Здраво , дали има некоја работно искуство во обложувалница во шанк за послужување и дали може да каже како е плата и дали се добри условите. Поздрав
Зависи од кладилницата. Мислам дека прво се почнува како практикант некое време па после вработување. Околу 10-12 000.
има некој искуство со работа во обложувалници на шалтер? како се работи,што се работи,колку е плата,има ли некоја обука итн?
Имам познанички што работеа во обложувалница. Со сигурност знам дека земаа плата од 12 до 15.000 денари, повеќе не. А детали други не знам, освен дека се оди и трета смена, ама мислам дека не е во сите така и не знам дали мора секој или се плаќаше додатно. Обука некоја посебна не верувам дека има, но не сум сигурна.
Јас имам работено во кладилница ама на уплата на тикети а понекогаш на исплата на добивки. Платата не е голема, ама редовни играчи секогаш оставаат бакшиш, па од тоа вадиш пари. Особено ако работиш на исплата или на шанк.
Здрaвo, дaли мoжеби имa некoј сегa штo ќе спoдели искуствa? Кoлку време се прaктикaнти? Дaли нештo им е плaтенo? Штo всушнoст се рaбoти? Кoи пoзиции се? Штo се случувa кoгa Вие кo врaбoтен пo грешкa нaпишете утaкмицa?
- Во мојот случај еден месец беше обука, и примавме само храна и превоз - по закон е така - Се работи на уплата на тикети, внесуваш шифри и типови - те учат на обука - Ако промашиш утакмица ќе ти каже уплаќачот, сторнираш и правиш ново ливче. И тоа те учат на обука
Ми нудат работа во Златна Копачка и плата 16.000-20.000, во смени се работи, втора до 23:00 и празник и викенди и ова некако ме стави во мисла. Обожавам спортови и типувања ама работното време... :/ Некој што има работено таму дали е релаксирана работата? Дали може да си земеш слободен ден кога имаш потреба?
Se e ok ama toa sto sekoj vikend i praznik si na rab... treba da si jak na psiha od iskustvo kazuvam ....
Дали некој има работено во Моцарт и ако има дали може да ми објасни на кој принцип е тестирањето после курсот?
Плата до 20.000 некаде. Платено здравствено, ти тече стаж. Работиш 6 дена во неделата, 1 слободен. Треба да ги научиш шифрите на комбинациите за да ги куцаш на компјутер. Не знам дали имаше обука, ама знам дека има лоши газди.
Од работа во кладилница бегајте како од оган,ни едни пари не вредат за таа експлоатација и губење на нерви. Работиш во смени,викенди и празници и со најтежок калибар на луѓе. Платите за трудот и одговорноста се мизерни.
18 000 па нагоре. За спортлајф можам да кажам. Ок е. Пред 7 години работев. Не можам да се пожалам за тогаш. Немаше апарати внатре и дополнителни игри. Сега како што не смее внатре да седат, раат се вработените. Е сега гледам работат до покасно, тогаш само до 22 работеа кладилниците. Работиш најчесто во најблиската според место на живеење, ако треба да одиш подалеку ти плаќаат плус превоз.