1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Преку телефон или во четири очи?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 4 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Како ви е полесно да кажете некому нешто, преку телефон или во четири очи?
    Зошто најчесто луѓето го одбираат првиот начин, па дури и врски се раскинуваат телефонски, или со порака? Немањето доволно храброст или да се поштеди другиот од болка, срам, страв?

    Споделете искуства кога вам некој не сакал да ви излезе пред очи па го одбрал полесниот начин.
     
  2. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Секако дека преку телефон е полесно, треба храброст се тоа да се каже во лице.
     
  3. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Најчесто практикувам важни работи да кажувам во четири очи, иако два-три пати ми се има случено и преку телефон да искажам нешто. Инаку мене ми се има случено да ми кажуваат нешто преку телефон, затоа што им било срам во четири очи или им било страв од мојата реакција, но сепак кога-тогаш ќе се сретнеш со таа личност, тогаш како ќе се чувствува?! Ми се има случено, една другарка да ми каже премногу работи преку телефон, и утредента се сретнавме случајно во маало кај мене, она избега, ја снема за секунда, па после тоа ми кажаа дека и било страв и срам да се сретне со мене. :^)
     
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Отворена сум и кога кажувам нешто сакам соговорникот да го гледам право в очи. Истото важи и кога тој сака мене нешто да ми кажи... Телефонот е за да прашаш некого како е, а не за да објавуваш важни одлуки.
     
    На Jasminkabibibi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. N.E.87

    N.E.87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    12
    Па мене оав преку телефон ми е некако детска работ,тоа е мое мислење.Затоа што кога бев мала така се трудев да ги решам проблемите,или да кажам нешто важно.Од страв тоа да го направам во четири очи.Ама сега веќе тоа што е битно да се разговара или да се реши практикувам да го правам во четири очи.Сега мислам има исклучоци,затоа што моите се далеку од мене па се што имаме да си кажеме си кажуваме преку телефон,меѓутоа мислам дека оваа е сосема друга ситуација.Значи колку и да е тешко некогаш нешто да се каже во четири очи мислам дека е многу подобро така и да се издржи сето тоа.На пример јас не би сакала некој да ми каже несто преку телефон а си го крие вистинското лице,затоа што многу е лесно да се скиеш позади слушалката :) .
     
  6. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Доколку немам друг избор освен телефонот за да соопштам нешто битно или некој да ми каже нешто битно, тогаш ја одбирам таа опција. Ама кога нештото не е толку итно, а сепак е важно или пак кога станува збор за проблеми во врска или раскинување, тогаш секогаш претпочитам разговор во 4 очи. Разбирам дека може да се јави недостиг од храброст, но речиси сите го имале тоа чувство, не е ништо ново и нешто со кое не можеме да се справиме. Користењето на телефонот не е само криење зад слушалката, туку и оневозможува да се пренесе и говорот на телото, гестовите, изразот на очите кои според мене исто така можат да пренесат информации.
    Проблемите се решаваат со соочување со нив и со лицето со кое настанал тој проблем, а не со бегање и криење зад слушалката.
     
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Секогаш кога треба нешто да соопштам или да разговарам за сериозни работи тоа го правам во 4 очи.Преку телефон најчесто се договарам за тоа кога,каде да излеземе и кога е досадно да помине време.Непосредниот разговор е незаменлив,така ги согледуваме емоциите,мимиките и другите гестови кај соговорникот така што може да откриеме дали тоа што го зборува навистина го мисли.
     
  8. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    преку телефон ми е малку кукавички,секако полесно е ама јас сум типна човек што сакам работите да ми ги кажуваат директно и во очи,може и преку телефон ама после барам и објаснување во четири очи
     
  9. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Кога е важно секогаш во четири очи .Мора да ме гледа и да го гледам. :)
     
