1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

П.С. Те Сакам (Сесилија Ахерн)

Дискусија во 'Книги' започната од RedDevilGirL, 10 март 2011.

  1. RedDevilGirL

    RedDevilGirL Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    20
    Повторно една од тие книги кои Ве тераат 20 минути да се смеете на глас, а 20 минути да плачете како дете.

    Нејзиниот маж во најтешките моменти и денови кога згаснува неговиот живот пишува писма за неа кои таа треба да ги чита секој први ден од месецот по неговата смрт. Не, не ги отвора порано од договореното иако умира од желба да го стори тоа и да ги прочита последните зборови на својот сакан туку внимателно ги почитува неговите упатства.

    Како една млада вдовица да продолжи да живее кога на овој свет повеќе го нема нејзиниот сакан? Низ многу ретроспективи во книгата се гледа колку многу тие се сакале, какви убави моменти поминувале заедно, а потоа се опишани и моментите по неговата смрт, ужасни и тешки за неа.

    Таа плаче додека солзите не пресушат, се смее во моменти на очај кога знае дека не може да го врати назад, таа се обидува да се затвори сама изолирана од светот и да тагува... Но нејзините пријателки и роднини не дозволуваат така да живее...
     
    На lovely-girl, nela.oh, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Zaspana

    Zaspana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    леле го гледав филмот предобар е ..само плачев...сега ке ја барам и книгата ми кажаа дека е многу поубава од филмот ....
     
  3. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Книгата ми е мн. поубава,потрогателна него филмов,на книгава се убив од плачење,сирота ја :P мн.е по детално разработено како тагува и има повеќе детали, додека филмот ми беше онака...не дека е лош,но книгата дефинитивно е подобра :)
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Книгата е фантастична. На некои моменти трогателна, на некои моменти смешна. Од филмот се разочарав, беше ептен комичен, не ми се допаѓа.
     
  5. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    Го имам гледано филмот и на Cd имам.. P.S. I love you.. ми се допаѓа :)
     
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга,толку емоции јас бев водушевена,една од најубавите книги кои што ги имам прочитано,неможев да ја оставам додека не ја прочитам целата до крај.Со филмот не се споредува,во филмот ни пола работи нема.
     
    На Belieberka666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Книгата е предобра,една од омилените ми е.
    На сите им ја препорачувам да ја прочитаат.
     
  8. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Да, да книгата е подобра... подобро се опишани нештата...
     
  9. MilanoGirl

    MilanoGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    152
    Одлична книга, една од оние кои навистина вреди да се прочитаат. Пријатна и покрај она "тажното" во неа. Ако сте од оној претерано емотивен тип (како мене кога станува збор за вакви книги) ве советувам да имате припремено паломи до вас. :)
     
  10. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    Јас го гледав филмот и не ми се допадна, кажуваат дека книгата е подобра и затоа сакам да ја прочитам,
    која издавачка куќа ја издава книгата и каде може да се купи??
     
  11. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Во издавачката куќа Три можеш да ја купиш :)

    Иначе, го имам гледано филмот, книгата не, па можеби некој ден ќе ја прочитам :) Филмот е супер, многу ми се допаѓа, додека го гледав неколку пати очите ми се насолзија...
     
  12. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Се знае, книгата е секогаш подобра од филмот. Јас ја читав на англиски и книгата ми остави огромен впечаток. Полна е со емоции што мене многу ми се допаѓа. Ја препорачувам на сите кои сакаат љубовни романчиња. Ова е една книга што вреди да се прочита. :clap:
     
  13. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Точно така. Доколку постои книга и филм под ист наслов, јас сметам дека прво треба книгата да се прочита па потоа филмот, бидејќи додека читаме книга ние самите си ја замислуваме како реална слика, си ја доживуваме како сакаме, а пак филмот кога ќе се погледне, после книгата, тогаш тој е претставен во друго светло и може поинаку од нашата замисла... :)
     
  14. QueenN

    QueenN Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Книгата е прекрасна...Го имам гледано и филмот и тоа два пати но, книгата дефинитивно е поубава. Додека ја читав, плачев како мало дете.
     
  15. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Еее јас сум до половина од книгава,многу е убава.Ми има многу интересни моменти воедно и се натажувам додека ја читам.Оваа ми е втора книга што ја читам од Сесилија,првата беше На крајот од виножитото и морам да кажаам дека се прекрасни :*
     
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Прекрасна книга, ја прочитав во еден здив, не може ни да се спореди со филмот. :clap: :clap:
    Ја препорачувам.
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Пред да ја прочитам книгата читав разни коментари од тоа колку била добра и ја зегов книгата буквално со преголеми очкувања и баш поради тоа на крај се разочарав.
    Не велам дека книгата е лоша, но според коментарите јас очекував многу, многу повеќе и баш тоа ме разочара. Инаку филмот и книгата воопшто не можат да се споредат, филмот е ептен тапа во споредба со книгата и ептен многу работи се изменети и со самото тоа суштината на филмот е сменета.
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Преубава е книгата, многу е подобра од филмот баш како што и очекував. Не сум некој љубител на вакви книги, ама оваа е исклучок. Прекрасна! :inlove:
     
  19. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Само филмот го имам гледано, а планирам да ја читам книгава летово. Добар беше и филмот, али секако секогаш подобра е книгата :)
     
  20. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Го имaм гледaно филмот и не ми се допaднa многу. a бaш сaкaм дa јa нaјдaм и книгaтa дa јa прочитaм