1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Природна органска козметика

Дискусија во 'Лице' започната од crazylady, 19 октомври 2012.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Koзметика во согласност со строгите критериуми BDIH и NaTrue за сертифицирање на природна органска козметика. Кога ќе видите ознака BDIH и NaTrue на амбалажата на производите, можете да бидете сигурни дека внатре се наоѓа вистински природна органска козметика:

    Зошто да се одлучите за природна органска козметикa?
    Таа го следи БИОЛОШКИОТ РИТАМ на кожата и ги поттикнува нејзините САМОКОРЕКТИВНИ ФУНКЦИИ. Природната козметика не создава зависност на кожата и не доведува до појави на намалување на ефектот како кај одделни синтетички козметички производи поради развивање на природна резистентност на кожата на хемиски состојки.

    Дали имате користено ваква козметика?
    Случајно дознав за оваа козметика преку фб, па решив да отворам тема.......

    http://www.prirodnakozmetika.mk/
    http://www.facebook.com/www.prirodnakozmetika.mk
     
  2. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Во последно време почнав да се држам до малку поздрав живот и покрај тоа што живееме во стресно време во големи градови со многу гужви и проблеми,сепак мислам дека здравиот живот е напредок кој ми помага многу. Покрај здравата здравата храна додека бев во Америка пробав органска козметика која навистина ми помогна. Прашањето ми е: Каде можам да ја набавам (по можност во Скопје) и што вие би ми препорачале за комплетно органски одржување на телото,лицето и косата вклучувајќи и храната која би била убаво истовремено да ја употребувам :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво, дури сега ја забележав темава и навистина сум пресреќна што некој ја отворил. Јас веќе 9 години користам само органска козметика (со по некоја ненамерна грешка, учиме на своја кожа нели) и можам да кажам дека откако преминав на органското мојата кожа и коса како да се препородија. Вистина е дека органската козметика го следи природниот ритам на кожата и ја негува со помош на масла, етерични масла и билки. Имам пробано голем број на органски препарати (голем број за жал ги нема во мк, меѓутоа многу и ги има, за наша огромна среќа). Секако дека се започнува од внатре и ние сме она што го јадеме, ама се завршува однадвор така да важно е и кожата да ја третираме во согласност со природата.
    MalataNena може ли да ми кажеш каква кожа и коса имаш?(масна, сува нормална) за да ти препорачам некоја крема или пак природна маска што можеш сама да си ја направиш (секако доколку сеуште си заинтересирана за совети, оти гледам си побарала). Секоја органска козметичка компанија има своја филозофија и во одреден период од животот сфаќаме дека ни одговара една а потоа друга филозофија (како се менуваме ние како личности така се менува и нашата кожа). Меѓутоа, што и да одбереме треба секогаш да ја слушаме нашата кожа, да ги гледаме сигналите кои ни ги праќа и како реагира на одредени препарати. Откако почнав да ги изучувам состојките во козметичките препарати верувај сфатив колку може сами да си наштетиме доколку не ги читаме декларациите на производите. Моја желба е да им помогнам на сите оние кои сакаат да се приближат кон органската козметика и да ја заменат традиционалната, без притоа да терам никого на ништо. Секој сам одлучува за себе. Стојам на располагање за било какви прашања или совети, секако со она што досега го имам научено и искусено на своја кожа. Поздрав и уште еднаш браво за темава, се надевам дека ќе предизвика интерес затоа што навистина заслужува.
     
    На TMarijaT, LaraSolare и Црвче им се допаѓа ова.
  4. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Внимавам колку што можам на производите кои ги користам и настојувам истите да ги заменам со домашно подготвени.Редовно го следам твојот блог.Научив многу нови корисни работи.На македонскиот пазар има широка понуда на конвенционални производи и многу мала на органски и природни.Повеќето знаеме дека парабените се штетни, но има и многу други состојки на кои треба да се внимава.Изборот е потежок кога се работи за декоративната козметика.Доколку имаш информации за тоа кои состојки да ги избегнуваме и кои производи се безбедни , а не се водат под природна козметика би ни било од голема корист да ги споделиш.
     