  10. sexy.vampire.girl

    sexy.vampire.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    1
    јас искрено незнам што да одберам и тоа и тоа
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Секогаш ми е полесно преку телефон, а уште полесно преку порака на телефон или имејл. Арно ама некои работи не се кажуваат туку така, па подобро е во четири очи. Некогаш немам доволно храброст за таков разговор.
    На една моја другарка дечко и раскина преку смс порака и беше толку потиштена и пред се навредена. Секогаш ми текнува на таа случка кога сакам некому нешто да кажам преку телефон.
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Секогаш настојувам и сакам да разговарам отворено во четири очи,не преку телефон,затоа што се знае за што служи телефонот,сметам дека за некои работи за кои е потребно да се разговара во четири очи,а се користи телефонот место тоа,тогаш сметам дека е од немање храброст или пак криење на самиот себе си,како и на своите постапки кои нормално преку телефон човек неможе да ги забележи,неискреност во намерата,а не дека е поради тоа да се поштедел другиот од болка,страв или срам.Само незнам зошто на тој начин луѓето се кријат,па исто е,дали преку телефон или разговор во четири очи,секако дека со тоа што сакаш да кажеш некому или ќе го повредиш или не,но мислам дека тие работи кои не се за кажување преку телефон,подобро е во четири очи,отколку преку телефон,затоа што на тој начин не го почитуваш другиот или го избегнуваш и го правиш разговорот недовршен.
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.746
    Допаѓања:
    32.112
    Пол:
    Женски
    Најчесто кажувам работи во четири очи. Поубаво ми е така.
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Секогаш кажувам во 4 очи. Сакам да ја видам и реакцијата, па и да смирам ситуација ако е бурна. Полесно ми е во 4 очи зашто голема улога игра говорот на телото, а преку телефон може да се сфати погрешно пораката.
     
  15. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.212
    Допаѓања:
    5.613
    Пол:
    Женски
    Преку телефон е полесно, а поубаво е во 4 очи.
    Може се и сешто да се помисли преку телефон, а и неможе толку убаво да се објасни. Мене порано ми беше многуу страм да зборам со машко,вака очи во очи, и се преку телефон зборев. Потоа сватив дека сепак поубаво е очи во очи,баш појасно се може да се свати.
     
  16. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Се разбира дека преку телефон е полесно
    за да кажеш нешто во четири очи треба да имаш храброст ..
    но јас повеке сакам да кажам нешто очи во очи преку телефон некако ми е незнам .. ко да бегам од вистината или од тоа што треба да го кажам :^)
     
  17. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    јас сум пропаст! кога сакам некому да му кажам дека ми се допаѓа или го сакам мсн е тука, а кога треба да правиме муабет така со некој што му се допаѓам одма у живо кажувам не :D така имав случка со тој бивши/"сегашен"/ иден :lol: му кажав на мсн дека ми се допаѓа и он таму нешто после па на мсн дека го сакам, па у живо ( од тогаш бевме заедно) и на кај на мобилен порака му пуштив.. знам дека не е во ред што ги кажувам поискрените работи на мсн ама .. у живо ми е срам да го кажам сето тоа што би го кажала на мсн :$ :$ :D
     
  18. skygirl

    skygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    153
    Се разбира дека повеќето ќе се сложат дека преку телефон, месинџер, скајп, Фејсбук чет... или други слични начини на комуницирање е полесно да се искажат.
    Комуникацијата “очи во очи“ или “тет а тет“ е поспецифична, поради тоа што се гледа и говорот на телото, израз на лицето...се она што кажува повеќе од зборовите. Имам прочитано дека кога некој зборува, најмногу се забележува говорот на телото, гласот (тон, боја...), а дури потоа содржината на тоа што го зборува.
    Иако е подобра и треба повеќе да се користи, комуникацијата во четири очи се помалку се практикува, токму поради тоа што е полесно искажувањето преку новите “модерни“ начини на комуницирање.
     
  19. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    СЕ ама буквално СЕ сакам да кажам и да ми кажат во четири очи :!:
    има случаи кога неможе во живо, па преку телефон или меил мора да се кажат работите, но само ако МОРА.....воопшто не ги почитувам луѓето кои избегнуваат да разговараат во четири очи....знам дека е полесно да напишеш или да кажеш по телефон, ама за мене тоа е кукавички потег ]:) ]:) ]:)
     
  20. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Секогаш е полесно некои работи да се кажат преку телефон а не во 4 очи но сметам дека секогаш важните работи треба да се кажуваат во 4 очи без разлика колку е тоа тешко или непријатно. Секој треба да има храброст некои работи да ги реши во 4 очи.