Па, не е баш „голема работа„ Нема да се продолжува наставата, нема да се одработуваат саботи, туку ќе се скрати програмата која и онака е за никаде. Ај тоа... туку која е логиката сега да седат дома децата кога омриконов е малтене обична настинка, а во септември одеа нормално? И тогаш имаше пик ако добро памтам?
@Snowflake_62 моето дете појма нема од политика. Едноставно не дозволувам некој и нешто да му расипе детство. Децата не треба да имаат појма од политика и такви глупости. Ако ти дозволиш некој на твоето дете да му распипе детство тоа е до тебе. Моето дете на пример мислеше дека сите што висеа на билборди за локални избори уствари умреле (зашто знае за што служат плакати на бандери). Па се објаснувавме дека тие само сакаат да бидат избрани да се грижат за добросостојбата на местото каде што живееме. И толку. За пари знае дека не може се да се купи, дека парите се заработуваат со многу труд и дека тато и мама многу учеле за да стигнат тука каде што се. И пак толку. Нит повеќе нит помалку. Нема зошто прваче да се оптеретува со други работи. Битно секој ден за распустов освен првата недела вежбаме по пола саат пишување и математика дома. Читаме книги секој ден и од време на време повторуваме природни науки и општество. Купив и од Биби и Боби активности за прво одделение. Гледам по програмата за прво се правени па ќе ги повторием тие работи што ги учеле во прво одделение на позабавен начин зашто ги сака Биби и Боби. На eduino.mk има активности за различни возрасти до 10 години па и од таму нешто ќе правиме и така. @An-na чекај ти би да одработуваат Саботи. Првачиња? Стварно? Во прво одделение треба да го засакаат школото. Плус наставната програма е целно насочена. Ако се остварат целите се е во ред. Нема потреба буквално се што пишува во учебник да се реализира. Битно е целите на програмата да се остварат. Новата програма е скроз во ред. Барем јас така ја гледам. Не знам еве што не чини во програмата за прво одделение. Во програмата дури и пишува дека децата треба повеќе да се надвор, да учат математика преку собирање камчиња и слично. Ако децата научат да бројат до 100, да собираат, одземаат, да препознаваат и пишуваат букви, да знаат да опишат чувства итн итн на крај на Јуни не е стварно битно дал останале 10 страни од учебникот непоминати. Битно зацртаните цели да се остварат.
Здраво мајки на првачиња . Дали некоја знае каде може онлајн да се најдат песничките што се по наставна програма по мак. јазик?
Какви песнички? Тие што ги има во книгата по македонски јазик? Мојов дома не кажува многу песнички. Не учат на памет песнички мнгоу бар кај него во школо.
Секон актив (читај секое школо) носи одлука што ќе се учи. Во учебникот има некои песнички ама за сите предмети учат и по нешто плус од учебник и не учат се од учебник. Така штп за поединечни песнички зависи од школо до школо што ќе учат. Листа некоја задолжителба нема. Има сугестии.
Кај нас и од Росица им даде песничка и на Тимс ни ја прикачи за да си учат. Побарајте така по Тимс или меил да ви ја прати.
Кај моево не учат многу песнички. Прво полугодие неколку. Сега гледам позабрзано учат букви, секој ден различна пишуваме за домашно. Математика собираат одземаат до 20. Многу ми е брзо за нивна возраст се ова, ама ок таа е програмата. Дали ги пријавувате на Кенгур?
Не учат многу ни кај ќерка ми, но им кажала да ја научат, а ниту ни ја прати ниту пак негде ја најдов. Почнаа да учат десетки и единици.
Zdravo sakam da prasam dali vasite prvacinja veke imat pocnato bukvi da ucat. Nie dosega nemame nitu edna bukva uceno imame linii kosi, ispraveni. Ucitelkata sega ni rece da kupime tetratka za pocetno pisuvanje so elementi. Jas mislam deka veke treba da pocnat so bukvi pisuvanje. Matematika sme do 10, sobiranje, odzemanje, pogolemo pomalo.
И кај моето немаат почнато со букви, ни рекоа од понеделник да донесат тетратки за почетно пишување. А математика последно учеа за множества, и математика 2 ја почна.
Ќерка ми е родена во јануари и веројатно постои можност да бира дали ќе тргне прваче овој септември (со 5г и 9м) или наредниот со 6г и 9м..првата опција ми изгледа многу рано, втората многу доцна.. Искуства од вашите дечиња со кои сте биле во слична дилема...некои проблеми што од сегашна перспектива сте ги воочиле за или против порано/покасно у школо? Јасно ми е дека секое дете е индивидуално, дека сигурно ќе треба проценка од психолог..но исто така и програмата сега наводно била многу полесна од онаа според Кембрич..
Мојот е во ноември, и со неполни 6 почна прваче во септември. Сите другарчиња од мали што се заедно пред зграда се исто првачиња, заедно учат сега и повеќе ми одговараше да е сега од в година. Кај психологот се лесни вежбите и задачите што ги прават, не знам дали има дете од таа возраст 5-6 години што нема поминато. Програмата според мене не е многу лесна, и на 6 години некои деца уште не држат добро моливи, а не да се описменуваат, ама како за сите така и за нив. Инаку син ми беше најмал годинава во неговото одделение ама не сме имале никаков проблем до сега, се вклопи целосно.
Мојот е во декември, тргна со 5г и 9м бев многу исплашена како ке се снајде, мислев дека е многу мал, а и немаше некој посебен интерес за учење, ни букви, ни бројки пишуваше. И да ти кажам баш пријатно ме изненади, се си совладува како ги учат темите, веќе почнува и да чита по малку. Педантен, книгите стално средени, чисти (си го испофалив, син на мајка ) Така да сега пак да треба да бирам би го пуштила исто. Има со него во одделението и девојче што е родено во јануари па супер се прилагоди, ама имаше и деца со полни 6 што потешко им оди. Пак на крај си зависи од детето