Јас сметам дека во училиште треба да учи , дома да не изиграваме учителки. Со мене никој не учел. Не ме ни прашале моите - имаш ли домашно, имаш ли тест? Сама учев секогаш, освен во средно кога ми требаше професор по математика. Со татко ми чат пат математика вежбав, но еднаш се случи да промаши се и да добијам тројка. Тоа им е работа на учителките, како што јас работам за што сум платена така и они треба. А кое дете колку/како ќе разбере секако не се сите исти, некое е генијалец некое нема капацитет, тоа веќе е друго. Го проверувам во недела чисто ме интересира што учат. Песните ги кажува научени од таму. Штом дете учи таму песна. значи сигурно се посветени. Сам бара да му задаваме задачи, тоа со задоволство маж ми го прави. Но не сакам да биде зависен од нас за учење, сакам како јас што јас сум научила сама да читам и сама што сум учела така да биде и он. Нашите кажаа дека од оваа година имаат нова програма и дека се исплашени како тоа ќе се одвива. Дека децата се премали за толку многу работи одеднаш. И така е. Ова нивното прво , е наше “забавиште”.
@JoyJoy жими сѐ, ти си единствен што е задоволна од програмата. Мене ми е преагресивна за возраста. Имам другарки по светов и фокусот е на основни работи, не на сѐ и сешто. Од многу работи, се губи фокусот од то што треба. Многу битно децата во трето да научат дек има 206 коски. Папагалски информации
@eli25 програмата е од пред 3 години. Генерацијата нс моето дете е прва. Сеуште немаат печатена книга математика зашто се прва грнерација. Разработена е веќе. Не знам зошто годинава се крева толку фама. Инаку со мене дома моите работеа. Уште го помнам денот кога ја пишував буквата А првпат. И се занимававме и со глупости како Краснопис со пенкало со мастило. Од оваа перспектива ви изгледа поинаку ама не сте се родиле учени, ниту програмата била најлесна, нити се во школо сте постигнувале. Некои работи се забораваат. @kukla21 одговорно ти тврдам дека програмата е во склад со она што се учи во свет. Лично проучувам системи на образование, сум поминала цела година во училници во Велика Британија како истражувач. Лани бев во САД каде купив материјали за прво и исти се. Информацијата за број на коски не знам од каде ти е ама ја нема ни ви програна (не ни може да ја има зашто програмата поставува цели на учење и теми) ниту ја има во учебник за прво. Проблеми во образование има многу ама сегашната програма не е еден од нив.
со мене исто не учеле. Со многу околу мене никој не учел. Сите одевме класична настава. малку си нереална. Најреален коментар што го прочитав беше ма @Annath. Тоа е она кое и јас го гледам во моето окружување.
@JoyJoy не си во право. Програмата е тешка за децава. Не знам како може да ти е ок ова. Со мене мајка ми некогаш работеше математика ( чисто да ми помогне), и тоа кога бев седмо одделение. Претходно малку сме вежбале за викенд. Сега кај мојава е сосема поинаку, јас работам дома, песнички читам, она по мене кажува, математика исто, минус и плус јас ја научив да ги разликува. Ај ова се основни работи, не знам зошто наставничката не им го објаснува. Значи таму ништо.
Со мене работеше мајка ми цело прво и дел од второ. Со брат ми подолго. Со маж ми исто работела мајка му подолго време. Од оваа перспектива детево ич дома не работи. Книги се носат во Понеделник, се земаат во Петок. Не знам како се сте постигнувале во школо во прво и второ. Јас ете со помош сум работела. @Black girl ако ништо во школо не работат имате проблем со наставничката. Песнички не ни треба напамет да учат.
Играјте не лути се човече, карти (макао, уно), бројте овошја и слично. Да се развие логиката за бројка, количина и слично. Материјалите од градинка видете ги (таму при крај имаат работено количина, броеви, пари и слично).Треба време да слегнат нештата.
Ги споредив со книгите од лани , скроз е поинакво. Немам потреба да измислувам, нити имам заборавено. навистина родител нема седнато со мене освен кажувам во кои моменти за математика. Кога научив да читам, беше летен распуст, пред да почнам 1во одд. сама научив ни сама незнам како, моите беа пресреќни и зачудени од каде. Како вчера го паметам тоа.
