@TheSecret да видиш во Карес. Таму обично има квалитетни работи. @LiliBoz лани купивме од Кеги како старки патики со лепенки. Годинава ги исправ летните платнени и со тие ќе оди барем за сега.
фала женски... ваму ни рекоа топлинки или патики. некако лепенките на топлинки ми се сомнителни за кога трчаат, па патики ќе да бидат и кај нас..
Од каде купивте А4 формат тврди листови во боја? 10 ни требаат само, во офис плус немаа, а во просветно ми нудеа цел топ.
Темава не е баш соодветна за прашањево, ама во недостиг на друга, да прашам: Дали вашите деца имаат учебник по Македонски јазик? За 3 одд прашувам.
Јас имам прваче, четвртаче и шестаче. Шестачето има учебници по секој предмет засебно. Другите двајца имаат една книга со материјали по четири предмети колку за прво тромесечие, наводно се менува програмата и се чекаат новите учебници. Тоа било случај со учениците од прво до петто одделение. Така е кажано на родителска. Туку да прашам, дали ви испратија од општина пари за првачињата?
Мислам дека за цела држава важи. Конкретно јас сум од Охрид и уште на првиот ден ни дадоа да пиполниме податоци, општината најави дека ќе додели по 3000 денари за секое прваче.
Некои општини даваат пари за првачиња некои по 2000, некои по 3000, една оптина ако не даваше 6000 денари за прваче. Треба да се поднесат документи во општината.
Ги вакцинираа првачињата? Моево вчера прими МРП ревакцина, од училиште ги организираа на систематски преглед во општинската поликлиника. Мене некако рано ми дојде, мислев дека во пролет ги вакцинираа, барем така беше со големиот.