Ноќна тема. Да си посакаме самите себе (а и на некој друг) или пак на некој (или сите) од форумов. Преку фотографија, текст, песна, приказна, поезија... Нешто топло и релаксирачко за убав крај на денот и уште поубава и помирна ноќ. Бидете креативни и фини. ____________________________________________________________________ Воедно, слободно можете да кажете како вас, порано, кога сте биле мали, ве заспивале. Дали можеби се сеќавате на некоја приказна која што ви ја кажувала мајка ви или баба ви? Песничка? Омилен цртан филм без кој не сте можеле да заспиете? Ако сте родител, тогаш како вие го заспивате вашето дете...
Мене обично ме заспивале со нани нани бебенце, а кога сум потпораснала без томи џери не сум можела да заспиам и уште ги чувам цедињата, а секако и нинџа желки ми беа омилени сите епизоди ги чувам.Една од омилените приказни ми била мечката и волкот измислена од дедо ми.
Јас многу често знам да се потсетам на некои такви моменти, иако биле поодамна... Како блицови ми се отпрвин, а потоа добиваат и детална слика. Знам дека и мене ме имаат заспивано со „Нани нани бебенце во шарено кебенце...“ , а знам дека многу сакав баба ми и мајка ми да ми ја раскажуваат приказната за Црвенкапа. Делот со лошиот волк секогаш ми беше највозбудлив и нејинтересен. Ова сега ми текна, сигурен сум дека ќе се сетам и на други детали...
Мене не ми требаа приказни, само нишкање. И некоја играчка до мене. Многу сакам кога спијам со внукот и му раскажувам приказни ама мене попрво ме фаќа сон отколку него.
Кога бев малечка моите ептен беа зафатени со работа што и немаа време да ми раскажуваат приказни многу многу,во принцип си бев спанка и лесно заспив без многу перипетии Арно ама сега затоа јас кога ги заспивам внуците им пеам песнички или приказни. На Внук ми хит му стана приказната за Црвенкапа,уште од бебе ја обожаваше,не му ја кажував онака оригинално туку со измени од памет,и сега ја знае верзијата дека Црвенкапа кај баба и носела вино,сок,леп и смоки Кој знае уште што не ќе ми текне
Аиии кога ќе се сетам на приказните што ми ги раскажуваа, убавини. Кога попораснав, сама си читав приказни. Уживав во нив.