  5. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво AnimalLover многу ти благодарам за оваа изјава и мило ми е што го следиш блогот. Веќе почнав да пишувам рецензии на многу органски производи (уште ги немам објавено ама наскоро ќе ги објавам), а некои производи сеуште ги тестирам. Исто така подготвувам и рецензии за природен мејкап шминки, кармини итн. Многу сум среќна што има барање и одзив за органското. Навистина си во право кога станува збор за шминки и декоративна козметика изборот е мал, досега видов само 2 компании со органски производи (лавера и алверде) а во потрага сум по нови (доколку некој видел друга марка на органска декоративна козметика во продавниците во Скопје ве молам да ми пише ќе ви бидам многу благодарна). Еве до вечер ќе гледам да објавам на блогот една листа за се што е штетно. Листата ќе може да се фотокопира или препише а секако ќе има и објаснување за сите состојки и нивното дејство. Уште еднаш благодарам на одговорот и убавите зборови. Поздрав до тебе и секое добро
     
    На AnimalLover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    За AnimalLover и за сите други девојки кои се љубители на органската и природната козметика. На блогот штотуку објавива (како што и ветив) листа на сите штетни состојки во козметичките производи, со објаснувања и предлог на некои производи кои имаат комплетно чисти и одлично избалансирани формули. http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_35.html Се надевам дека ќе ви биде од корист. Поздрав и пријатна вечер.
     
    На zence, Alanna, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Биодевојко, па ти си срце! Барав некој на форумов што може да ме запознае со органската козметика и на многу теми онаа што давала најлогични одговори беше ти! (не дека другите беа без врска :lol:) Јас за моја среќа сум свесна за работите кои треба да ги променам во поглед на мојот живот и здравје, но сеуште ги немам стекнато корисните навики и информации. Си спомнала за креми кои би можеле да ги направиме сами дома, што посебно ме израдува и заинтересира! Ако не ти е проблем прво би сакала да дознаам некој природен начин на чистење и нега на лицето. Имам нормална кожа, немам акни, но преку летово самата почуствував дека треба да почнам да водам грижа за лицето!

    Поздравче лав ју :)
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, ти благодарам многу на убавите зборови. Во некоја од следните статии имам во план да ви предложам како може сами да направите крема без конзерванси која може да трае максимум 3 месеци. Кремата е за нормална до сува кожа. Треба само да си купам еден нов убав мал миксер оти стариов го скантав од правење, а тој за храна не го користам за козметика, да не мешам баби и жаби. Е сега, сакаш природен начин за чистење на лице. Што поточно те интересира? Нешто како третман со парење и маска или пак тоник, средство за вадење на шминка...итн. За да знам што да ти препорачам. Поздрав и благодарам уште еднаш. Голем поздрав и до тебе.
     
  9. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Јас ретко користам шминка, така што повеќе ме интересираат маските за лице и начинот на нивното користење. А исто така не знам што да користам за она секојдневно миење на лицето..А, и каде да ги следам твоите статии? :*
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Драга во потписот мој го има линкот до блогот или пак пиши на гугл биодевојка и ќе те одведе до блогот а таму ќе најдеш еден куп статии за природна нега на лице и тело. Види дали има нешто што ти се допаѓа, доколку не најдеш ќе ти пишам други маски и производи во продажба за твојот вид на лице. Поздрав.
     
    На Црвче и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Јас ја исфрлив речиси цела козметика што ја имам дома и почнав да си ја заменувам со органска и да си користам природни масла за лице, коса и тело.
    Некој предлог за бренд кој има сенки со солидна пигментација, коишто убаво се блендаат? И секако да имаат убави состојки. Исто сум отворена за нови предлози за руменила.
     
