено од Просветно Дело со мотиви од Хари Потер кое има три прегради и два патенти. Се му собира внатре и организирано му е. Во една преграда чуваше моливи, гуми и острилки, една преграда за фломастери и една за дрвени боички. Сто пати го перев и уште е супер. Најнепрактично нас ни е покажа тие што се тврди со прегради. Тешки му беа и многу простор зафаќаа во ташна. Уште стојат две такви дома. Од се единствено оптоиварување и на буџет и на работа по дома ми се униформите. Мора да се докупат плус од тоа што даваат, не се скроз памучни, не може нормално да се носат надвор од школо па мора да се купи и нормална гардероба. Капак на се бели беа па кога се испофлекаа сите во школо одеа ко парталави. Арно ама за тендери и лапање пари се супер. Затоа опстојуваат. Нема врска што чучавци има, што телат кровови, што нема сапун и тоалетна, што нема саглам нагледни средства и кабинети, битно парталчиња се набавија со наши пари, па и ние плус пак со наши пари си докупивме.
@JoyJoy ако не е тајна, колку се доплаќа за униформите? Кај нас оваа година прв пат ќе се воведуваат, и основниот комплет ќе биде бесплатен, но секако дека мора да се докупат уште блузи, па сакам да знам колку отприлика би чинело?
409 ден за маица на кратки, 448 за блуза на долги. Резерва дуксер не земав, не знам тој колку беше. Лани тендерот го имаше Wenice за нашето школо, и униформите каснеа 3 месеца и ги добивме на крај без сошиени амблеми. Годинава планирам од Тему да нарачам за да не преперувам една маица секој ден 3 месеца.
Мајки здраво а дали дечињата што се целодневна и таму стојат ранците до петок секојдневно го праќате со помало? Ни рекоа вода нешто ужинка овошје и мајца резерва да носи за тоа претпоставувам му треба некое помало ранче
Маица резерва во ранец му стои,шишето го носи во рака,ужинки не дозволуваат. Но да,имаме мало ранче некогаш кога носи дополнително прибор или материјали за изработки си го носи тоа
Јас го праќам со торбичка за ужинка. Земи поголема во неа да ти собира кутијата за ужинка, шишето за вода и евентуално нешто плус ако му треба за дента. Секојдневно оди со неа, ранецот стои во школо.
Кај нас се доплаќаше околу 400 денари маичка со кратки, и околу 450 таа со долги. Дуксер не нарачав дополнителен зашто и тој еден што му го дадоа не сакаше да го носи. Ги позлативме тие што го добија тендерот, односно Линк Медиа. Срамота е ова со униформите, ама додека има гуски ќе има и пердуви. @ni.na На почеток одеше со мало ранце, ама потоа сам си побара да го носи големиот ранец зашто носеше два пати книги за курс англиски, еднаш опрема за фудбал и плус шише со вода и ужинка за после школо а пред курсевите. На крај секој ден одеше со големиот ранец. Книгите остануваа во школо ранецот се шеташе.
Мајки, ми треба совет. Од колку мл шише е таман за во школо? 350 или 500? Од coolbottles имаме од 350, се мислам дали од 500 да му земам...