И јас мислев така за сестра ми кога и изнакупив 300 глупости за почеток на школска година, додека не испадна ситуација секоја недела да купуваме фломастери, дрвени бои, и мрсни бои.. Имаше едно дете што постојано си го полнеше ранчето со туѓи ствари, мајка му мува не ја лазеше.. Се надевам сега во второ одделение ќе го отпишат од тоа школо и ќе си го запишат на друго место, класичен клептоман со мајка незаинтересирана за него.. И во темава имам пишувано за ова..
чекај,сакате да кажете дека сега од понеделник 4ти септ.коа ќе почнат целодневна.нема да има доручек,ручек-храна? ?? па зар не се средува тоа тендери за набавка храна преку лето?? да набавам и јас кутии за храна треба??
Чекај родителска. Кај нас лани каснел тендерот, па децата некое време беа без јадење и си носеа од дома два оброка и ужинка. Годинава може ќе биде инаку
Лани немаа ни ужинка а не па оброк во дневен.Цела година си носевме два оброка,ќе видиме годинава дали смениле нешто.
Кај на наредна недела се до 12 и ќе имаат доручек и ручек. Книги ќе им дадат исто во понеделник. Среќно на сите првачиња.
Среќно на сите првачиња Што е со новава мода,прв училишен ден со приредба со кловнови и маскоти во училиште?
Со среќа на сите првачиња да си имаат успешни и незаборавни школски денови Браво за градоначалникот на Центар, синко беше воодушевен од ранецот што го доби Сакам да прашам кај сите ли првачиња што ќе одат во целодневна ќе има адаптација, нас ни рекоа првата недела ќе бидат од 8 до 10 само.
И ние до 12, демек битна била адаптација,да научат кај е улична итн. Инаку книгиве многу обемни како за прво, други родители кажуваат претходни години во 3 одделение го учеле ова. Нас учителите ни викаат второ полугодие се надеваме сите деца веќе ќе читаат
Кај нас имаше аниматор и баш беше убаво да ти кажам. Толку многу ги опуштија дечињата, секое насмеано влезе внатре во училиште. Баш прекрасен прв училишен ден! Некои спремаат цели приредби, а ете некои аниматори Сигурно немаше време за спремање кај нас (реновираа, хаос беше), па полесно било аниматор да има Ама баш убаво, весело беше. @elcezelce секогаш е така, секаде. И нашиве се прва недела од 8 до 10, ни рекоа само прибор да се носи со молив, гума, боички, острилка. Исто беше и со синчето пред 2г, адаптација секаде има. Дури со него 2 недели адаптација имаше, па се буневме да скратат Со среќа на сите првачиња
@elcezelce секаде во целодневна има адаптација. @eli.karameli мојов сега е трето и беа прва генерација по нова програма. Успеаја се да стигнат. Некои убавоо читаа некои буква по буква на крај на прво. Материјалот за другите предмети е порастеретен во споредба со Кембриџ.
Па искрено поприкладно би било некое од ланските првачиња да изрецитира некоја песничка, некој да одглуми драматизација или некоја музичка точка да одиграат. На некој начин,да им го претстават она што ќе ги очекува во училиште. Мислам дека на аниматорите и кловновите местото им е во игротека
Леле немој. Кај нас рецитираа поголемите, аман нозе ми окапаа џабе. Кое не збори гласно, кое заборавило, ништо не се слушаше, ништо не разбравме. Далеку од интересно, а трае. Првачињата почнаа да мрдаат на столчињата, досадно, не можат да до седат. А директорката говор земала држи. Поубаво да им пуштена песнички или некој аниматор, да им се види дека и во школо е убаво и интересно. Ова беше не беше интересно.
Едвај ги слушнавме кога ги читаа за приемот на крај и тоа големи ученици, од 6,7мо Имаше на почетокот изиграа една точка дечиња од 4то одд, а после аниматорот кој ги вклучуваше првачињата во точките. Надвор во дворот беше се, на крај едно по едно ги читаа и влеговме сите во училницата. Мојава на сите кажа колку било убаво, колку била среќна и колку убава училница имала. Преубаво добредојде со дечиња нацртано на таблата имаше. Сите до едно влегоа без никаков проблем, скроз сами. Мојава не сакаше да оди во школо, многу зборување имавме цело лето и едвај купивме и ранец. Плачеше на секое, дури престанав да ја носам во градинка уште од јуни за да не и биде уште потешко. Два пати додека не почна целата анимација стана од стол и дојде до мене А после веќе и стана интересно и без никаков проблем влезе сама во училиште.
Кај нас имаше драматизација и музички точки неколку од поголемите дечиња, син ми стоешњ здрвен исплашен додека ги гледаше ме стискаше цело време за рака, се опушти дури кога влеговме во училницата, можеби подобро ќе беше да имаа некоја анимација повеќе ќе ги опуштеше сепак сеуште се тоа малецки деца од 5-6години.