Леле Блек тешко тебе. Навистина немам ни време по цел ден да учам и тоа уште во 1во одделение а тек понатаму? Очигледно до учителките е , ужас
@eli25 иста се. Еве баш ги споредувам со тие на син ми. Некои корици се различни внатре содржината е иста само дел од прилозите на пример по Природни науки порано беа на крај сега се во книгата. Уште ги чувам книгите на син ми и еве сега ги споредувам со тие на e-ucebnici што се ставени. Програмата е сменета во учебна 2021/2022 со новата концепција за основно образование.
Да не испадне само кукам од мкд образование Петокот имаа 'диктат'...Со тие теи букви што ги изучиле.Домашно за викендов исто диктат требаше да му правам.Интересно како мозочето му работи.Не распознава редослед на букви коа треба да пише,па си повторува неколку пати во глава.Мора вежбање. Моето е целодневна и нема шанси да не го испрашам што учеле,буква/бројка.Според расположение,обавезно нешто му давам да провежба.Има мн ко сликовници ,росица,на забавен начин да се вежба рачето. Прогрмата за овие два месеци мене ми е сосема ок.Наставничкава амбициозна е,и не замерувам у тој поглед.Едноставно,така мисли дека треба за да извлече максимум.
Диктат?! Машала многу амбициозна наставничка имате @TarantulaA Воопшто не се согласувам дека со тој пристап, начин ќе го извади максимумот кај децата, може кај некое поамбициозно, ама кај повеќето револтот ќе е неизбежен.. Диктат
И мене ми се свиѓа на децава програмата, што знам, ние во забавиште учевме и букви и бројки и основни работи математика. Пред 30г. Што сега се помалку способни децата, тоа пола деца од 5г одат на Стем, Лего, Програмирање, Малац генијалац, Бреинобреин, ама ај. Е ај ако не да бојат само, второ се нашиве дел уште не сфаќаат дека ова е школо не градинка, па бараат играчки да си носат од дома.
Мајки како ја прифаќаат програмата првачињата,сакаат да пишуваат?покажуваат ли интерес,како издржуваат целодневна?
Син ми да. Покажува интерес сам бара да му даваме задачи и да го испрашуваме. По мене мислам дека не им е лесно , но сега засега добро се држи и целодневната е супер, таму пишува се.
мислам дека зависи од наставничките колку бараат и форсираат.Моето е целосневна,плус за дома им даваат по некоја домашна/наставен лист. Отпор секако се осеќа од детево...
Почнуваме со отпор особенопо математика, некако ми учат пребрзо ... собирање и одземање до 10 за три недели с. сега за два дена собирање и одземање сдо 20, и мојата се изгуби. учителката има метод даим пишува оценки ако не с еоценуваат сега како мотив, ама кај нас тоа не делува. И покрај тоа што учителката си мисли дека не вежбаме, работам со неа по три саати дневно но некако не и легнува математика брзо, и многу грешки прави на часовите кога сами решаваат. Веке од што ја форсирам не сака ни да вежба. Букви уште не почнале да учат од оваа недела најверојатно. ВО друго школо кај што е внук ми исти прваче досега имат изучено 4-5 букви и собирање и одземање до бројот 7. Стварно незнам каков е тој метод секоја учителка како сака така да си ја предава програмата. А ако знаете некои начини како да и објаснам како полесно а собира и одзема до 20 (бидејки немаме толку прсти) ве молам да ми кажете.
Дали е дозволено кај вас да се носат часовници? Кај нас ги забранија. Ептен се чувствувам испаничена, плус и со ситуацијата. Така некако се чувствував посмирено, последните години поради лоши случки инсистирав за носење и син ми ептен е послушен го носи. Сабајлето мислев кога го оставив во школо да се вратам и да си го приберам дома. Мислам дека и нема некој рамнодушен сега
@delvi 3ч вежбате? Премногу е, кај има дете од 6г толку концентрација, веќе девојчето и да сака од толку притисок нема шанси нешто да научи. Пробај преку игра да учите и само преку игра, има куп едукативни играчки со бројки, собирање, одземање. Пишување бројки ќе учите накнадно ако не ги знае, ама од што ќе ги гледа верувај и нив ќе ги научи. Оценки како мотив?! Под итно да се буните за ова, не е дозволено!! Ќе си најде друг начин и друга метода! @anggell телефони не смеат кај нас, ама за часовници ич не ми текнува дали спомнаа. Секако како што читав многу често давале грешна локација часовниците..