    Последна измена: 26 септември 2015
    На mims-89 и Biodevojka им се допаѓа ова.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Јухуууууу!!! Баш ме радува. Сенки со убави состојки ќе најдеш во ДМ на алверде. Мене лично многу ми се допаѓаат и доста траат. Имаш разни бои и текстури (мат, светкави, молив, течни сенки) и цената им е екстра. Има и сенки на лавера во Космо се продаваат само се многу поскапи од алверде. Кога се на промоција коштаат околу 300 денари инаку полна цена им е од 600 па нагоре. И тие се многу убави имам три од нив. Оди во Дм пробај си од сенките на алверде (од тестерчињата) и сигурна сум фдека ќе најдеш нешто. Исто така и руменилата се екстра јас имам едно многу убаво пигментирано руменило и многу сум задоволна. Она што е во перли не е баш нај нај ама она комактно како сенка е супер. Еве ти слика.
    Она лила што е течно е многу пигментирано и го обожавам. Моливот во две бои е ок. Руменилото е фантастично. Од сенките на лавера ја обожавам онаа темната сива затоа што е идеална за засенчување на очите и екстра гламурозен стил.
    п.с. имав и две палети од по 4 сенки за очи на алверде една на кафено една на лила ама и ги дадов на сестра ми, па нема слика од нив :) DSCN2687.JPG
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Утре обавезно ќе поминам. Фала ти многу Вики. :f::hug:
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Biodevojka ме интересира дали сите производи на Balea и Alverde се органски?
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.071
    Допаѓања:
    17.212
    Пол:
    Женски
    и мене ова ме интересира навистина, повеќе ме интересира за алверде
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    6.914
    Пол:
    Женски
    Здраво и на двете и најнапред извини црвче што не сум ја видела твојата порака ама не си ме тагнала. Вака, балеа не е органска козметика, додека алверде е. Немам пробано сѐ секако, ама имам пробано многу работи за кои тврдам дека се ок, барем за мојот тип на кожа. Боже мој сите сме различни она што за мене е добро не мора да биде и за останатите нели. Оние кои досега ги имам пробано се органски. Сите производи на алверде се сертифицирани од натруе како природна козметика, а голем дел од состојките доаѓаат и од органско потекло. 100% органска козметика не постои освен ако не станува збор за некој путер или масло каде нема емулгатори, конзерванси, сурфактанти и останато кое не може да биде од органско потекло. Алверде според мене е одлична во поглед цена квалитет, особено декоративата и е погодна на оние кои можеби не може да си дозволат многу а сепак сакаат квалитетна и пред сѐ природна козметика. Се надевам ви одговорив, ако ве интересира за некој производ посебно секако прашајте или постирајте декларација. Поздрав.
     
    На Annath, Veki4kaa и irenna им се допаѓа ова.
  17. Florina :)

    Florina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте на кирилица
    Какво искуство имате со органската козметика,што се наоѓа во мк?Пред некој ден видов нов тренд на органска козметика кој постоел веќе 2 год на нашиот пазар raw cosmetika се вика и имаат мн интересни производи,фурмата е Omega raw and organics.
     
    Последна измена од модератор: 24 април 2017
  18. Florina :)

    Florina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте на кирилица
    Последна измена од модератор: 24 април 2017
  19. Babyby

    Babyby Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    2.548
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓаат вакви производители само на пилинзи и креми, тек тук сапуни нешто... мене искрено кај козметиката ме привлекува декоративната првенствено бидејки секој дома може да си направи пилинг (со шеќер, кафе, мед) или лосион за тело(кокосово масло, бадемово..). Нешто сличо на Ласој па затоа и не ме фасцинираат. Сите произведуваат тоа па тоа, а на никој не му текнува да направи убава пудра за лице со мат ефект, или туш за очи, долготраен природен кармин и слично. Ова како апел за домашниве производители на природна козметика нека биде. :)
     
    На Elisabeth и LollySky им се допаѓа ова.
  20. Florina :)

    Florina :) Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте на кирилица
    Mene mi se dopadna deka e sertificirana i deka se izrabotuva na temperatura max do 40 stepeni i zaradi toa sitebsostojki se isti kako pojdovnite,mislam so site vitamini,ova mi se svijgasr najm :)